Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе
Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе
Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе
КНИГА НА ПРОРОК ИСАИЈА
| ||||
|
1 „О сите вие, кои сте жедни, дојдете при водите; ако и немате сребреници, дојдете, купете и јадете. Да, дојдете, купете вино и млеко, без сребреници и без плаќање! 2 Зошто да ги трошите сребрениците за она што не е леб, и својата надница за она што не сити? Послушајте Ме Мене, и ќе јадете добро, и ќе уживате во сочни јадења. 3 Приклонете го увото и дојдете при Мене, послушајте Ме, и душата ќе ви живее. Ќе склучам со вас вечен Завет, Завет на милости, ветени на Давида. 4 Еве, те направив сведок на племињата, кнез и заповедник на народите. 5 Еве, ќе повикаш народ кого не го познаваш, и народ што не те знае ќе дотрча при тебе заради Господа, твојот Бог, и заради Израелевиот Светец, зашто Тој те прослави.” 6 Барајте Го Господа додека може да се најде, повикувајте Го додека е близу! 7 Безбожникот нека го остави својот пат, а неправедникот своите замисли. Нека се врати при Господа, Кој ќе му се смилува, кон нашиот Бог, зашто Тој ќе го умножи опростувањето. 8 „Зашто вашите мисли не се Мои мисли, и Моите патишта не се ваши патишта,” слово е Господово. 9 „Небото е високо над земјата, така Моите патишта се над вашите патишта, и Моите мисли над вашите мисли. 10 Како што паѓа дожд и снег од небото непрекинато додека земјата не се напои, не се оплоди и не се зазеленее, за да му даде семе на сејачот и леб за јадење, 11 така Словото што излегува од Мојата уста не се враќа при Мене без плод, туку го прави она што го сакав и ќе го изврши она заради кое го испратив. 12 Да, ќе отидете со радост, и ќе бидете водени со мир. Горите и брдата ќе воскликнуваат од радост пред вас, и сите дрва во полето ќе плескаат. 13 Место трње ќе растат чемпреси, место копривата ќе никнува мирта. И тоа ќе биде за славата на Господа, како вечен, непоминлив, знак.”
| ||||
| ||||