Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе
Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе
Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе
КНИГА НА ПРОРОК МАЛАХИЈА
| ||||
|
1 Пророштво. Господово слово до Израел преку Малахија. 2 „Ве љубев вас - зборува Господ, а вие прашувате: ‘ Во што нè љубеше?’ Не беше ли Исав брат Јаковов? - говори Господ - 3 но го возљубив Јакова, а Исава го замразив: му ги претворив градовите во пустина, а неговото наследство им го дадов на пустинските шакали.” 4 Зашто, ако Едом рече: „Бевме здробени, но пак ќе ги подигнеме урнатините!” Господ над Војските говори вака: „Тие нека градат, а Јас ќе разградувам! Ќе ги наречат безбожничка земја и народ, на кого Господ се срди довека! 5 Вашите очи ќе видат, и ќе речете: ‘ Господ да се возвеличи, преку границите на Израелевата Земја.’ 6 Синот го почитува таткото, а слугата господарот. Но ако Сум Јас Татко, каде е почитувањето кон Мене? Ако Сум Господар, каде е стравот од Мене? Тоа ви говори Господ над Воинствата вам, свештеници, кои го презирате Моето име, а прашувате: ‘ Со што го презревме Твоето име?’ 7 Принесувате обесветен леб врз Мојот жртвеник и уште прашувате: ‘ Со што Те обесветивме?’ Со тоа што велите: ‘ Господовиот стол е неважна работа!’ 8 А кога за жртва принесувате слеп добиток, зар тоа не е зло? И кога принесувате хромо и болно зар тоа не е зло? Донеси му нешто такво на својот намесник, дали ќе биде задоволен и дали ќе те прими добро? - говори Господ над Воинствата. 9 Сега, помолете се на Бога за да ни се смилува. Тоа го донесуваат вашите раце, дали ќе ве прими добро? - зборува Господ над Војските. 10 О, кога некој од вас би ја затворил вратата, за да не Ми палите напразно оган врз жртвеникот! Не сте Ми мили - говори Господ над Воинствата - и не примам жртва од вашите раце. 11 Зашто од исток до запад, велико ќе биде Моето Име меѓу народите, и на секое место ќе се принесува темјан и чиста жртва на Моето Име меѓу народите - говори Господ над Воинствата. 12 Но, вие го осквернувате кога зборувате: ‘ Господовиот стол не е почитуван и храната врз него не е за ништо!’ 13 Уште велите: ‘ Ете штета на трудот!’ и го презирате - говори Господ над Војските. Кога доведувате ограбена, хрома и болна стока, та ја принесувате како жртвен дар, зар да го примам тоа милостиво од вашата рака? - говори Господ над Воинствата. 14 Проклет да е измамникот, кој во стадото има овен, што Ми го заветувал, а Ми жртвува јалова овца. Зашто Јас Сум Велик Цар - зборува Господ над Воинствата. - и Моето Име е страшно меѓу народите.
| ||||
| ||||