ПАТОТ, ВИСТИНАТА И ЖИВОТОТ
„Да не се вознемирува вашето срце; вие верувате во Бога, верувајте и во Мене!
Во Домот на Мојот Татко има многу живеалишта; ако не беше така, Јас ќе ви кажев, зашто одам да ви приготвам место.
И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам при Себе, за да бидете и вие каде што Сум и Јас.
А знаете каде одам Јас, и патот го знаете.”
Тома Му рече: „Господи, не знаеме каде одиш! Како можеме да го знаеме патот?”
Исус му рече: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене.
-Јован 14:1-6
Постои една стара поговорка која вели дека Бог често подредува така да, кога Тој ни ги укажува најголемите милости, тогаш кога најмногу од сè грешиме кон Него; тоа Го прави за да ја увелича уште повеќе Неговата љубов.
Во зборовите што ги прочитавме, наоѓаме пример за тоа. Срцето на Исус, никогаш не прелеа со поголема, нежна и суверена љубов кон Неговите ученици, од тогаш кога рече, „Да не се вознемирува вашето срце". Тие беа вознемирени за многу работи. Тој им имаше речено дека ќе ги напушти; им имаше речено дека еден ќе Го предаде - дека друг ќе се одрече од Него - дека сите ќе се соблазнат заради Него таа ноќ; и можеби тие си мислеа дека Тој си заминува од нив поради тоа што им е лут. Но, што и да беше ја причинило нивната вознемиреност, Исусовата душа беше како сад полн до прелевање, и овие зборови беа излеани капки на љубов - „Да не се вознемирува вашето срце; вие верувате во Бога, верувајте и во Мене!" Сигурно вакви зборови на доверлива нежност, не биле прошепотени никогаш пред тоа во овој студен свет; и тогаш, помислете само колку студено, колку темно, колку сиво било прашањето на Тома со кое го прекинал небесниот говор - Тома Му рече: „Господи, не знаеме каде одиш! Како можеме да го знаеме патот?” Но и покрај тоа, колку љубезно Исус го поднесуваше сивилото на нивните студени срца! Колку љубезно ја започна азбуката на спасението со нив, и не само му одговори, туку и повеќе од тоа - му даде таков одговор - многу поголем од тоа што Тома можеше да праша или помисли. Тој праша за патот и местото, но Исус му одговори, „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене." Во врска со ова, како целосен опис на Евангелието на спасение, нека да поминеме низ различните делови:
I. Христос е Патот. - „Јас Сум Патот; Никој не доаѓа," Целата Библија сведочи дека по природа ние немаме пат до Таткото. По природа сме полни со грев, и Бог по природа е бескрајно свет - Тој се оттргнува од гревот. Точно како едно чувствително растение, по неговата природа, тоа се свиткува од допирот на човечката рака, така Бог, по Неговата природа, се свиткува од допирот со гревот. Тој е вечно одделен од грешниците.
1. На ова длабоко не учат Адам и патријарсите. Се додека Адам одеше свето, Бог живеше во него, и одеше во него, и имаше заедништво со него; но кога Адам отпадна, „И (Бог) го истера човекот; и насели источно од Еденската Градина, херувими со пламенен меч, кој се вртеше околу, за да го штитат патот, кон дрвото на животот." Овој пламенен меч помеѓу херувимите беше величествен знак на Бог - праведниот и Оној што го мрази гревот. На Мојсеј во грмушката се појави како оган што проголтува, во храмот се појави помеѓу херувимите во славата на Неговото присуството; но овде се појавува помеѓу херувимите како меч - како праведен и Оној кој го мрази гревот. И ве молам, забележете дека овој пламенен меч го отстрани секој пат кој стига до дрвото на животот. Ако не беше отстранет секој пат - ако имаше оставено само некоја тесна патека да стигнува до таму - тогаш Адам можеше да се протне преку таа патека, и да направи свој сопствен пат до дрвото на животот. Но не; по кој и пат да тргнеше - колку и да беше таен, колку е да беше тесен, колку и стрмен и тежок - колку и тивко да одеше лазејќи по патот - сеуште тој пламенен метеор го среќаваше и како да велеше, „Како човекот може да биде оправдан пред Бог? Преку делата на законот, ниту едно живо тело не ќе биде оправдано." Можеби Адам седнал, изморен од суетното барање за пат кон животот; затоа што по природа човекот нема пат кон Таткото.
Но Христос вели, „Јас Сум Патот." Како што вели во шеснаесетиот Псалм, „Ќе ми го покажеш патот на животот." Никој човек не може да го најде овој пат на животот, но Исус вели, „Ќе ми го покажеш патот на животот, во Твоето присуство има полнота на радоста, десно од Тебе - вечно блаженство." Исус ги сожали бедните Адамови синови кои суетно се борат да најдат пат кон рајот Божји, и Тој ја напушти прегратката на Отецот, само за да го отвори патот за нас кон прегратката на Отецот. И како го направи? Дали преку отстранувањето на пламениот меч? Не. Дали преку силата на Неговиот божествен авторитет, заповедајќи му на сјајното острило да се повлече? Не, затоа што тоа би било обесчестување на законот на Таткото, наместо да го возвеличи. Така Тој стана човек и на наше место, да, стана грев. Бог направи на Него да бидат ставени беззаконијата на сите нас. Тој на наше место слезе да се справи со пламениот меч - Тој падна под пронижвучкото сечиво; затоа што ги помнеше зборовите на Пророкот, каде што е запишано, „Разбуди се мечу, против мојот пастир, против човекот, мојот роднина - говори Господ над Воинствата."
И сега, откако остриот меч е потопен во страната на Искупителот, и највиновниот од грешниците - кој и да си - каде и си - можеш да влезеш преку Неговото тело кое што крвареше за тебе и може да најдеш пристап до рајот Божји, да јадеш од дрвото на животот, и да живееш вечно. Дојди брзо - не се сомневај; затоа што Тој вели, Јас сум Патот.
2. Истиот факт - дека човекот по природа нема пат до Таткото - беа учени Мојсеј и народот на Израел.
Кога Бог слегнуваше да пребива помеѓу чедата Израелеви, тој пребиваше единствено во најсветото од сè - највнатрешната соба во храмот на Евреите. Таму, видливиот белег на неговото присуство беше помеѓу херувимите, во една прилика објаснета како недостапна светлина и полна со слава - во друга како облак кој го исполнуваше храмот. Но највнатрешната соба, или светиња на светињите (или тајното место, како што е наречено во Псалмите), беше разделено од светото место со завеса или покривка, и преку таа завеса никој човек не му беше дозволено да помине, бидејќи ќе умре, освен првосвештеникот, кој влегуваше еднаш годишно, и тоа не без крв. Сега, ниту една слика не може да објасни поедноставно од тоа дека патот кон светиња на светињите не беше објавен - дека никој грешен човек нема пат да дојде до присуството на Бога.
Но Исус рече, „Јас Сум Патот." Исус беше нажален дека бевме затворени надвор од најсветото - од присуството на Бога, затоа што Тој знаеше од искуство дека во тоа присуство е полнотата на радоста. Но како Го отвори патот? Дали ја острани завесата да можеме да влеземе тајно и лесно во присуството на Таткото? Не, но Тој се даде себеси - жртва да ја задоволи божествената правда и да не врати при Бог. Тој рече: „Се сврши!” па ја наведна главата и го предаде духот. И ете! Завесата во Храмот се расцепи надве, одозгора додолу." Се сврши - казната од законот е понесена - барањата на законот се одговорени - патот е завршен - завесата е расцепена, одозгора додолу! Ниту едно парче од страшната завеса сега не остана да не пресекува. Највиновниот - најзлиот грешник од вас сите сега има слобода да влезе преку расцепената завеса, под закрила на светлината на лицето на Јахве - да пребива во тајност во Неговиот храм, да ја набљудува Неговата убавина, и да истражува во Неговиот храм.
И сега, пријателе, дали тоа е твојот пат со кој доаѓаш при Таткото? Исус вели, „Јас Сум Патот; Никој не доаѓа при Таткото освен преку мене." Ако не е така, тогаш сèуште си го држиш твојот сопствен пат, што и да е - дали е пат на солзи, или самоказнување, или давање на завети дека ќе се подобриш, или надеж дека Бог нема да постапи строго - ако не бидеш предупреден, во денот на судот ќе разбереш дека херувимскиот меч го остранил секој пат, и дека си останал како жртва на оганот што проголтува.
Но, ако има само една душа која не може да најде мир во никој себеправеден пат - ако има еден од вас кој што разбира дека е изгубен во самиот себе - ете, Христос ти вели, „Јас Сум Патот;" како што вели на друго место, „Јас Сум вратата." Тоа е целосен, слободен и отворен пат, и е пат за грешници. Зошто да чекаш еден момент повеќе? Постоеше една преграда помеѓу тебе и Бог; но Христос ја сруши. Бог беше гневен, но Неговиот гнев се острани од тој благословен пат. Во Христос, Тој засекогаш благоволи.
II. Христос е вистината. - Целата Библија, и целото искуство, сведочат дека по природа ние сме неупатени во вистината. Без сомневање, постојат многу вистини коишто безбожникот ги знае. Може да ги познава вистините за математиката и аритметиката - може да познава многу од секојдневните општопознати вистини; но сепак не може да се каже дека безбожниот човек ја познава вистината, затоа што Христос е вистината. Христос е како главниот камен на камената порта. Оттргни го главниот камен, и целото ќе стане куп од ѓубре. Истите камења може да се таму, но се соборени, потрупани, и разбркани, без ред, без крај. Точно по истиот начин - оттргни го Христос, целата порта на вистината може да биде таму; но таа е соборена, без сврзаност, без ред, без крај. Христос е како сонцето за сончевиот систем. Оттргни го сонцето од системот, и секоја планета ќе премине во неред. Планетите ќе бидат таму, но нивните спротиставени сили ќе ги повлечат секаде наоколу, орбитите ќе се удираат во бескрајна збунетост. Точно по тој начин - оттргни го Христос, и целиот систем на вистини ќе се претвори во бркотија. Истите вистини може да бидат во умот, но постојано во еден конфликт и несогласување на неразрешлив лавиринт; затоа што „патот на нечесните е како темнина, не знаат на што ќе се сопнат." Но нека Христос се открие на необратената душа - нека не биде само како што човек зборува за Христос, но нека Духот Божји и се открие, не вистина, но Вистината. Стави го главниот камен на камената порта; врати го сонцето во центарот на системот. И целата вистина ќе се подреди и ќе послужи на тој ум.
Сега треба да се запознае вистината и за самиот себе. Дали Синот Божји навистина ја напушти прегратката на Таткото да го понесе гневот наместо нас? - ако е така, тогаш мора да сум под гнев. Дали Господ Исус стана слуга, за да може да биде послушен на волјата на Бог наместо грешниците? - ако е така, тогаш мора да сум без никаква праведност, дете на непослушноста.
Повторно, знаејќи дека Христос ја знае вистината за Бог. Дали Христос слободно го предаде Својот Син на смрт за сите нас? - тогаш, ако верувам во Исус, нема осудување за мене. Бог е мој Татко, и Бог е љубов.
Пријателе мој, дали го имаш запознаено Христос, кој е вистината? Дали ти се открил, не преку тело и крв, но преку Духот Божји? Тогаш знаеш колку вистинито е дека во Него „се сокриени сите богатства на мудроста и на знаењето." - дека Тој е „Алфа и Омега," почетокот и крајот на секое знаење. Но ако го немаш запознаено Христос, тогаш сèуште не знаеш ништо, како што треба да знаеш; целото твое знаење е како мост без главниот потпорен камен - како сончев систеm без сонце. Што добро ќе ти прави во пеколот, ако ја знаеш целата наука во светот - сите настани во историјата, и целата политика во твоето краткотрајно време на земјата? Дали не знаеш дека токму твоето знаење ќе биде претворено во инструмент за мачење во пеколот? О, колку многу ќе сакаш во тој ден да си го читал твојот весник помалку, а твојата Библија повеќе - дека со целото твое добивање си добил разбирање - и со целото твое знаење си го запознал Христос, Кој што да Го познаваш е живот вечен.
III. Христос е животот. Целата Библија сведочи дека по природа ние сме мртви во беззаконијата и гревовите - дека ние сме способни да одиме свето во овој свет, толку колку што еден мртов човек е способен да стане и да оди.
И Светото Писмо и сличните искуства сведочат дека по природа сме мртви во беззаконијата и гревовите; но не е тоа смрт во која што ние сме целосно неактивни, затоа што во таа смрт е пишано дека одиме според курсот на овој свет - според принцот на силите на темнината.
На ова вистина не учи визијата на пророкот Езекиел, каде што беше однесен од Духот, и поставен во средината на една отворена долина полна со суви коски; и како што поминуваше покрај нив, ете беа многу коски во долината, но беа суви.
Исто таков е погледот што секое дете Божјо го добива од светот. Сувите коски се многу, и тие се многу суви; и тој го поставува истото прашање кое што Бог му го постави на Езекиел, - „Moжат ли овие коски да оживеат?" О, да, мој пријателе; дали искуството не те учи на истата работа? Вистина, мртвите не можат да знаат дека се мртви; но сепак, ако Господ го допре твоето срце, ќе разбереш: пророкуваме на суви коски; зашто тоа е патот Господов; - како што пророкуваме, здив влегува. Погледни назад во твојот живот тогаш. Види како си одел според курсот на овој свет. Секогаш си бил како човек кој плива со масата - никогаш како човек кој плива во спротивната насока на течението. Погледни во твоето срце, и види како било обратено против сите заповеди; го чувствуваш почивниот ден како измореност - наместо да го нарекуваш задоволство и достоен за почит. Ако некогаш си пробал да ги држиш Божјите заповеди - ако некогаш си пробал да си ги чуваш очите од похотни желби, твојот јазик од зборови на гнев, или оговарање, или лутина, твоето срце од омраза, и љубомора, и алчност - ако некогаш си го пробал ова, и предпоставувам дека и најнеобратениот грешник го има пробано ова - ако самиот ти си пробал - дали не си забележал дека е невозможно? Тоа е како воскреснување на мртов. Дали не си увидел борбата против самиот себе? О колку е јасно дека си мртов - не нановороден! Не се чуди дека треба повторно да се родиш. Мораш да се присоединиш кон Христос, затоа што Христос е животот. Замисли си една мртва нога да се присоедини на живо тело, така што сите вени да добијат прилив на жива крв - предпостави си коските да се присоединат, и мускулите кон другите мускули, и нервите кон другите нерви, не гледаш ли дека таа нога, колку и мртва да била предтоа, ќе стане жива нога. Пред тоа била студена, и тврда, и гнила и не можела да се помрдне; сега е топла, еластична, и полна со живот и движење. Сега е жива нога, затоа што се присоединила кон она што живот. Или да предпоставиме дека е возможно отсечена гранка да биде накалемена на жива лоза, толку целосно што сите канали треба да го примаат потокот на животворниот сок, дали не гледаш дека гранката колку и мртва да била претходно, станува жива гранка? Пред тоа, била сува, без плодови, и отсечена; сега е полна со животворен сок и сила. Сега е жива гранка, затоа што се присоединила на лозата, која е нејзин живот. Тогаш, точно по истиот начин, Христос е животот на секоја душа која што се прилепува кон Него. Тој што е соединет со Господ е еден дух. Дали твојата душа е како мртва нога - ладна, тврда, без движење, и полна со гнилеж? Прилепи се кон Христос - присоедини се кон Него преку вера, и ќе бидете еден дух, ќе станеш топол, и полн со живот, и целосно активен, во Божјата служба.
Дали твојата душа е како отсечена гранка - сува, бесплодна, и отсечена, во желба за лисја и плодови? Прилепи се кон Христос; присоедини се кон Него, ќе бидете еден дух. Ќе видиш дека е вистина дека Хрисос е живот; твојот живот ќе биде сокриен со Христос во Бога. Ќе речеш, живеам но; „јас веќе не, туку Христос живее во мене: а животот што сега го живеам во телото, го живеам преку верата во Божјиот Син, Кој ме возљуби и Се предаде Себеси за мене."
Тогаш, запомни, пријателе мој кој не веруваш, единствениот пат за да станеш свет е да се соединиш со Христос. И запомни, пријателе мој кој веруваш, ако некогаш се опуштиш во светоста, причината е што си го испуштил твоето држење за Христос. Останете во Мене како Јас во вас - за да давате многу плод. Отсечени од мене, не можете да направите ништо.
...назад
Извадок од "Memoir and Remains of the Rev. Robert Murray M'Cheyne, by Andrew A. Bonar"
