ПОТОНУВАЊЕТО HA ТИТАНИК
"Има патишта кои на човека му изгледаат прави, но, крајот нивни води до дното на пеколот!' -Поговорки 14:12
"Такви се патиштата на сите оние коиго забораваат Бога; нивната лицемерна иадеж ќе
пропадне! " Јов 8:13.
He толку одамна, речиси целиот свет можеше да ја види на своите телевизори катастрофата на американскиот вселенски брод "Challenger". Тоа што требаше да биде спектакл и триумф на науката, за неколку секунди се претвори во ужас и огнена смрт на седум луѓе.
На почетокот на овој век се случи нешто слично, но со далеку потрагични последици. Потонувањето на тогаш најсовремениот брод "Титаник", е можеби најголемата несреќа во морепловството, која се случила во историјатана човештвото. На 14 Април 1912 година, нешто пред полноќ, потона 'непотонливиот' и со себе однесе 1635 човечки животи од вкупно 2340-те присутни.
Овој супер-модерен брод го нарекоа "Непотонлив". А американскиот вселенски брод што експлодираше го викаа "Предизвикувач" ('Challenger'). Одвреме навреме, човекот навистина се занесува во самољубие и како да му вели на Бог в лице: 'Сега повеќе не ни требаш! Сега изградивме непотонлив брод; се вивнавме во вселената и Те предизвикуваме! Нашата надеж е веќе во самите нас, Ти не си ни потребен!'
Но, пред да се случат вакви несреќи, предизви-кани од човековата арогантна самодоверба, Библијата мирно предупредува:
"Има патишта, кои на човека му изгледаат прави, но, крајот нивни води до дното на пеколот!'.
"Такви се патиштата на сите оние кои го забораваат Бога; нивната лицемерна надеж ќе пропадне".
Овој напис зборува за околностите под кои потона бродот "Титаник". Од оваа трагедија мудрите луѓе можат да извлечат и мноштво духовни поуки. За таа цел е и напишана оваа порака.
Времето во кое беше изграден "Титаник" беше време на големи изуми. Речиси секојдневно ќе се чуеше за некој нов изум. Богатите луѓе од тоа време (како и секогаш!) биле први кои сакале да го испробаат секое новооткриено чудо. Така, не било случајно, кога во светот се раширила веста дека е изграден најлуксузен прекуокеански брод, апсолутно непотонлив, што на неговото прво патување се јавиле претежно богати луѓе. Меѓу нив биле и неколкумина најпознати (и најбогати!) луѓе од тоа време: Џон Астор, светски мултимилионер, со својата 19-годишна свршеничка; Арчибалд Бат, воениот советник на претседателот на САД; Бенџамин Гагенхајм и Исадор Штраус, познати бизнисмени; Џеј Брус Исмеј, најбогатиот трговец чија жена носела накит од непроценлива вредност и многу други луѓе од "високото друштво". Овие луѓе, со милионски цифри во своите мисли, не наслутувале дека одат на своето последно патување.
Бродот "Титаник" бил толку луксузен, што и денес не би бил за потценување. На него имало тениски игралишта, спортска сала, куглана, па дури и лифтови, кои во тоа време биле чудо! Сместувањето во првата класа чинело 4300 долари, што и денес е многу, а камо ли тогаш! Се имало на "Титаник" во изобилство, освен едно: чамци за спасување! He дека ги заборавиле, туку уверени дека се апсолутно непотребни, понеле само неколку!
ГАРАНТИРАНА СИГУРНОСТ!?
По сите пресметки на конструкторите - нај-големите умови од својата струка во тоа време -бродот е прогласен за "непотонлив". За тоа време, "Титаник" бил најголемиот брод. Долг околу 250 метри; само котвите му тежеле 15 тони, а секоја алка од синџирот тежела 85килограми!Ималдвојнодно со дебелина од 1,5 метри. На "Титаник" имало 15 "водоотпорни салони"! Пресметките покажувале дека, за да потоне, би морал да биде расечен до половината од свој ата должина, а тоа бил о апсолутно неверојатно! Co таквите карактеристики, секој патник се чувствувал бескрајно сигурен! He e чудо што по првиот аларм за несреќа никој не реагирал! Продолжиле да си играат, да се веселат, да пијат и да се коцкаат...
ФАКТИТЕ ПРОТИВ ТЕОРИЈАТА!
Непосредно по несреќата на "Титаник", во 1912-та година, во весниците се појавила една карикатура на која биле претставени ледената санта и парчосаниот брод. На сантата пишувало "ФАКТ", а на бродот "ТЕОРИЈА".
Оваа случка покажува дека понекогаш фактите немаат обѕир кон теоријата! Теоријата велела дека бродот е непотонлив; фактите покажаа дека бродот сепак потона. Теоријата велела дека во тоа време немало глечери во таа околина; фактите открија дека имало! Теоријата велела дека посматрачницата е така поставена, што би дала благовремено предупредување. Фактот покажал дека, иако предупредувањето навистина било упатено, бродот не се спасил. Теоријата велела дека бродот со своите 66000 тони и патувајќи со брзина од 18 чворови на час можел да "пресече" секаков објект кој ќе му се најде на патот; фактот вели дека, кога глечерот удрил во бродот, ударот бил еднаков на удар со чекан тежок 947000 тони! И го расцепил бродот на половина!
Почитуван читателе: каков однос имаш кон Бог - Твојот Создател, кон својата вечност и кон својата бесмртна душа? Теоријата ти вели: никој не знае дека си грешен! Фактот вели:
"Сите згрешија, нема ниту еден праведен"
Теоријата ти вели: овој грев можеш да го направиш тајно, никој нема да дознае! Фактот вели:
"Секоја тајна ќе излезе на виделина!"
Теоријата ти вели: нема Бог! Фактот вели:
"Безумникот си вели во своето срце: нема Бог"
Теоријата ти вели: ако има Бог, Тој од милост нема да те фрли во пеколот. Фактот вели:
"И кој не беше запишан во Книгата на Животот, беше фрпен во огненото езеро'
Теоријата ти вели дека смртта е крај на сè. Фактот вели:
На луѓето им е определено еднаш да умрат, a потоа - суд!
Теоријата ти вели дека можеш да правиш сè што ќе посакаш. Фактот ти вели:
"Оди каде што срцето те влече и каде што очите ти гледаат; само знај ,дека за сето тоа Бог ќе те изведе иа Суд!"
He заборавај: теоријата е човечка категорија; Бог работи само со факти!
НЕПОДГОТВЕНИ!
На "Титаник" имало вкупно 20 чамци за спасување, чии вкупен капацитет би бил за 1160 луѓе. Но, на бродот имало 2340 луѓе, а голем број од чамците биле неисправни, некои дури и без чепови! Овие неисправни чамци ме потсетуваат на некои луѓе, кои, наизглед имаат своја филозофија на животот, своја вера или религија, но каква полза од сето тоа, кога на Судниот Ден таа ќе се покаже неисправна, лажна и не ќе може да им помогне?
Во денешно време, смртта може да те снајде секој миг; дали си подготвен? Имаш ли исправен "чамец заспасување" што ќе те превезе од другата страна на смртната река? Поучи се од грешките на сега покојните патници на "Титаник" и подготви се! Библијата повикува и предупредува:
'Денес, кога ќе го чуете гласот Негов - не бидете со камени срца!'
ЗАНЕСЕНИ!
Речиси сите патници биле вклучени во пиење, играње, коцкање и забава таа ноќ. Три предупредувања биле упатени од посматрачницата, но никој не ги чул! Конечно, сите аларми заѕвониле, на неколку секунди пред ударот во глечерот, но веќе било доцна. Дури и тогаш, повеќето од патниците одбиле да си стават појаси за спасување, за да не си ги извалкаат скапите облеки! Некои дури им се потсмевале на оние кои решиле да земат појаси за спасување! Луѓето од посадата на бродот морале насила да провалуваат во кабините и да ги убедуваат луѓето дека бродот навистина тоне! Повеќето се уште мислел е дека е шега, па на палубата дури и се мавале со грутки снег од глечерот! Целата толпа луѓе биле како дрогирани, крајно занесени!
Драги пријателе! Повеќето луѓе и денес се во сличен занес по однос на духовните вистини: целосно се опијанети од гревот! Никакви предупредувања не стигнуваат до нивните уши! Некои се потсмеваат на христијанската порака, која навреме предупредува:
'Барајте Го Господа додека може да се најде, повикајте Го додека вие во близина'
'Доколку не се покаете - сите така ќе изгинете!'
'Зашто, (Бог) определил денкога ќе му суди на светот'
'Појасот за спасување' кој Бог им го нуди преку евангелието им се чини непотребен. Убедени се дека нивниот брод е непотонлив. Токму како и патниците на "Титаник"! Ќе дозволиш ли и ти ,драга душо, да потонеш и во овој живот, а и на Божјиот Суд, зашто на време не си го зел 'појасот за спасување' кој Бог денес ти го нуди во Христос?
'Верувај во Господ Исус Христос и ќе се спасиш ти и целиот твој дом!'
'Кој го слуша словото Мое и верува во Оној Кој Me пратил, има вечен живот и нема да дојде на Суд'
Кога чамците за спасување биле спуштени во водата, во нив влегувале само по 10-15 луѓе. He затоа што немало место, туку затоа што повеќето се уште не верувале дека бродот тоне! Еден од преживеаните подоцна раскажувал за еден случај на татко со 12-годишно дете. Оние од чамците за спасување го молеле таткото да го стави барем детето во чамецот. Но, детето цврсто се држело за таткото и не сакало да оди. Каква љубов! Но, само на прв поглед. Зашто, ако таткото го сакал својот син уште повеќе, ќе го ставел насила во чамецот за спасување! Вака, обајцата потонале во смрт.
Многу родители и денес "од љубов" не ги пуштаат своите деца да веруваат во Бог, да читаат христијанска литература или да одат во заедница каде што се проповеда евангелието. А всушност се работи за ограничена, себична и кратковида љубов, која им го одзема правото на децата да влезат во 'чамците за спасување'! Тоа е само површна и привидна љубов, која ќе ги одведе децата во вечна смрт! Родители, бидете среќни, ако вашите деца му припаѓаат на Господа, зашто така ќе ги имате и во вечноста! Тешко вам, кои им го браните спасението на своите деца, им стоите на прагот, па ниту вие влегувате, ниту пак нив ги пуштате! Еден ден, Господ ќе бара одговорност од секој родител кој го спречил своето дете да поверува и да се спаси!
Епилогот со 'Титаник' е познат: 1635 трагично загубени претежно млади животи; загубени поради самоувереност и невера!
ИСКЛУЧЕН Ѕ.0.Ѕ.
Има уште една сериозна поука од овој историски настан. Додека "Титаник" тонел, на само 10-12 километри од него имало друг брод, кој сепак не дошол на помош. Подоцна, при истрагата, капетанот на тој брод признал дека спиел во тоа време и дека го исклучил уредот за ѕ.о.ѕ. повикот за помош.
Одовде следува поука за сите христијани кои мирно си спијат, додека околу нив има илјадници духовни давеници! Божјата порака за таквите е:
"Стани ти кој спиеш и воскресни од мртвите!"
Во исто време, тоа е и охрабрителна порака за секој духовен давеник, кој повикува кон Господа: Бог никогаш не спие и Неговиот Ѕ.O.Ѕ. уред е секогаш вклучен!
'Недреме Оној, Кој те пази... Господ е твојот чувар'
'Секој што ќе го повика името Господово - ќе се спаси!'
Во последните, драматични минути на "Титаник" се случила и една гнасна работа. Кога луѓето конечно сфатиле дека бродот навистина тоне, а чамци и појаси за спасување останале уште малку, ги заклучиле кабините на патниците од втората класа, за да се спасуваат оние од првата класа! А во втората класа имало најмногу жени и деца! Колку различно е тоа кај Бог, Кој своите деца не ги двои на прва и втора класа!
'Оти, сите сте деца Божји, преку верата во Христа Исуса; сите што се крстивте во Христа, во Христа се облековте;
...нема веќе ни Евреи, ни Грци, ни роб, ни слободни; нема машхи пол, ни женски; зашто, свте вие сте едно во Христа Исуса!'
'Дојдете кај Меие сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам. "
'И секој што ќе го повика името Господово -ќе се спаси".
Првиот и вториот капетан на "Титаник" загинале со бродот. Третиот се спасил. Кога при истрагата, меѓудругото бил запрашан да ги опише моментите на катастрофата, го покрил лицето со двете раце и со плачење рекол: "Тоа беше страотен и континуиран писок кој не можам да го заборавам!"
Кога секој од нас би имал прилика да ѕирне во пеколот, би го опишал на сличен начин. Библијата велидека таму е "лелек и чкрипење со заби". Секој човек би бил повнимателен кон Божјиот повик кога би го слушнал писокот од пеколот! Но, дали ќе чекаш на тоа?
ПРЕМНОГУ ДОЦНА!
Кога повеќе немало ниту чамци, ниту појаси за спасување, на преостанатите им станало јасно дека тонат во смрт. Тогаш, како во некоја сложна црква, сите ја запеале познатата христијанска песна
:
Поблизу до Тебе да сум, Боже,
само покрај Тебе наоѓам мир;
затоа молам јас пак, и во овој час:
поблизу до Тебе да сум, Боже!
И кога полетам кон небото,
ѕвездени просгранства јас надлетам,
пак јас ќе запеам и ќе те замолам:
поблизу до Тебе да сум, Боже!
Преживеаните велат дека тоа било трогателна разделба во ледените води: маж од жена, деца од родители...
Трагедијата на "Титаник" е повеќе од обична несреќа. Таа предупредува на последиците од човековата самоувереност. Апостолот Јаков пишува:
"Слушајте вие,кои велите:денес или утре ќе тргнеме во оној град и ќе останеме една година, ќе тргуваме и ќе спечалиме; вие, кои не знаете што ќе стане утре; оти, што е вашиот живот? Тој е пареа, која се појавува за кратко време, па исчезнува. Место да велите: 'Ако сака Господ да бидеме живи, ќе направиме тоа и тоа'. А сега се фалите со својата гордост! Секоја таква фалба е зла'"
Трагедијата на "Титаник", како и онаа на "Challenger" се веќе минато. Но дали човештвото ќе извлече и соодветни поуки? Дали ти, драги читателе, ќе извлечеш соодветна поука? Библијата продолжува тивко да предупредува:
"Има патвшта кои на човека му изгледаат прави, но, крајот нивни води до дното на пеколот!'
"Такви се патиштата на сите оние кои го забораваат Бога; нивната лицемерна надеж ќе пропадне!".
Користени цитати од Библијата:
/1/ Послание до Римјаните 3.10,23
/2/ Евангелие според Марко 4:22
/3/ Псалм 14:1
/4/ Откровение 20:15.
/5/ Послание кон Евреите 9:27
/6/ Книга на Проповеднвкот 11:96
/7/ Послание кон Евреите 3:7
/8/ Исаија 55:6; Лука 13.3 и Дела Ап. 17:31
/9/ Дела Ап. 16:31
/10/ Евангелие според Јован 5:24
/11/ Послание кон Ефесјаните 5:14
/12/ Псалм 121:3,5 и Посл. Рим. 10:13
/13/ Послание кон Галатјаните 3:26-28
/14/ Евангелие според Матеј 11:28
/15/ Послание на Јаков 4:13-16
...назад

