За Библијата

Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе

Артикли

Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе

Библиотека

Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе
















ИСПОКИНАТАТА БИБЛИЈА

    Илјади, дури и милиони луѓе доживеале благослов преку Библијата. А честопати тоа било само ливче или стих – семе кое донело стократен род. Во некој мал германски град, на аукција на која се продавала покуќнина, меѓу другото се наоѓала и една голема стара Библија. Но никој не се интересирал за неа. Конечно, некој трговец дал понуда за неа и можел да ја понесе дома за неколку фенинзи. Практичниот трговец сакал да ја употреби како хартија за завиткување и не помислил каква вредност имаат листовите на оваа книга, дури и тогаш кога се испокинати и валкани. Бог рекол: „Мојот збор нема да се врати празен“ Исаија 55:11.
    Во тој град живеел еден човек кого постојано го мачела помислата дека е виновен за смртта на некој човек. Ни дење, ни ноќе не наоѓал мир. Често го слушал зборот „убиец“ или често му се појавувал пред очите со сјајни букви.
    Еднаш кога го пратил синот да купи нешто од продавницата, се вратил носејќи го купеното завикано во лист од некоја стара Библија. Таму се наоѓал текст од посланието до Евреите, 9-та глава: „Без пролевање на крв, нема простување“. Во прв момент, не го разбрал тоа. Простување веќе барал, но сакал да знае нешто повеќе за тоа и се заинтересирал што пишува понатаму во таа книга.
    Го пратил пак момчето кај трговецот кој со кинење на листовите стигнал веќе до 1 Јованово Послание. Кога тој човек, оптоварен со свеста за вина, ја прочитал и таа страница, му паднал товарот од душата: постои простување, постои очистување од сите гревови, бидејќи тука стои запишано: „Крвта на Исус Христос, Божјиот Син, нe очистува од секој грев“, и „Ако ги признаеме своите гревови, верен е и праведен да ни ги прости гревовите наши и да нe очисти од секаква неправда“ (1 Јов. 1:7). Тие зборови светнале како светлина во неговата мрачна душа. Дознал дека крвта на Исус Христос, која се пролеала на крстот, во состојба е да ги измие сите гревови на оние кои ја признаваат својата вина пред Бога. Така и тој нашол потполн мир во своето срце. Дури и истргнатите листови од Библијата можат да направат некого среќен.

[врати се назад]