За Библијата

Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе

Артикли

Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе

Библиотека

Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе
















ВЅИДАНАТА БИБЛИЈА

   Пред отприлика сто години, кога сe уште не бил изграден тунелот Сент Готхард, сите патишта кои патувале од Италија во Швајцарија и обратно, морале пешки да го минуваат преминот Сент Готхард, а тоа пешки барало доста време. Честопати се патувало и во групи. Еднаш патувала и група ѕидари од околината на градот Лугано, во внатрешноста на Швајцарија, бидејќи таму можеле да заработат повеќе. Меѓу нив бил и еден млад човек по име Антонио кој за време на патувањето започнал разговор со една постара жена. Таа му зборувала за Исус Христос. Антонио не сакал ништо да знае за тоа. Таа жена му подарила на Антонио убава Библија во кожен повез. Ја зел со себе, но не ја читал.
   Кога стигнал во градот Гларус, морал да помогне во градбата на една голема куќа. При тоа весело пцуел и се мајтапел заедно со своите пријатели. Кога го завршувале ѕидот, забележал една дупка која требало да се заѕида. Во тој момент се сетил на Библијата, коха се уште ја имал во својата вреќа и им рекол на другарите: „Момци, ми текна една добра шега. Погледнете, тука имам една Библија која ќе ја ставам во дупкава.“ Библијата одвај влегла во дупката и кориците малку се оштетиле. „Така, сега само уште малку малтер наоколу“, рекол Антонио, „баш би сакал да видам дали ѓаволот ќе може да ја извади!“ После тоа, Антонио неколку недели постојано се враќал дома преку брдото.
   Во 1861 година, на 10ти мај, градот Гларус го зафатил голем пожар. Четиристотини и деведесет згради потполно изгореле. Целиот град бил една страшна рушевина. Требало градот да се гради одново. Некој ѕидар од северна Италија, по име Иван, добил задача да пребара една скоро нова зграда која била делумно срушена. Со чекан чукал по ѕидовите и од еден ѕид отпаднал малку малтер. На свое големо изненадување, во ѕидот нашол книга. Ја извадил. Библија... како ли се нашла тука? Тоа му било чудно, зашто тој веќе еднаш ја имал таа книга, но му ја одзеле. „Тоа нема веќе да ми се случи“, си мислел. Иван, во слободното време упорно ја читал Библијата. Сe уште не разбирал се, само делумно евангелијата и псалмите. Од нив научил да се моли. И така, не потрајало долго, додека дознал дека е грешник, но и тоа дека Бог го љуби и дека со вера во Господ Исус може да добие простување на гревовите. Кога во есента се вратил кај својата фамилија во својата земја, зборувал насекаде каде ја нашол радосната вест за своето спасение. Во слободното време доел по околината со куфер полн со Библии за да ја објавува радосната вест. Така дошол и во градот во кој живеел Антонио. На пазарот поставил маса со Библии. Таму поминувал Антонио, застанал и рекол: „О, Библии! Не ми се потребни! Би требало да појдам во Гларус, бидејќи таму имам една која е вѕидана во една зграда. Баш би сакал да знам дали ѓаволот може да ја извади!“ Иван го погледнал сериозно младиот човек. Веднаш сe му било јасно и му рекол на младичот: „Биди внимателен, момче. Лесно е да се мајтапиш, но што ќе кажеш ако ти ја покажам таа Библија?“ „Немој да се правиш важен“, рекол Антонио, „јас таа книга ја означив и веднаш би ја препознал. Останувам при тоа: ни ѓаволот не може да ја извади од ѕидот!“ Иван ја извадил Библијата и прашал: „Пријателе, го познаваш ли овој знак?“ Во првиот момент Антонио бил без зборови кога ја здогледал оштетената Библија. „Погледни добро! Тоа не го сторил ѓаволот, туку Бог. Го сторил тоа за да видиш дека Тој е жив. Тој сака и тебе да те спаси.“ Тогаш избувнала од срцето на Антонио старата омраза кон Бог. Неговата совест му зборувала, но тој сепак ги повикал своите пријатели: „Момци, дојдете! Што бара овој овде со тие негови Библии?“ За неколку секунди ја превртеле масата на Иван. И самиот него, добро го изнатепале, а виновнците бргу се повлекле низ мноштвото љубопитни гледачи. Од тој момент, Антонио бил сe повеќе непријателски расположен кон Бог.
    Кога еднаш на своето работно место пак испил премногу алкохол паднал од 17 метри високото скеле и тешко повреден го донеле в болница. Иван дознал за тоа и му пратил прекрасен буќет цвеќе, а и самиот отишол во болницата да го посети. Но срцето на Антонио останало тврдо како камен, иако љубовта на Иван кон него направила силен впечаток. Тој го посетувал секоја недела и така, Антониот на почетокот од досада, подоцна сепак од интерес, почнал да ја чита Библијата. Еднаш читал од Посланието до Евреите, 12 глава: „Сине мој! Не занемарувај ги карањата Господови.“ Тоа точно одговарало на неговата несреќа. Антонио читал понатаму, и Божјиот Збор почнал да делува во неговото срце. Ја спознал својата вина и ја признал пред Бог. Научил со доверба да верува во совршеното дело на крстот. Неговата душа се опоравила, но неговиот колк останал парализиран. Својата поранешна работа не можел да ја работи, па нашол полесна работа. Подоцна се оженил со ќерката на Иван и живееле среќно. Антонио е веќе во небото, но таа Библија, која еднаш ја заѕидал, е најубавото наследство за неговите деца.

[врати се назад]