За Библијата

Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе

Артикли

Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе

Библиотека

Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе
















ПЕЧЕНАТА БИБЛИЈА

    Јан Хус го сметаат не само за големиот реформатор од Бохемија, туку исто така и маченик од Чешка. Со неговото сведоштво, на илјадници луѓе им се имаат отворено очите за да го видат завршеното дело на избавувањето на Исус Христос. Но не потрајало долго јавното објавување на евангелието во таа земја. Јан Хус бил изгорен, крвта на христијаните течела во потоци, а слугите на римскиот папа насекаде ги барале и прогонувале. Некоја жена на која најголемото богатство и бил Зборот Божји, стоела токму до печката во која се печел леб, кога чула дека доаѓаат луѓето од инквизицијата. Во селото вршеле претрес и го апселе секој кај кого ќе нашле Библија. Без двоумење ја зела Библијата, ја замотала во тесто и ја ставила во печката меѓу останатиот леб да се пече. Недолго после тоа, инквизиторите дошле и во нејзината куќа. Пребарале сe, од подрумот до таванот, но залудно. Кога гонителите ја напуштиле куќата, лебот бил веќе испечен и така Библијата пак излегла на светлина. И ете чудо, Библијата била исто така неоштетена како Седрах, Мисах и Авденаго, коишто Навуходоносор ги фрлил во вжарената печка, а сепак излегле од неа неповредени. Наследниците на оваа одважна жена ја сочувале оваа Библија како драгоцено наследство. Последниот наследник бил селанецот Шеболд, по потекло Чех, кој живеел во Америка и го чувал фамилијарното наследство со голема почит.

[врати се назад]