Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе
Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе
Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе
Некој јапонски офицер пловел со својот брод низ пристаништето Нагасаки. Во водата забележал една мала книга и наредил да се подигне на бродот. За жал, морал да заклучи дека таа книга е напишана со потполно непознато писмо. На разни места се распрашувал за да ја дознае содржината на малата книга, но сe било залудно. Конечно, некој трговец можел да му ја задоволи љубопитноста бидејќи знаел неколку англиски зборови и можел да прочита дека тоа е „книга за Исус“, значи книга од странските завојувачи и дека постои превод на кинески. Офицерот знаел само малку кинески, но сепак го замолил трговецот да му најде таква книга.
Кога ја добил, кинескиот Нов Завет, веднаш трудољубиво почнал да учи кинески. Иако не насетувал, Светиот Дух делувал на неговото срце. Кога ја прочитал целата книга, бил среќен човек кој знаел дека Исус Христос го спасил. За да се одржи јапонското идолопоклонство, во Јапонија било забрането да се воведува било каква нова богослужба. Офицерот не можел да молчи за својот Спасител, па во својата фамилија и со своите пријатели одржувал часови за проучување на Библијата. При тоа, на повеќето од нив, во срцата почнал да гори огнот на љубовта за Исус Христос. Подоцна била дадена поголема слобода за вероисповеста, така што во Нагасаки се доселил некој мисионер. Тогаш офицерот можел слободно да зборува за својата „книга за Исус“ и за својата вера во Спасителот. Тој бил еден од првите во Јапонија кој слободно признал дека му припаѓа на Христос, а неговата постапка и однесување биле жив доказ за тоа. Причина за сето тоа била пловечката Библија во пристаништето Нагасаки. Да, евангелието е сила која го спасува секој кој верува во него.