Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе
Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе
Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе
Некој мисионер во Франција и подарил на некоја фамилија Библија. Домаќинот го примил подарокот, но веднаш истргнал неколку десетини листови од неа и со една од нив си го запалил лулето. Мисионерот си заминал разочаран. Неколку години подоцна, повторно дошол во тој крај и при тоа ја посетил истата куќа. Таа фамилија, во војната го изгубила својот син и токму во тоа време стигнале дома неговите работи. Меѓу нив била и Библијата. Мисионерот ја зел в раце и забележал дека тоа била Библијата која тој ја дал на таа фамилија и од која биле истргнати листовите. Загинатиот војник, запишал на задната страна: „Презрена и изругана, и конечно поверувана. Таа ми послужи за спасение.“