За Библијата

Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе

Артикли

Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе

Библиотека

Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе
















ФРЛЕНАТА БИБЛИЈА

    „Фрли го тоа низ прозорецот!“ Војниците обично наоѓаат тема за разговор, а исто така знаат да се шегуваат, особено со гласно смеење, кога се возат со воз. Во аголот на едно купе седел регрут и ја читал својата Библија. „Ајде да се пошегуваме со тоа побожно момче и да му ја фрлиме Библијата низ прозорецот!“ За секунда, Библијата се нашла меѓу шините. Дали се налутил младиот војник? Не, тој имал учител кој вели: „Јас сум кроток и благ во срцето“ Матеј 11:29. Бил нажален, но молчел. Неколку дена потоа нашиот млад пријател добил пакет од дома во кој имало храна, а внатре имало и една Библија. Покрај неа имало интересно писмо. Некој работник на пругата, ја нашол Библијата и преку неа го чул Божјиот глас. Дотогаш се плашел заради своите гревови, но читајќи го Светото Писмо го сретнал Спасителот. Библијата ја пратил на адресата што била запишана во неа, а самиот си набавил друга. Сега разбрал војникот зошто требалода помине неколку дена без својата Библија. „Зашто Божјиот Збор е жив и делува... И нема нешто кое е скриено од Него. Сe му е откриено пред очите“. Еврeите 4:12-13

[врати се назад]