За Библијата

Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе

Артикли

Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе

Библиотека

Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе
















ТАНЦ CO CMPTTA - СТОРИЈА ЗА ЕДЕН МЛАД НАРКОМАН

    Амстердам - убаво, сончево и топло летно попладне. Трикси, една моја поранешна пријателка, седи со еден свој познаник и со него ги минува неколкуте пријатни часови. Потоа се разделуваат, а Трикси си оди дома на третиот кат од куќата, испива едно шише жесток пијалок и се фрла од прозорецот.
    Амстердам, во убав летен ден во, улицата Beep. Taa лежи на улицата со потрес на мозокот и скршена карлична коска. Неколку минути потоа, засветуваат сините светла на брзата помош и ја носат во болница, каде што лекарите залудно се борат за нејзиниот живот.
     Кога по неколку дена ја посетивме, со неа веќе не беше можно да се разговара. Таа немаше волја за живот. После еден промашен живот, нејзе и беше помила смртта.
     Во својата песна „Dancing with Mr. D" ( „Танцувајќи со господин Смрт"), рок групата Ролинг Стоунс пеат:

    „Дали ќе има отров во мојата чаиш,
    дали ќе го голтнам бавно или брзо,
    како каснување на змија,
    како каснување од пајак,
    еден беладона напиток,
    од ноќта на Таусеинт.
    Се скрив во еден агол во Њу Јорк.
    А во Западна Вирџинија ми вперија калибар 44 ...
    Танцував,
    тој ме премори од танцување...
    Танцував со господин Смрт."


    Трикси ми беше мојата прва љубов и мојата хипи реалност. Прв пат ја видов во „П. Н. Хитхаус" во Минхен (клуб сличен на клубот „Стар" во Хамбург, каде што настапуваа првите музички групи).
     „Здраво, сакаш ли да танцуваш и да пушиш хашиш?"
     „Да."
     Ја одведов во куќата на мојот пријател Боби. Ги пуштивме Ролинг стоунси, потоа ги слушавме Битлси и пушевме. Потоа легнавме на подот и долго зборувавме за слободата...

    „Долу на гробиштата, каде што се договоривме,
    каде што воздухот има сладникав мирис,
    воздухот е задушлиив.
    Тој никогаш не се смее, неговата уста ретко се
    помрднува.
    Воздухот ми се лепи во градите како тешка смеса.
    Сега јас го знам неговото име:
    тој се вика господин Смрт.
    Тој наскоро на сите ќе ви даде слобода.
    Мртви глави ќе се клатат околу неговиот врат.
    Моите раце стануваат влажни и скаменети."


    Следните години Трикси стана моја придружничка по патиштата на дрогата. Користевме мескалин, ЛСД , СТП, ДОМ, пушевме хашиш и марихуана. Потоа следеа опојните дроги: морфиум, еукодал, дилаудид, и танцувавме, танцувавме, танцувавме.
     Во еден друг клуб, сличен на „П.Н. Хитхаус", ние одевме секоја ноќ. Кај себе имавме морфиум, којшто го продававме а и самите го користевме. Дрогата не зароби.
     Тогаш живеевме заедно: Трикси, Џеки и јас. Една вечер, кога во посета ни беше „убавата Берни", лежевме на перници и слушавме музика, откако зедовме морфиум. Одеднаш некој заѕвони на вратата. Јас исползев, и низ „шпионот" го видов „Руди Тралала", кој носеше нешто завиткано во хартија. Ја отворив вратата и го пуштив внатре. Тој од хартијата одвитка една пушка, ми ја впери и рече: „Франц, те прејдов!" Me дотера в ќош како во вестерн филмовите. „Добро, се предавам, ме прејде!", реков.
     Me опфати незамислив страв, дека некој може да влезе и да дигне паника, да дознаат комшиите и да викнат полиција. Така сите би завршиле в затвор. Затоа му дадов морфиум како што бараше и тој си замина.
     Една вечер, веќе не знам дали беше лето или зима, седев со Сиги и Роман во станот. Сиги претходната ноќ провалил во аптека и ги украл сите морфиумски препарати што ги нашол таму. „Ox, ox, се од убаво поубаво!" Си направивме коктел со дилаудид и кокаин, при што Роман сиот помодре. Брзо го отворивме прозорецот и на Роман му удиравме шлаканици, а потоа пробавме со вештачко дишење уста на уста. Ништо не помагаше.
     He опфати страв дека може тука да ни умре и сите да не затворат. Го кренавме на раце и го носевме по скалите и ходникот, па недалеку од Минхен Фрајхајт1, го оставивме на улица. Потрчавме во телефонска говорница, викнавме полиција и рековме: „Во таа и таа улица има еден онесвестен. Be молиме, земете го!". Побегнавме, знаејќи дека полицијата секако ќе дојде. Потоа избегавме што подалеку во градот, бидејќи не опфати голем страв.
     Кога по неколку часа се вративме во станот, Роман го најдовме пред вратата. „Океј, момци!", викна Роман.
     Влеговме во станот и си зедовме морфиум. Роман пак падна. Стравот ме совлада: „Роман, доста е, мораш в болница!"
     Го однесовме в болница и чекавме додека влезе внатре, а потоа избегавме.
     Роман денес не е веќе меѓу живите.

    „Една вечер танцував со дама во црно.
    Таа носеше ракавици и шешир од црна свила.
    Me погледна со страсни очи, со нејзините црни очи.
    Погледот п беше чуден, сосем вкочанет
    и полн со разбирање.
    Тоѓаш видов како п падна месото од коските.
    Очите во черепот п тлееа како жар.
    Јас танцував со господин Смрт."


    Минхен, алејата Хиршенгартен. Тука има една запуштена куќа. Во неа живеат наркоманите и алкохоличарите: Лупо, Сиги, Виктор, Франк, Трикси и други, имињата веќе не им ги знам. Немаме веќе ни опиум ни морфиум, се јавуваат страшните знаци на апстиненцијата „Cold Turkey"2. Сакаме да провалиме некоја аптека и си фрламе жрепка, кој треба да оди. Жрепката падна кај мене.
     Мене ми беше прв пат да провалувам и тргнав заедно со Кристијан. Првин отидовме до еден автомат за пијалоци и со помош на пивото се наоружавме со храброст. He бевме професионалци, и затоа не ни беше лесно да извршиме кражба. Фрливме една цигла во излогот, брзо ги дигнавме ролетните и побегнавме. Оддалеку ја набљудувавме зградата, дали нешто ќе се движи таму или во околината. Немаше никакво движење, ништо не забележавме. Влеговме и пак ги спуштивме полека ролетните. Конечно сме внатре и трескавично го бараме ормарот со отрови, но не можеме да го најдеме. Кристијан конечно свика: „Мораме да го викнеме Виктор!" Виктор имаше зад себе веќе неколку провали, беше човек со искуство.
     Додека Кристијан истрча надвор за да го вика Виктор, јас на местото стоев безработен и затоа се скрив под една кола. Наскоро дојдоа Кристијан и Виктор, кој веднаш го најде ормарот со отрови и го провали. Неколку минути потоа среќни бегавме оттаму. Имавме се што ни требаше за идните денови: морфиум, дилаудид, еукадол, јетриум, кокаин и друго. Co мака го задржувавме Кристијан да не земе со себе и една машина за пишување. Бевме навистина неискусни крадци.
     Некој месец потоа пак ме фати криза. „Мајмунот" ми седеше на вратот а јас немав „муниција". Немаа ниту Лупо ниту Франк. Имавме само еден автомобил и еден фалсификуван рецепт. Отидовме во една аптека, каде што веќе сум бил еднаш и разменив еден рецепт. На аптекарот му го дадов рецептот со препаратот јетриум. Во тоа време од денот во аптеката имаше многу народ, a вработените вредно работеа. Веќе го гледав шишенцето со јетриум во рацете на аптекарот, а пулсот ми биеше брзо. Но тој не се брзаше да ми го даде, туку откако наеднаш вратата се отвори, покажувајќи кон мене, рече: „Тоа е тој!"
     Веќе знаев дека зад мене е полицијата. Така играта заврши, и ме однесоа во полицискиот затвор, во болничкиот оддел.
     Ова беше мојот втор престој во затворот, но прв со „мајмун на вратот". Ох, какви маки, тегоби, само болки и разочарување: се пропадна, ништо не оди, нема морфиум, само апстиненција! "Cold Turkey".
     Отпрвин ме одведоа во соблекувалната, каде што ме облекоа во сино-бело, боите на болничкиот оддел. Таму бев снабден и со помошните средства како што се валиум, неуроцил и други фармацевтски средства.
     Така, танцот заврши! Лежев со растечен нос и со насолзени очи. Синобелата облека сета ми се навлажни од пот. Топла и ладна пот ме облеваше, ме болеа и рацете и стомакот. Ми остана само една мисла: морфиум!
     Но, ми беше јасно дека нема никаква корист од лелекање. Морав да лежам и да ја трпам својата мака. Ми беше јасно дека никој не може да ми помогне, само времето може да ме лечи, и дека по 3-4 дена најтешкото ќе помине.
     Во истата група со мене беше и Роберт, големиот дилер, кој и самиот беше зависник. Тој постојано бладаше: „Најдобро, најдобро од најдоброто".
     Тука беше и Лари, некогашен војник од Виетнам, којшто имаше „лесна нога" и танцуваше при секоја прилика.
     Co мене беше и еден Југословен, алкохоличар, овде затворен за некоја политичка работа. Тој се грижеше за хигиената во ќелијата - имаше манија за чистота. Тука имаше и други: крадци, макроа и хомосексуалци од ист калибар.
     Ќелијата ни беше тесна за шестмина. Креветите беа на три спрата. Внатре имаше маса и ормар. Првите ноќи воопшто не можев да заспијам. Прво, затоа што бев во депресија заради апстиненцијата, кога доживував стравови и ноќни мори, а второ, затоа што во затворот ништо не беше едноставно. Имитиравме најразлични животни, се додека не заприлегавме на вистинска зоолошка градина, или пак седевме на светлината на свеќите коишто сами ги правевме и игравме карти.
     He ретко затворените во самица ги опфаќаше некој вид беснило. Почнуваше на тој начин, што ќе го кршеа мебелот и деловите ги фрлаа низ прозорец, придружувани со охрабрувања од другите затвореници, кои радосно довикуваа: „Ајде, исфрли го надвор и ормарот!" Наскоро ќе се слушнеше и шум од вода, по што ќе беше искршен и одводот на мијалникот.
     Да, таков е затворскиот живот!
     Нашите разговори се вртеа само околу една тема: морфиум, кокаин, дрога. Како да се дојде до нив?
     Нашите другари алкохоличари, за откажување користеа „дистрас" (Дистранеурин). Еднаш еден скитник дојде во нашата ќелија, со многу силни манифестации на апстиненција. My ce привидуваа пајаци и секакви други бубачки. Кога му престана делириумот, ние се досетивме. „Пријателе, ајде пак одглуми делириум, викај пајаци, бубачки и слонови. Ние ќе налегнеме на ѕвончето, ќе го вклучиме алармот, и кога ќе дојде чуварот, ќе му речеме: брзо викајте брза помош, човеков има делириум! А кога ќе ти дадат апчиња, ќе ги трампиме со тебе за цигари". Така доаѓавме до саканите доживувања.
     Понекогаш измислувавме и погенијални игри. Скитникот го теравме да „плива". Ке му речевме: „Легни на подот и прави се дека пливаш." Човекот ќе направеше така, а ние ќе ја одвртевме славината, се додека не потечеше вода по подот. Co смеа ќе поѕвоневме на тревога и на чуварот ќе му кажевме: „Види го овој, полуде!"
     Еднаш во нашата ќелија донесоа еден Американец, кој навистина беше сосема откачен. Ние го советувавме: „ Ако се обесиш, ќе те префрлат во подобар затвор." Потоа направивме бесилка.
     Човекот навистина се обиде да се беси, си ја стави главата во јамката и кога ние го турнавме столчето, тој извика: „Симнете ме!"
     Ѕвонецот беше активиран и чуварот дојде. А ние објаснувавме: „Кога се разбудивме, овој висеше."
     Човекот не го одведоа во подобар затвор, туку во полош. Такви се затворските шеги. Ако некој ова не може да го поднесе, тешко нему.
     За мојот фалсификуван рецепт добив седум месеци. Во долгите бессони ноќи, пред очи ми се одвиваше филмот на сиот мој дотогашен живот.
     Роден сум во Мутерхајм, Германија. Татко ми ја напуштил мојата мајка кусо време пред да се родам, и се вратил во Источна Германија. Така јас растев без татко, со мајка и баба. Кога имав девет години, умре баба ми и јас станав дете со клуч околу вратот. Кога ќе си дојдев од училиште, обично наоѓав ливче на масата на кое пишуваше: „Добар ден Франц, во креденецот има кнедли, во фрижидерот има домати и колбаси. Направи си нешто вкусно за јадење. Ти посакувам добар апетит. Твојата мама".
     Наскоро мајка ми донесе дома еден свој пријател кој требаше да ја игра улогата на мој татко. Јас не го поднесував и така еднаш се случи двајцата да се најдеме на подот, борејќе се. Јас со нокти го издраскав по ќелавата глава и писнав: „Те мразам, те мразам!"
     Потоа, дојде денот да изучувам занает. Јас лично немав никаква претстава што сакам да станам, но мајка ми рече: „Барај ученичко место за месар, така секогаш ќе имаме нешто за јадење."
     Во тоа време не беше тешко да се најде ученичко место, но со почетокот на учењето јас почнав да ги земам и првите дози дрога. Се снабдив со каптагон, ноќе одев по дискотеките, а наутро се појавував во пет часот во месарницата. Само по себе се подразбира колку бев способен за работа. Еднаш во казанот се вареа виршли, тоа беа виенски и регенсбуршки виршли. Ја пуштив печката. Температурата толку се подигна, што сите виршли испукаа. Во тој момент шефот беше на кланица, но јас знаев дека штом ќе се врати ќе биде густо.
     Тој се врати, го подигна капакот од котелот и виде дека сите виршли се испукани. Тогаш толку се разлути што го фрли казанот по мене.
     Другпат, во пушилницата се чадеа колбаси. Ставив премногу струготини наеднаш, и резултатот беше ист како и првиот пат: сите колбаси испукаа!
     По една година го прекинав учењето. Без перспектива! Без иднина! А зошто да работам? Јас во тоа не наоѓав смисла. Ретки беа моментите кога се чувствував пријатно и прифатен. Најчесто, без да земам „трип"3, јас се чувствував незамисливо лошо.
     Така, ноќе одев често во клубот „П.Н. Хитхаус". Таму имаше една рок група, и доаѓаа многу млади со автомобили, мотори, трамвај или пак пешки, да играат и да се опуштат. Музиката не маѓепсуваше и не инспирираше да кршиме пивски чаши, фрлајќи ги на подот. Клубот „П.Н. Хитхаус" се наоѓаше во Швабинг4 и во тој кварт јас набргу научив да земам шит5. Почнав и сам да пушам, но и да продавам. Така си живеев некој свој живот и целиот се бев препуштил на тоа. Само понекогаш спиев дома, a ce повеќе ноќи минував кај пријатели или спиев во Енглише Гартен 6, во влезови, во лифтови, во сушилници за алишта.
     Си го барав својот пат, односно смислата на мојот живот во друштво на пропаднатите луѓе и ми беше интересно да разговарам со луѓе од дното на животот. Сексот, дрогата и рокенролот ме оковаа, но сепак јас во суштина бев осамен. Низ пијанството се подигаше коппнеж за љубов. Деновите ми минуваа бесмислено и празно. На улиците протестиравме за мир, моето срце исто така, но не го наоѓав и пропаѓав се подлабоко во ропството на дрогата.

    „Наутро еден џоинт
    и денот ќе ти биде фин."


   Тоа за мене беа розовите очила со кои го гледав светот и мислев дека само идиоти 'рмбаат за пари. Во меѓувреме, станав некој мал дилер на хашиш. Секоја вечер, кога бендовите свиреа, со нив беа и Groopies7 девојките, a jac им нудев хашиш и ЛСД.
    Првиот фикс8 го добив од еден човек од Хамбург. Тој се појави додека ние пушевме хашиш и рече дека имал јетриум. Јас реков: „Еј, стари, јас тоа нејќам да го направам пред луѓево, но радо би примил. Ќе ми дадеш ли ако одиме во тоалетот?" Така го добив првиот фикс и ми се стори дека добив се. Ми се чинеше дека добивам слобода и љубов по која копнеев, и од тој момент се најдов на еднонасочната улица на „џанките"9.
    Во еден друг клуб запознав двајца типови кои рекоа: „Дојди кај нас, ќе ти покажеме што е вистинско." Тие на Трикси, Џеки и мене ни даваа морфиум на вересија, a вечерта ни доаѓаа во дувлата за да им платиме.
    Извесно време дилер на морфиум беше една жена, црвенокосата Миша. Таа обично доаѓаше попладне, но како и сите дилери и џанки, таа секогаш доцнеше. Често се случуваше да ја чека цела глутница „стаорци" кои од нетрпение тапкаа во место. Потоа ќе се појавеше и во некое кафеанче под маса или над маса ги собираше парите. Потоа пак ќе исчезнеше некаде зад аголот каде што беше ја скрила дрогата. Мораше стрпливо да се чека. Но на крајот таа ќе се појавеше носејќи го долго очекуваниот фикс. Мене честопати ми требаше многу време за да најдам вена, а потоа опиумот се слеваше низ нив.
    Така си ја продадов душата на дрогата, и се си дадов за нејзиното величество - дрогата. Наскоро ми дојде силен порив за смртта, ме мачеше мислата да се застрелам. Честопати си велев: Јас сум џанки, јас сум мајмун. Јас сум зависник, мајмун."
    Но еве сега седам в затвор и си ги одбројувам моите седум месеци. Бидејќи со Трикси и натаму бевме во контакт, добро знаев каде ќе отидам штом ќе ме пуштат на слобода. И така, денот на ослободувањето конечно дојде, а со тоа и долгопосакуваниот фикс, бидејќи се вратив кај Трикси и Али. Џанки сцената пак ме дочека и јас секогаш со себе си го носев своето „оружје", комплетот од шприц со 18 игли.
    Наскоро го научив и светот на дрогата во Амстердам. На суд имав закажано судење заради провала во аптека и затоа предвреме ја дувнав преку граница.
    Ако постои предворје на пеколот во Холандија, тоа секако е Амстердам. Таму се оние продавничиња за помфрит, кафеанчињата, дискотеките и дилерите. Кога дојдов таму, веднаш побарав хероин. Најдов еден црнец којшто ми продаде малку и наскоро пронајдов и други зависници. Повеќето од нив одеа да крадат и затоа полицијата постојано не набљудуваше. Многу шпиони се мотаа околу нас, и не можеше никому да му се верува. Така ги запознав џанките од Амстердам. Слаби фигури, испиени лица, одвратно облечени.
    Таму беше црнецот Глен, стариот Франциско од Хамбург, потоа Тути од Минхен и јас. Живеевме во еден чамец. Сопственичката беше една проститутка, и не остави таму да спиеме со кирија од извесно количество хероин месечно.
    Станувавме напладне и одевме во градот за да се снабдиме некако со пари. Додека другите одеа во дилерство, јас одев по стоковните куќи да крадам рачни ташни, кои потоа и ги продавав на проститутката. Главно беше да се дојде до пари, за да се плати хероинот.
    Понекогаш ќе се случеше да најдам хероин, но да немам лажица која итно ми требаше за да си го подготвам фиксот. Ке поѕвонев на вратата на некој стан и ќе речев: „Јас сум турист, имам конзерва со грав, но немам лажица. Be молам ќе ми позајмите ли една?"
    Многу беше лошо, ако ме затекнеше попладнето, a јас се уште не сум дошол до пари. Знаев, по еден или два часа, „мајмунот" ќе ми дојде! Заради дрогата, бев спремен на се: да крадам, да лажам, понекогаш се облекував убаво и се правев пријател на стари дами или стари господа.
    Едно време се спријателив со еден џепчија. Работевме заедно. Мојата задача беше да влезам во трага на пијани луѓе, да ги замајам со љубезен разговор, да ги потчукнувам по рамо за да им го свртам вниманието. Кога пријателот ќе ми дадеше знак, тоа значеше: „Пушти го нека си оди!" Неговото ќесе ни беше во рацете, а парите ги делевме.
    Имаше денови кога морав да просам. Честопати одев на железничката станица, седнував во воз и смислував некоја лага за патниците: „Ми ги украдоа парите. Морам итно да одам во Хамбург." Одев од купе во купе им раскажував на луѓето дека морам да патувам кај баба ми, кај девојката, кај мајка ми и слични лаги. Просолзував за да бидам уверлив, и така ќе добиев се на се 50 до 100 гулдени. Се сеќавам еднаш на еден човек кој на моите прикаски извика: „Ама што ви е на сите денес? Ти си ми веќе трет денес." Така сфатив дека и други работат како мене во истиот воз.
    Минаа месеци. Ловев низ улиците, провалував во автомобили, продавав фалсификуван хашиш и фалсификуван ЛСД. Холандската полиција еднаш ме протера во Германија, но јас „со повратна пошта" пак се вратив. После една друга кражба, кога ме фатија, полицијата веќе немаше волја да ме протерува. „Кога ние те протеруваме, ти пак се враќаш. Што треба ова да значи?"
    Дрогата го одреди моето пропаѓање и го забрзуваше мојот пат кон пеколот. Затворот го запознавав во разни прилики, но ете требаше да го запознаам и „Klaps Muhle".10
    Заради едно криминално дело, конечно дојдов во оваа болница. Таму се најдов во иста соба со убијци, морални престапници, слабоумни. A ce знае, џанките секаде се здружуваат и само една мисла ги води: дрога. "No dope, no hope" 11. Таму ce запознав со една девојка која исто така беше зависничка. Се зближив-ме и кога во саботата имавме излез во кругот на болницата, ние прескокнавме преку ограда и се снабдивме со дрога.
    Откако бев пуштен, ја прекинав и терапијата. Секогаш бев повратник на дрогата. Ролинг Стоунсите пеат:

   „Растргнат и излитен,
   Џо има кашлица, многу лоиш. Да.
   Докторот му препишува кодеин.
   Аптеката му ѓо испраќа,
   но кој ќв му помогне да излезе од овој кошмар?"


   Ах, само да знаев во тоа време дека постои Оној, Којшто на сите наркомани, алкохоличари, сите пропаднати и откачени им нуди спас, Оној, Којшто рекол: „Јас сум Патот, Вистината и Животот. Никој не доаѓа при Таткото, освен преку Мене" (Ев. според Јован 14:6).
    A Toj, Исус Христос, веќе ми беше влегол во трагата и ја следеше секоја моја стапка. Така, во 1970-тата година, се најдов в затвор заради некое казниво дело. Бев во болничкиот оддел, кога одеднаш упадна една група христијани со проектор, филм и платно. Речиси сите отидоа да ја видат проекцијата.
    Кога видов што се прикажува, си реков: „Ах, тоа се фанатици. Тоа е Библијата, црната книга. Зар тие нудат слобода? He ме засмејувај!"
    Иако ништо од сето тоа не разбрав, сепак како да ја почувствував Христовата љубов.
    Едно лето потоа дојдов во Минхен, во Енглише Гартен, во „Алејата на хаши-шот". На едно ритче стоеја неколку христијани, пееја и проповедаа. Јас не сакав да ги слушам и направив голем лак, за да ги заобиколам.
    Некое време потоа, ете ги пак тие христијани на истото место. Овојпат сакав да не им се тргнувам од патот, туку да им правам бељи. He co тупаници, бидејќи за тоа бев премногу слаб, имено, тогаш имав само 54 кг. Но имав големо јазичиште и често настапував агресивно. Сепак, овојпат бев многу тивок, некако како да ми оставија впечаток. Денес знам дека тоа беше љубовта на Исус што ме допре.
    Извесно време потоа, пак се најдов во Амстердам. Немав пари, ниту дрога, туку само „мајмун" на плеќите. Стоев кај главната пошта со цел да ги мамам туристите. Дојдоа двајца мажи и ми раскажуваа за Исус Христос, потоа се молеа за мене. Во сета моја несреќа се почувствував трогнат и ја измолив мојата прва молитва: „Исусе, ако постоиш, те молам дај ми хероин!" Се разбира, тоа Исус никогаш не би го сторил. Тој ги сака џанките, но не и хероинот. Но тоа јас тогаш не го знаев и ловев во матно, бев окован од дрогата и трчав по неа.
    Така, пак почнав, овој пат со Глен. Баравме еден дилер, а Глен ми рече: „Овој препушти ми го мене!" Чукнавме на неговиот чамец и го отворивме окното. Се чу викот: „Дојдете внатре." Глен беше крупен црнец, и покрај зависноста од дрогата, се уште пукаше од сила. Наместо поздрав, тој тресна едно шише кока-кола во аголот, го зграби човекот за јака и рече: „Давај ги парите ваму!" Тогаш дилерот го отвори паричникот и сакаше да му даде неколку банкноти. „Реков парите, a тоазначисе!"
    Дилерот му ги даде на Глен сите пари што ги имаше, a jac сето време стоев во аголот, пушев и чекав. На крајот излеговме и го поделивме пленот.
    Тогаш дојде денот кога во квартот Redlight District во Амстердам, (кварт каде што се наоѓаат јавните куќи и дискотеки, заб. прев.), еден пријател ми зборуваше за христијаните кои имале некој дом, каде што им помагале на зависниците. Иако целиот се накострешував на помислата пак да доживувавам апстиненција, сепак чувствував дека тие христијани се мојата последна шанса. Еден младич во еден кафе-бар ми рече: „Пријателе, и јас бев зависник. Само еден може да ти помогне: Исус Христос!" Сега се чувствував поделен во душата. Од една страна сакав да ги најдам тие христијани, од друга страна стравував дека ќе ги сретнам. Дури кога минав извесно време во еден затвор на психијатриско лекување, ми стана конечно јасно дека и јас ќе бидам еден од оние кои остатокот од животот ќе го мине во нервна клиника. Решив да ги побарам христијаните. Тие ме примија, онаков каков што бев, џанки. А кој друг би ме примл, без да го постави прашањето за трошокот?
    Овие луѓе имаа една убава куќа во северна Холандија. Таму имаше џанки, алкохоличари, проститутки, макроа, но и такви кои веќе беа ослободени преку силата на Господ Христос. Секогаш се наоѓаше по некој кој токму во тој момент се повлекуваше од зависноста. Во моментот тоа бев јас. Еден од христијаните беше секогаш до мојот кревет, често пати беа двајца или тројца. Тие се грижеа за мене, ми раскажуваа како и самите биле ослободени и се молеа со мене.
    Првата христијанска книга што ја прочитав беше книгата на Ники Круз: „Бегај малечок, бегај!" Всушност Ники имал исто име како и јас. На петнаесетгодишна возраст тој го напуштил своето семејство и станал водач на една банда, затоа што бил зол и крвожеден, и се бунтувал против секој авторитет. Тој немал ни срце ни чувства. Ми беше позната таа фрустрација, таа горчина и лутина што го исполнувала. Читајќи ја книгата, пред очи ми излегуваше сиот мој живот и сфатив дека и јас, исто како и Ники одам по еднонасочната улица кон својата пропаст. И јас како него бев без надеж, без иднина, уморен од бегање.
    Но дојдоа денови кога веќе не сакав да останам повеќе со овие христијани. „Цел ден молитви, славење на Господа, библиски проучувања, причести, не можев повеќе да поднесам, овде нема да остареам. Сакам пак да одам во Амстердам и да најдам работа, кога ќе заврши одвикнувањето. Луѓето овде се некакви глупи црквењаци."
    Но сепак останав. Откажувањето го пребродив успешно и останав таму. Еден ден, при библиските проучувања Бог ми се откри преку зборовите: „Кој доаѓа при Мене нема да го истерам надвор." (Ев. според Јован 6:37). Какво големо ветување!
    Bo молитва му го излеав своето срце на Господа и М реков: „He можам повеќе да бегам, доаѓам кај Тебе, излекувај ги моите рани. Покажи ми се и јас ќе Те следам. Ти ги предавам моите гревови, сиот мој живот; земи ме за рака."
    И, Тој ме ослободи. He психијатар, не лекар, туку самиот Исус Христос.
    Во Псалмот 138:3 стои запишано: „Кога Те повикав, Ти ми одговори; Ти ме охрабри и ми влеа сила во душата".
    Секоја световна „слобода" ни ги заслепува очите и ни ги залажува чувствата. Крајот на моето ужсно ропство дојде и јас ја доживеав слободата што ми ја подари исус Христос. Нему нека My e вечна слава!
    Благодарение на Неговата милост јас сум денес целосно ослободен од дрогата. Сега сум Божјо дете и веќе не лежам во калта.
    После цела година помината во ова прифатилиште, пак се вратив во Германија. Исус направи нешто големо за мене. Тој ме ослободи и од депресијата, и ми даде визија за вечноста. Кога се дотркалав од Холандија во Германија, стигнав до едно место и понатаму не можев. Бидејќи времето беше студено, влегов во една телефонска говорница, и сум заспал. Дојде еден полицаец и ме приведе. Во полициската станица ми ги проверија документите и ми рекоа: „Казнет си парично! Но јас немав пари, и морав пак во затвор. Но сега бев Божјо дете, и во затворот отидов пеејќи духовни песни, за големо чудо на стражарите кои ме набљудуваа низ прозорчето. Во ќелијата сретнав еден џанки на кого му зборував за Исус Христос.
    Откако ме пуштија, дојдов во Минхен и таму запознав христијани кои ме примија во нивната заедница и ме прифатија.
    Во Минхен, Бог ми подари и работно место во една пицерија. Тој ми помогна да најдам радост и успех во работата. За првпат во животот го заслужив мојот прв годишен одмор, бидејќи за прв пат се задржав подолго време на едно работно место. Каква радост е тоа, да се доживее, моите раце да бидат искористени не само за крадење или за растурање дрога, туку и да им бидат од помош на другите.
    Сепак, не беше се така едноставно. Требаше да се надмине и совлада едно минато какво што го имав јас. Раните кои тукушто ги залекував, одеднаш избувнаа одново и јас го доживеав мојот прв пораз, враќање кон дрогата.
    Од Минхен заминав повторно во Амстердам да купам хероин и да се фиксам. Веројатно никој не може да ги сфати и разбере чувствата после првиот фикс! Каква срамота: човек што бил ослободен од Христос, и кој ја вкусил Неговата радост и Неговиот мир, да се врати пак на иглата! Но Божјата љубов и милост е поголема од нашите промашувања. Додека седев така во еден бар и слушав музика, одеднаш влегоа неколку христијани и залепија плаката. Наеднаш ми стана сосема јасно колку сум беден. Но бев свесен исто така и за прекрасната вистина, дека никој не може да ме оттргне од раката на мојот Небесен Татко.
    На христијаните им раскажав дека и јас сум Божјо дете и дека еве, пак паднав во грев. Тие се молеа со мене и јас му го признав на Господа моето паѓање. Кога се вратив во Минхен, ги најдов моите браќа и сестри од заедницата како се молат на колена за мене.
    Така, пак можев да му бидам следбеник на Исус Христос. Оттогаш, ниеден момент не се покајав за моето обраќање. Напротив, мојот живот доби смисла и цел. Господ ме ослободи од дрогата и од зависноста. Тој ми подари дом и јас се наоѓам под закрилата кај мојот прекрасен Господ, кој ги одржува и исполнува сите Свои ветувања.
    Ако си имаш работа со некој дилер на дрога, од каде ќе знаеш што ти нуди да ти продаде? Дали можеби хероин или отров за глувци? Ти му веруваш, без притоа да истражуваш дали навистина е тоа хероин. A колкумина ли само се излагале себеси и јурнале сами во прегратките на смртта!
    На Исус Христос можеш потполно и без резерви да My ce довериш.
    Тој не лаже, бидејќи тоа го доживеале многу луѓе во сите изминати векови.
    Јас ја положив сета своја доверба врз Неговиот Збор и Тој ме спаси од канџите на стравот, зависноста и гревот.

1 Плоштад во Минхен, во квартот Швабинг, познат по ноќниот живот
2 Вообичаен израа меѓу зависниците од дрога, за недостаток на дрога и маките од кризата на апстиненција што следи потоа.
3 Синоном аа земање дрога (ЛСД).
4 Познат кварт во Минхен.
5 Синоним за хашиш.
6 Познат парк во Минхен.
7 Девојки коишто се дружат со членовите на рок групите.
8 Земање дрога со шприц.
9 Junkies - синоном за наркоманите.
10 Позната установа за душевно болни.
11 „Без дрога - нема надеж".

[врати се назад]