За Библијата

Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе

Артикли

Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе

Библиотека

Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе
















BO КАНЏИТЕ HA CTPABOT

    Кога имав десет години, јас бев предодреден да бидам алкохоличар, иако дотогаш не бев вкусил ниту капка алкохол. Моите родители морале да се венчаат, бидејќи сум бил на пат да се родам. Светлината на денот сум ја видел во францускиот дел на Швајцарија, а кога имав две години, нашата фамилија доби уште еден член: добив брат, кого мајка ми просто го обожуваше. Уште од најраното детство ми остана чувството дека сум несакано дете. He можам да се сетам дека сум добил макар и трошка нежност.
     Кога во 1939-тата година избувна Втората светска војна, нашето семејство замина за Франција. Таму одев на училиште, и како единствено Германче, бев отфрлен од француските деца. Бев нарекуван „германска свиња". Така и се однесуваа кон мене. Кога ќе се слушнеше тревога за воздушен напад и кога учителката заедно со класот ќе потрчаше кон засолништето, таа ме враќаше назад во училишниот двор. Во засолништето за мене немаше место.
     И ден-денес не можам да го заборавам тој страв што го чувствував од звукот на авионите во низок лет. Уште тогаш доживував кошмари и страшни соништа. Во еден таков сон, се наоѓав во темница на некој рид. Гледав во долината, и таму имаше урнатина од чијшто изглед крвта во жилите ми се смрзнуваше. Зад оваа урнатина се простираа илјадници жици кон бескрајот. И пред да сфатам што се случува, ќе се заплеткав во тие жици и бев фрлан овде-онде. И во вториот сон беше мрачно. Се наоѓав на еден балкон на вториот спрат од една куќа во форма на латинската буква „U". Куќата немаше прозорци, туку правоаголни дупки. Од една од дупките излегуваше едно привидение со наметка и со долга кама во рацете, и почнуваше да ме прогонува. Бегав, обземен од страв, и кога ќе се свртев кон прогонителот, тој исчезнуваше во некоја од дупките. Кога потоа ќе погледнев во далечините, се појавуваше некој град на хоризонтот, со многу златни кули и куполи. Градот сјаеше во прекрасни бои, така што јас го гледав како маѓепсан. Но, наеднаш сонот ќе завршеше.
     И двата сона ги сонував постојано, се до мојата тринаесетта година. Наскоро германските војници влегоа во Франција, a ние, како Германци бевме вратени назад во Германија. Се населивме во Вупертал. Татко ми беше повикан во војска и пратен во Русија. Таму загина во 1943, кај Ленинград.
     Во тоа време, кога почнаа англиските и американските напади на Вупертал, бев одведен во логор за деца во Јоштат. Новата околина беше прекрасна, но односот кон нас децата беше одвратен. Воспитувачите не тероризираа и ѕверски ја злоупотребуваа нашата детска беспомошност. Особена радост им причинуваше да не будат на полноќ. Ќе се повикаа „Тревога!", на што ние моравме сите како еден да срипаме од креветите и да застанеме мирно. Потоа ни ги прегледуваа креветите. Ако кај некое дете се утврдеше дека креветот е наводенет, тоа мораше да се соблече голо. Воспитувачите ги вадеа своите ремени, ја повлекуваа токата на крајот, и маваа се додека не потечеше крв. Кога беа особено лошо расположени, не поведуваа во сушалната и не тепаа со тупаници, додека носот не ни се раскрвавеше. Јас по двапати или трипати во седмицата бев меѓу несреќните. Дали можете да си го замислите мојот страв? После одењето в кревет, по дваесетина пати станував, одев во тоалетот и пак се плашев дека на полноќ ќе бидам меѓу жртвите.
     На крајот на војната, пред да дојдат Русите, бевме напуштени од управата на логорот. Остана само една жена, која за јадење ни приготвуваше печурки што ги собиравме во шумата. Русите, коишто дојдоа наскоро, беа многу љубезни кон нас. Сеуште добро се сеќавам кога дојдоа со еден стар „опел кадет" и ни делеа бомбони и чоколади. Потоа како дванаесетгодишно дете заедно со уште три други деца, преку Лајпциг избегав кон Бад Харзбург на Запад. Откако ја минавме границата кон запад, одевме по една улица кон Бад Харзбург. Кога стигнавме таму, луѓето зачудени и возбудени не прашаа од каде сме дошле. Откако им го опишавме нашето патешествие, тие не можеа да се изначудат. Патот iio кој сме минале бил полн со мини. Потоа дојде еден американски џип и еден офицер не снабди со најпотребното, така што можевме да се вратиме во нашиот роден крај. Кога во август 1945 година дојдов во разурнатиот Вупертал, ме погоди уште еден непријатен шок. Во станот на мајка ми затеков пијанки, веселби и неред. Уште од влезната врата вриеше од шверцери и окупациски војници. Тука беа и пријателките на мајка ми. Алкохолот течеше како река.
     Bo родителскиот дом продолжи тепањето заради ноќното мокрење. Секогаш кога тоа ќе се случеше, мајка ми ме тепаше до модрици. Кога наутро, со куси пантолони, ќе отидев на училиште, моите другари можеа да ги видат трагите од ќотекот со рачка од метла, што го добивав од мајка ми. Беше навистина грозно, како што само децата можат тоа понекогаш да го прават. Тие наоѓаа задоволство во тоа уште повеќе да ми ги зголемуваат маките и да ме удираат по модриците. He ми преостануваше ништо друго, туку некаде да се кријам за време на големиот одмор, за потоа одненадеж да се појавам, трчајќи при започнувањето на следниот час.
     Тогаш за првпат ми се јави мислата да извршам самоубиство. Повеќе не сакав да живеам, но не знаев како да си го одземам животот.
     Дома постојано имавме посетители: англичани и црноберзијанци. Тука се среќаваа и се занимаваа со црноберзијански работи, со кои и ние се одржувавме во живот. Мајка ми имаше многу господа кои и беа пријатели, а во суштина, си живееше како што сакаше. Стана многу егоцентрична и нервозна, и се и беше преку глава. За најмала ситница таа се разбеснуваше. Затоа за мене беше многу тешко, како млад човек, да се развивам здраво и правилно. Мојот живот беше целосно исполнет со страв и фрустрации. Кога ќе се случеше да згрешам, мајка мн знаеше само да ме кара и навредува. Велеше дека сум бил глуп и безвреден. Никогаш не и текнуваше да најде начин да разговараме за моето поведение или, пак, да ми даде некое охрабрување или утеха. Секогаш кога ќе се вратев дома, ме исполнуваше страв и се прашував во какво ли расположение ќе ја најдам мајка ми. Тоа беше тежок живот.
     He би сакал да ја осудувам мајка ми. Сигурно дека и таа била жртва на тоа лошо време, но имаше и моменти кога таа беше многу добра со мене. Војната ги остави своите траги и врз нејзиниот живот.
     На 14 години почнав да учам алатничарска школа во една фирма во Метман. Секој ден патував со воз. Навечер во станичното бифе, чекајќи го возот, седев и пиев кафе или лимонада.
     Еден ден дојдоа другарите и ме прашаа каков сум тоа слабак кога не пијам пиво како вистински маж. И за прв пат во животот по лимонадата си порачав половина литар пиво. Откако го испив пивото, почувствував некое внатрешно олеснување и се ослободив од притисокот што ме мачеше. Од таа вечер јас веќе не порачував ниту кафе, ниту лимонада. По две недели веќе не ми беше доста една чаша пиво. He потраја долго и јас го доживеав своето прво пијанство. Осаменоста и недостатокот на заштита дома, направија се почесто да киснам по крчмите.
     Кога како чирак си го сменив работното местото, се запознав со еден колега, којшто ме заинтересира за усна хармоника. Си купивме инструменти, почнавме да вежбаме и го основавме триото „Асмус - усна хармоника". Отпрвин вежбавме во визбата на една пивница, па потоа настапувавме на мали месни свечености. По секоја претстава бевме пијани. Нашето трио набргу се прочу и надвор од градот и не покануваа на разни приредби. Еднаш дури не викнаа и на снимање во Диселдорф, кадешто настапивме во телевизиската емисија „Секој може да се придружи". Многу ме потресе фактот што мојата девојка, со која одевме три и пол години, ме излажа со друг. Тогаш сиот свет и сиот мој живот ми станаа сосема бесмислени.
     Постојано се вртев по ноќните локали и единствената утеха ми беше после работа да се „опуштам". Секое опивање ми годеше, но понекогаш ми задаваше и маки. Главно беше што можев се да заборавам. Секоја моја мисла и работа се насочуваше кон тоа да можам да се опивам. Нормалните луѓе не можат да ја разберат оваа потреба на нестабилните луѓе.
     Алкохолот целосно ме обзеде. Јас, којшто порано бев страшлив и повлечен, се претворив во тепач и ги загубив сите позитивни чувства кон моите ближни. Во тоа време и полицијата дозна за мене.
     Кога еднаш во една крчма стоев на шанкот, две осумнаесетгодишни момчиња ми застанаа од двете страни. Откако си порачав една чаша пиво, момчето одлево ми ја грабна чашата. Откако си порачав и друга чаша, другото за миг ми ја грабна. Кога ми го испија и третото пиво, ме обзеде незадржлив гнев, и на сиот глас викнав: „Господине крчмару, четвртата чаша ќе биде моја!"
     Потоа се случи она што мораше да се случи. Еден од двајцата неранимајковци посегна по четвртата чаша, a јас ги грабнав и им ги треснав главите. Потоа низ влезната врата ги исфрлив на улица, по што крчмарот викна полиција.
     Кога дојде полицијата, истрчав на улица и застанав спроти ѕидот на крчмата. Младиот полицаец, којшто ми пријде остро и ми застана на ногата, беше следниот што си го доби, а ниту двајцата негови колеги не си поминаа подобро.
     За моите сили ова беше навистина на границата на неможното, но заради алкохолот што го испив - а бев речиси пијан - ми „прегореа некои осигурувачи" и веќе се „откачив".
     Последиците беа следните: три месеци затвор и 210 марки парична казна заради отпор спрема властите и телесни повреди.
     Еден ден, откако мајка ми пак се омажи и привремено почнав да живеам кај неа, на улица сретнав еден мој стар познаник што тогаш беше застапник на една фирма за правосмукалки. Me поздрави и ме праша: „Вили, како си?" Јас му одговорив: „He ме бива, разочаран сум што немам една река пиво да испијам."
     Тогаш човекот ме покани дома кај него, за да ми ја понуди таа река. Се разбира, јас сметав на едно пристојно локање и бев наполно збунет кога неколку минути потоа се најдов покрај едно чисто масиче прекриено со чаршав. После кафето, тој ми тутна под нос снопче трактати под наслов „Спасение", издадени од Синиот Крст (Сојузот за борба против алкохолизмот, еден вид „трезвено друштво", заб. прев.). Јас бев токму стасан за кај нив и ми беше понудено да присуствувам на една седница на Синиот Крст.
     После една посета кај нив, веќе се согласив да ја потпишам обврската цела година да не ставам в уста ни капка алкохол. По шест недели се почувствував многу силен и се обидов јас да спасувам еден пијаница од крчмата. Човекот, пак, се одушеви од идејата пак да ме врати во крчмата и да ме залепи за шанкот. Така се случи моето прво враќање кон пијанството.
     Кога пак се појавив на седница во Синиот Крст, ми рекоа дека морам јасно да се одлучам за Исус Христос, ако не сакам да ме јадат кучињата. Требаше дури и да се молам, иако тоа ми се чинеше глупаво. Си реков: „Па добро, да пробам малку, тоа ништо нема да ме чини".
     Кога вечерта си дојдов дома, седнав во креветот и сакав да се молам. Почнав со зборовите: „Драги Господе Исусе...", но потаму не можев, бидејќи пред очите почнаа да ми се привидуваат страшила. Срипав од креветот и потрчав кај мојот лекар, исплашен дека сум паднал во делириум. Тој само ми рече да отидам на психијатар.
     Кога нак отидов на состанок кај „трезвениците", ме прашаа дали сум се молел. „He можам повеќе да се молам", им реков, „бидејќи многу се уплашив од молењето." „Тогаш ќе се молиме заедно", рече еден од нив. Иако се бранев и се вадев колку што ме држеа силите, тој беше настојчив. Се повлековме во соседната собичка, и човекот се молеше за мене. Тешко би можел да опишам што се случуваше за тоа време во мојата внатрешност, ми се чинеше дека нешто ќе ми експлодира во утробата.
     Иако по оваа молитва малку се смирив, сепак наскоро пак му се вратив на алкохолот. Тогаш антиалкохоличарите ми препорачаа да најдам некое лекувалиште. Откако долго се опирав, сепак се одлучив за лекувалиштетото „Силоа" кај Диселдорф. Таму останав шест месеци.
     Оттаму излегов како „излекуван" и пак се вратив кај мајка ми. Таа ме вработи во нејзиниот дуќан, каде што покрај другото, се продаваа и жестоки пијалоци. Шест недели се одеше добро, се додека еден трговски претставник не ми спушти едно шишенце во џебот. Co помешани чувства го зедов подарокот и го испразнив на една голтка. Co тоа паднаа во вода сите мои цврсти одлуки.
     Кога во осум и пол часот мајка ми се појави во дуќанот, јас веќе имав испразнето уште едно шише ракија, бидејќи почнував со работа уште во шест часот наутро, кога ги изложував весниците и ги послужував првите муштерии. Извесно време мајка ми не забележа недостаток во шишињата, но бидејќи се повеќе пиев, тоа веќе не можеше да се скрие и мајка ми ме избрка од дуќанот.
     Така пак се најдов на улица. Me прибра Алфред, човекот од Синиот Крст, се до следното лекување кое го поминав во Хасламуле. Првите четири недели добро ги поднесов. Потоа со еден пациент отидовме да се шетаме. Поминувавме покрај еден голем селски двор. Таму не понудија со шира. Јас за ширата сметав дека е безалкохолен пијалок, и така со благодарност прифативме да се напиеме. Ширата имаше прекрасен вкус, па откако испив цел литар и излегов на свеж воздух, сфатив дека овој подмолен пијалок содржи алкохол. Така поднапиени си дојдовме во лекувалиштето. За несреќа, мојот колега почна да пее, така што таму не открија и следното утро моравме да си ги спакуваме куферите. Сепак, по неколку седмици, добив писмо од д-р Рит, раководителот на лекувалиштето во Хасламуле, во кое ми нудеше да го продолжам лекувањето. И така, пак ме примија и за следните шест месеци. Таму можев нешто и да научам. Д-р Рит беше вистински христијанин и многу ми помогна. На крајот од лекувањето, Алфред ме зеде кај себе и пак живеев со неговото семејство.
     Така туркав четири месеци, но пак ме привлекуваа крчмите. Го сакав тој живот, танцувањето, девојките... Во еден локал за танцување, запознав една девојка. И порачав чаша вино, а за себе една кока-кола. Но таа се побуни, па ме натера и јас да пијам вино. Потоа се случи она што мораше да се случи. Пред неа се срамев и не сакав да откријам дека сум алкохоличар. И така, кој знае по кој пат, пак му се вратив на алкохолот.
     Следните денови се напив до бесвест. Откако преседов неколку дена и ноќи во смрдеата на алкохолот. отидов да работам неколку дена. Но секаде ме следеа проблеми, бидејќи бев како луд по алкохолот.
     На крајот пак се одлучив да одам во Хасламуле, таму да го поминам барем годишниот одмор. Но тукушто стигнав на тамошната железничка станица, се опив и не ми беше згодно да се јавам во лекувалиштето. Тогаш отидов во еден хотел и влегов во бањата да се капам. Неколку часа подоцна, еден лимар ме спасил од давење во кадата. Сум заспал, па вработените во хотелот морале да ја скршат вратата, бидејќи се плашеле дека се случило најлошото. За малку ќе сум се удавел во кадата!
     После оваа страшна случка најдов еден бар и неколку дена живеев со една барска дама. Така ми приврши одморот. Кога ги минував последните денови од одморот и седев во еден локал, одеднаш пред мене се појави д-р Рит. Се засрамив до смрт, но сепак појдов со него во лекувалиштето. He можам да го заборавам бурното смеење на пациентите со кое бев пречекан. За еден миг се врати сета моја безнадежност и страв.
     После неколу дена се вратив дома измачуван од страшните последици од апстиненцијата, беспомошен и скршен. Семејството на Алфред Топф пак ме прими кај себе. Се смилуваа над мене, иако јас толку често ги разочарував. Нивното христијанство секогаш ме засрамуваше и јасно ми ја покажуваше мојата изгубеност. Тие, заедно со другите од друштвото на антиалкохоличарите, пожртвувано се грижеа за мене. Тешко ми е да опишам колку многу ми значеше љубовта на тие христијани, и покрај чувството на вина што го имав.
     Ho зависноста од алкохолот беше посилна. Телото ми копнееше по алкохол. Наутро, кога се будев, се препотував, ме обземаше страв и почнував толку да се тресам, што се тресеа и креветот и креденецот до него. Кога ќе ја доближев ракијата до устата, тресењето преста-нуваше. Дотуркав дотаму, што не можев ниту да почнам со работа, ако првин не испијам едно шише алкохол. На работа си криев едно шише во шкафот за алишта, а друго во шкафот со алатите. Така можев да се прикривам уште неколку месеци.
     Но, една вечер, кога бев само малку поднапиен, ми дојде мислата: „Престани, веќе нема смисла!" Толку бев очаен и празен, што смртта ми изгледаше како подарок. Цела ноќ скитав како пес низ Вупертал и веќе решив да си го одземам животот. За да бидам сигурен дека нема да преживеам и да останам инвалид, побарав еден мост во близината на железничката станица, под којшто минуваа возови. Сакав да се фрлам долу и да ме прегази воз. Се обѕрнав наоколу и се уверив дека нема никој во близината. Од насоката на Келн доаѓаше еден воз. Кога беше доволно близу, сакав да се качам на оградата за да се фрлам, но одеднаш некој ме потчукна по рамото. Се стресов и се свртев. Се најдов лице в лице со некој човек, којшто во устата имаше цигара и бараше кибрит.
     Човекот се оддалечи, возот одмина и некако веќе не ми се скокаше. Духовната празнина и целосната рамнодушност веднаш ме напуштија. Остана само страста кон алкохолот.
     Тогаш западнав во депресија. Бев како отсутен и не сакав да контактирам со никого. Моите познаници, кога ќе ме видеа, само вртеа со главата.
     По неколку недели повторно претерав толку многу, што веќе сакав на се да му ставам крај. Сега сакав никој да не ме вознемирува. Се заклучив во една таванска соба и клучот го фрлив под креветот. Врзав две вратоврски една со друга, направив јамка, ја проверив дали е доволно цврста, се качив на столче и врската ја врзав за една греда. Си ја протнав главата низ јамката и за последен пат фрлив поглед низ таванскиот прозорец. Сега веќе бев предалеку отиден за да се премислам. Но кога сакав со нозете да го турнам столчето, во главата ми дојде ваква мисла: „Исусе, ако е вистина дека Ти си жив, помогни ми сега!"
     He знам како сум излегол од јамката. Само се сеќавам дека лазев под креветот и го барав клучот, ја отклучив вратата и истрчав надвор. Кога минував покрај една крчма, ме стигна мирисот на пивото и ми дојде да влезам. Тогаш викнав колку што ме држеше гласот: „Исусе, Ти ми ја спаси главата од јамката! Пренеси ме сега безбедно покрај крчмите!" И така, со трчаница поминав покрај крчмите и дотрчав во еден клуб на Синиот Крст. Кога човекот ми ја отвори вратата, се стаписа. Мора да сум изгледал страшно. Целосно исцрпен,долго сум спиел.
     Од тој ден в уста веќе не ставив ни капка алкохол. Тогаш ми стана јасно дека Исус Христос ме спасил и дека Тој, без никакво сомнение, постои. Co еден потег мојот живот сосема се промени. Почнав да живеам и ми доаѓаше да викам: „Исус е жив, Исус е жив!" Повеќе не се плашев. Сега знаев: Исус Христос умрел на крстот и за мене. Таму ја платил казната и за моите гревови, и за мојата зависност. Таму ја платил цената и за моето ослободување.
     После моето обраќање кон христијанството, понекогаш пак имав тешки моменти. Кризите на апстиненцијата честопати беа страшни- Сеуште се секавам како еднаш шетав по улиците и одеднаш почувствував како се тресам. Јазикот ми се залепи за непцето, се препотив и ми се стемни пред очите. Во тој момент, со последните сили се фатив за еден столб и се молев: „ Господе Исусе, подобро овде да умрам отколку пак да му се вратам на алкохолот. Те молам држи ме цврсто кај Себе, за да не почнам пак да пијам."
     После овој повик кон небото, сум изгубил свест и сум паднал на земја. Кога повторно дојдов при себе, околу мене видов многу луѓе. Тие ме подигнаа на нозе и по кусо време можев сам да си го продолжам патот.
     Веќе минаа години. Во организацијата на Синиот Крст сега и јас можам да придонесувам, и веќе девет години работам со младите. На мојот Господ My служам до ден-денес. Кога и самиот си спасен, има смисла да им носиш спасение и на другите.
     Библијата ми стана драгоцен придружник во животот.
     Исус Христос ми подари жена и една прекрасна ќерка, мене, на еден безнадежен пијаница. Тој, Синот на живиот Бог, Којшто е реалност што може да се доживее, до денес го сочувал мојот живот. He би сакал да поминам ниту еден миг од мојот живот без Исус Христос. Toj e чудесен Спасител, за Кого не постојат безнадежни случаи. Довербата во Hero навистина се исплатува.
     „Јас не се срамам од Евангелието, бидејќи тоа е сила Божја која му носи спасение на секој што верува" (Послание до Римјаните, 1:16-17).

[врати се назад]