За Библијата

Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе

Артикли

Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе

Библиотека

Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе

















ВО ШТО СЕ СОСТОИ РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ
БИБЛИЈАТА И ОСТАНАТИТЕ КНИГИ?

    Најнапред, Библијата се разликува од другите книги по тоа што е полна со свежина која зрачи од неа. Да повторам уште еднаш: за да се искуси таа свежина, потребно е нејзино темелно и длабоко истражување. Некој во неа може да најде одговор на прашањата за иднината, друг можеби ја чита за да ја исмее, а трет пак, ја чита за да го запознае Бог. Првиот и вториот веројатно ќе се разочараат од неа, но затоа пак третиот ќе добие вечен живот.
    Библијата е непресушен извор и може да се чита еднаш, двапати, десетпати и секогаш да е со истата свежина. Еден шведски писател рекол: „Библијата е се уште моќен извор на животот како и порано. Може ли некој да потврди дека Библијата уништила нечиј живот? Таа е Божји Збор, нежен развигор на вечноста и можеш да ја читаш колку што сакаш, а да не се умориш".
    Англискиот физичар Мајкл Фарадеј (1791-1867) со глад ја читал Библијата. и со голема љубов им зборувал на луѓето за неа. Би можеле да споменеме уште цела галерија личности, кои зборувале за убавината и за свежината на Библијата.
    Светото Писмо е оаза сред пустина, каде што жедната и уморна душа може да најде поткрепа. Во Библијата мнозина нашле утеха кога биле во голема жалост, или надеж кога биле во очај. Таа е секогаш свежа, што не е случај и со другите книги. Ретко кога читаме некоја книга по втор пат, а да не ни биде здодевна. Уште се поретки книгите кои ги читаме по трет пат. Тоа е разликата помеѓу живата и мртвата книга. Co ова не порекнуваме дека постојат прекрасни книжевни ремек-дела, но ниедно не може да се спореди со Библијата која ги надвишува сите заедно.
    Можеби некој ќе рече: „Па и неа ја напишале луѓе!". Да, тоа е вистина, но да видиме што вели за тоа самата Библија: „Знајте го прво тоа дека ниедно пророштво од Писмото не е сопствено кажување на пророкот. Зашто никогаш според човековата волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале просветлувани од Светиот Дух" (2 Пет.1:20-21).
    Секој збор што се наоѓа во Библијата е инспириран, односно вдахновен од Светиот Дух и содржи живот. Луѓето кои биле инспирирани од Светиот Дух ја напишале оваа книга. Книгите од светската литература, колку и да се вредни и признати, сепак бргу застаруваат. Се случува во книжарниците да се продаваат книги по намалени цени. Зошто? Главната причина е неактуелноста на тие книги. Една теорија заменува друга, па така книгите стануваат несовремени. Единствено Библијата останува свежа, современа и секогаш на цена. Колку ли само крадци постанале чесни луѓе преку оваа книга. Еден американски гангстер го опишал својот живот во една своја книга под наслов: „Бев гангстер". Иако бил роден во христијанско семејство, сепак тргнал по погрешен пат. Во текот на 2. Светска војна станал специјалист за електроника, a no војната се вработил во полицијата изработувајќи апарати за прислушување. Иако бил познат по своите пронајдоци, според неговото мислење не бил доволно платен. Така, се одлучил да работи за гангстерите, додека и сам не станал еден од нив. Во подземјето на Калифорнија доживеал многу авантури. Во ноември 1949 година, во Лос Анџелес, под еден шатор ја слушнал пораката на евангелизаторот Били Греам, и после проповедта поттикнат од самата порака, решил да го остави стариот начин на живеење. Го примил Христос во своето срце и тоа било почетокот на неговиот нов живот. Многу нешта со кои ги мамел луѓето ги продал за да им ги врати парите на измамените. Преку Божјиот Збор, Библијата, овој некогашен гангстер, станал чесен и вреден христијанин. Ова е само доказ дека Библијата поседува моќ на трансформација, што не е случај со ниедна друга книга.
    Сепак, и покрај ова како и многу други сведоштва, постојат луѓе кои неуморно се обидуваат да го поткопаат и урнат угледот на Библијата и ја споредуваат со обичните книги. За жал, и некои христијани ги прифатиле овие критики како основани, па верата во Бог им се разнишала. Затоа, уште денеска потребно е да се заземе јасен став во поглед на тоа прашање, за да можат младите во верата кога се пред искушение, да најдат цврста потпора. А оние кои се уште не поверувале, да ја разберат и да откријат какво богатство се крие во Библијата.
    Се до денес, науката не е во состојба да одговори на прашањето: која е причината за смртта? На ова прашање, Библијата дава кус и јасен одговор: „ Платата за гревот е смрт!" (Рим. 6:23).
    Тоа значи дека причината за смртта е гревот на човекот. За ова зборува и мудриот Соломон во своите Поговорки: „ Правдата го издига народот, a гревот е за негов срам " (14:34).
    Причината за секоја неволја е во непослушноста кон Бог. Ако некој сака да добие одговор на прашањата од животна важност, мора да ја чита Библијата сериозно и темелно, бидејќи само така ќе дојде до саканата цел. Брзото и површно читање како и критикувањето, никаде не водат. Кој ја чита Библијата со отворено и искрено срце, преку неа може да дојде во контакт со живиот Бог.   ...назад

Крај