За Библијата

Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе

Артикли

Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе

Библиотека

Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе

















ДЕСЕТ ПРИЧИНИ ЗОШТО ВЕРУВАМ ДЕКА БИБЛИЈАТА Е ЗБОРОТ БОЖЈИ
од Р.А.Тори (R.A.Torrey)

   Бев донесен да верувам дека Библијата беше Зборот Божји. На млади години прифатив како таков под влијание на авторитетот на моите родители, но никогаш не се запрашав сериозно. Но покасно во мојот живот мојата вера во Библијата беше многу растресена преку влијанието на пишувањата на многу познати, учени и брилијантни скептици. Се најдов себеси лице во лице со прашањето, Зошто верувам дека Библијата е Зборот Божји?

   Немав задоволувачки одговор. Се посветив да одам дното на оваа прашање. Ако задоволувачки доказ не може да биде најден дека Библијата е Зборот Божји, ќе се откажам од сета оваа работа, колку и да ме чини тоа. Без сомнение имав многу пријатели кои можеа да имат задоволувачки одговор на ова прашање, но не сакав да се им ја доверам борбата која што се случуваше во моето срце; така побарав помош од Бог и од книги, и после големо проучување и мислите ми беа извадени од темнината на скептицизмот во голема светлина на верата и сигурност дека Библијата од почетокот до крајот е Зборот Божји. Следниве страници главно доаѓаат од тоа искуство на конфликт и конечна победа. Ќе дадам Десет Причини зошто јас верувам дека Библијата е Зборот Божји.

Прво, на основата на сведоштвото на Исус Христос

   Многу луѓе го прифаќаат авторитетот на Исус Христос но не го прифаќаат авторитетот на Библија како целина. Сите ние треба да го прифатиме Неговиот авторитет. Тој ни е потврден нам преку пет Божествени сведоштва: преку сведоштвото на Божествениот живот што го живееше; преку сведоштвото на Божествените зборови што ги збореше; преку сведоштвото на Божествените дела што ги вршеше; преку Божественото потврдување на Неговото воскресение од мртвите; и преку сведоштвото на Неговото Божествено влијание на историјата на човештвото. Но ако го прифатиме авторитетот на Христос мораме да го прифатиме и авторитетот на целата Библија. Тој дефинивно и конкретно ни сведочи за Божественото авторство на целата Библија.

   Го наоѓаме Неговото сведоштво како Стариот Завет во Марко 7:13. Тој овде го наречува Мојсеевиот закон "Зборот Божји". Тоа, се разбира се однесува на првите пет книги од Стариот Завет, но во Лука 24:27 читаме, „И кога почна од Мојсеја и од сите пророци, им протолкува што е пишано за Него во целото Писмо." и во 44-тиот стих Тој вели: „Тоа се зборовите што ви ги зборував додека уште бев со вас, дека треба да се исполни си што е напишано за Мене во Мојсеевиот Закон, во Пророците и во Псалмите.” Евреите го поделиле Стариот Завет на три дела - Законот, Пророците и Псалмите - и Христос ги зема секој од тие делови и го отпечатува Неговиот авторитет врз нив. Во Јован 10:35 Христос вели: „Писмото не може да биде нарушено," така учејќи ја апсолутната точност и неприкосновеност на Стариот Завет. Дури и по специфично, е возможно во Матеј 5:18, Исус вели, „Зашто вистина ви велам, додека не поминат небото и земјата, ниту најмалата буква (јота), ни цртичка, не ќе ја снема од Законот, додека не се збидне си." Јотата е најмалата буква од Еврејската азбука - помала од половината по големина од било која друга буква, а цртичка е најмалата точка од консонанта - помалку од крстот што го ставаме во „т" - и Христос овде ни изјавува дека Писмата се апсолутно вистинити, дури до најмалата буква или точка од буквата. Така, ако го прифаќаме авторитетот на Христос, мораме да го прифатиме и Божествениот авторитет на целиот Стар Завет.

   Сега, што се однесува за Новиот Завет. Го наоѓаме Христовото потврдување во Јован 14:26, „Утешителот, Светиот Дух, Кого Татко Ми ќе Го испрати во Мое име, ќе ве научи си и ќе ве потсети на си што ви реков." Овде гледаме дека не само учењето на Апостолите требаше да биде целосно вдахновено, но и нивните сеќавања на тоа што самиот Христос учеше. Понекогаш не прашуваат како знаеме дека Апостолите правилно се сеќаваатп што тоа Исус рекол - „можеби заборавиле?" - точно, мoжат да заборават, но самиот Хритос во Евангелијата ни вели дека не Апостолското сеќавање на тоа што Тој рекол, но Светиот Дух ќе ги потсети, а Духот Божји никогаш не заборава. Во Јован 16:13-14, Христос вели дека Светиот Дух ќе ги води Апостолите во „целата вистина", така во учењата на Новиот Завет имаме целосна сфера на Божјата вистина. Учењето на Апостолите е повеќе комплетно отколку тоа на Исус, затоа што Тој вели во Јован 16:12, „Имам уште многу да ви кажам, но сега не можете да носите. А кога ќе дојде Тој, Духот на Вистината, ќе ве упати во сета вистина," Додека Неговото учење беше делумно поради нивната слабост, учењето на Апостолите, под ветувањето на Духот, беше да се земе во целосната сфера на Божјата вистина.

   Така, ако го прифатиме авторитетот на Христос мораме да го прифатиме тоа и за целата Библија, но мораме, како што видовме, да го прифатме Христовиот авторитет.

Второ, на основата на исполнетите пророштва

   Има два вида на пророштва во Библијата - прво, јасно формулирани, и второт усни пророштва.

   Во првите имаме имаме јасни пророштва кои се однесуваат на Евреите, безбожните народи и Месијата. Ако на пример ги земеме пророштвата за како илустрација, да погледнеме во Исаија 53, Михеј 5:2, Даниел 9:25-27. Многу други можат да бидат спомнати, но тие ќе ни послужат како илустрации. Во тие пророштва, напишани стотици години пред да дојде Месијата, ги имаме најпрецизните тврдења за начинот и местото на Неговото раѓање, начинот на Неговиот прием од страна на луѓето, како Неговиот живот ќе заврши, Неговото воскреснување и Неговата победа над смртта. Кога тие пророштва биле запишани биле крајно неверојатни, изгледале невозможни да се исполнат; но тие биле исполнети до најситен детал за начинот и местото и времето. Како да го објасниме ова? Човек не можел да ги предвиди овие неверојатни настани - тие се случиле после стотици години - но Бог можел, и Господ е Тој кој зборел преку тие луѓе.

   Но пророштвата ??? се во повеќе чуден стил. Се што е во Стариот Завет - историјата, институциите, церемонииите - е пророчки. Првосвештеникот, обичниот свештеник, Левитите, пророците, свештениците и цареците, се е пророштво. Скинијата, ???? се пророштва. Во сите овие работи, проучивајќи ги детално и сериозно во светлина на историјата за Исус Христос и црквата, гледаме откривање на старите институции ракоположени од Бог да наоѓаат директна цел, пророштва за смртта, искупувањето, и воскреснувањето на Христос, денот на Пентекост, и целата историја на црквата. Ги гледаме длабоките Христијански учења на Новиот Завет, предвидени во тие институции во Стариот Завет. Единствениот начин на кој можеш да го цениш сето ова е да земеш во самата Книга самиот и да студираш се за жртвите и празниците, итн., се додека не ги најдеш вистините на Новиот Завет како сјаат во Стариот. Ако, во студирањето на некои елементарни форми на живот, основни органи, кои се непотребни сега, но со процесот на развој станале за употреба во тој животински наследник, велам, грбот на тие елемантирани органи е Бог, Кој в најмалото животно, приготвува за живот.

Трето, на основата на единството на книгата

   Тоа е еден стар аргумент, но доста задоволувачки. Библијата се состои од шеесет и шест книги, напишани од повеќе од триесет различни луѓе, и период на составуање кој се протега повеќе од ијлада и петстотини години; напишан на три различни јазици, во многу различни земји, и луѓе од секаков тип на социјален живот, од овчари до рибари и политичари, се до цареви на нивните престоли; напишана под секакви видови на околности; но и покрај сите овие чудесни ситуации и околности и луѓе наоѓаме едно апсолутно единство на мислата.

   Прекрасно нешто за тоа е што оваа единство не се основа на површинското. На површината често пати изгледа дека има контрадикторности, и единството доаѓа само после длабоко и долго проучување.

   Уште по прекрасно е живиот карактер на единството, започнувајќи од првата книга и се додека не се стигне до кулминацијата во последната книга од Библијата. Го имаме прво семето, потоа посадувањето, потоа развитокот, расцветувањето и на крајот берењето на плодот.

   Да претпоставиме дека огромна градба треба да биде издигната, и се донесени секакви камења од различни места. Секој камен бил изделкан во крајната форма во каменоломот каков што бил донесен. Овие камења биле од секаква форма и големина, квадратни, цилиндрични, тркалезни, итн., но кога биле донесени заедно секој камен си го нашол своето место, и кога биле ставени заедно, изникнал пред тебе апсолутно перфектен храм во секој линија, со своите куполи, ѕидови, потпорни ѕидови, подови, никаде дупка или пукнатина. Како си го објаснуваш тоа? Би можел да речеш:

   „Основата на тие индивидуални работници во каменоломот била умот на некој архитект со експертен ум кој испланирал сe, и дал на секој работник инструкции што да работи."

   Така и во овој величествен храм на Божјата вистина која ја нарекуваме Библијата, чиишто камења се биле оформувани во долг период од време и на место толку отдалечени едно од друго, но и најмалото делче се вклопува со другото делче, приморани сме да речеме дека основата на човечките раце кои пишувале била Брилијантен ум кој ги научил.

Четврто, на основата на неизмерната супериорност на учењата на Библијата споредени со било која и секој друг книга

   Доста модерно е во некои кругови да се споредуваат учењата на Библијата со учењата на Буда, Конфучие, Сократ, Маркус Аврелиј, и голем број на други автори од народите. Разликата меѓи учењата на Библијата и оние на другите луѓе се наоѓа во три точки--

   Прво, Библиjata во себе содржи ништо друго освен вистината, додека сите други имаат вистина помешана со грешки. Вистина е дека Сократ учел како еден филозоф треба да умре; исто така учел како жена од градот треба да го спроведе својот бизнис. Постојат скапоцени камења во учењата на овие луѓе, но (како што Џозеф Кук една рекол) тие се „скапоцени камења извадени од калта."

   Второ, Библијата ја содржи целата вистина. Не постои вистина која што може да биде најдена било каде за морална или духовна тема која што не можеш да ја најдеш во содржината на кориците на старата Книга. Често кога зборувам на оваа тема, прашувам некој да ми донесе една вистина за некоја морална или духовна тема, којашто не можам помеѓу кориците на оваа книга, и никој не можел да го направи. Имам поминато низ многу труд да споредам некои од подобрите учења на нехристијаните со тие од Библијата. Тие навистина имаат некои скапоцени мисли, но тие се знаеле тие или не, украдени скапоцени камења, и тоа украдени токму од таа книга на која тие се исмеваат.

   Третата поента за супериорноста е ова: Библијата содржи повеќе вистина од сите книги соберени заедно. Соберете заедно од целата литература од дамнешни и денешни времиња сите убави мисли коишто можете; ставете го настрана целото ѓубре; ставете ги сите овие вистини што сте ги собрале од литературата преку сите години во една книга, и како резултат, дури и тогаш нема имате книга којашто може да го замени местото на оваа единствена книга.

   Ова не е голема книга. Во рацете држам копија којашто можам да ја носам во џебот, но во таа една мала книга има повеќе од вистината, отколку во сите книги кои што човекот ги има напишано преку сите години од историјата. Како си го објаснуваш ова? Има само еден разумен начин. Ова не е човечка книга, ова е Божја книга.

Петто, на основата на историјата на книгата, и нејзината победа над нападите.

   Оваа книга отсекогаш била мразена. ???? Целсус се обидол преку брилијантноста на неговата генијалност, Порпир преку длабочината на неговата филозофија; но не успеале, Луциан се насочил против неа со потсмевувањето, Диоклецијан со моќта на Римската империја, но не успеале. Едикт кој во позадина ја има целата машинерија на империјата било издадено наредба секоја Библија да биде изгорена, и дека секој што имал Библија треба да биде осуден на смрт. Осумнаесет века (веќе дваесет) секоја уништувачка сила што човечката наука, филозофија, ум, расудување или жестокост можело да се донесе да биде против книгата????? Ако ова беа човечки книги, ќе беа уништени и заборавени веќе пред стотици години, но бидејќи внатре се крие силата Божја, и покрај тоа што преку годините големи луѓе од светот се биле против неа, и само еден мал остаток од луѓе за неа, сеуште го исполнила прекрасно Христовите зборови, и покрај тоа што не во оригалното пророштво, Небото и земјата ќе поминат, но Моите зборови нема да поминат Марко 13:31

Шесто, на основата на карактерот на оние кои ја прифатиле и оние кои ја отфрлиле книгата

   Две работи зборуваа за божественоста на Библијата - карактерот на оние кои ја прифатиле, и по истиот начин, карактерот на оние кои ја отфрлиле. Не велам дека секој човек што исповеда дека верува во ова книга дека автоматски е подобар од оној кој не верува, но покажи ми човек кој живее несебичен, посветен живот, еден кој без резерва се предал целосно на Божјата волја, и јас ќе ти покажам човек кој верува во Библијата дека е Зборот Божји. Од друга страна, покажи ми човек кој го отфлра Божествениот авторитет на ова книга, и јас ќе ти покажам човек кој живее живот на ненаситност, или похот, или духовна гордост, или по своја соптсвена волја.

   Да си претпоставиме дека имаме книга напишана од некој писател, луѓето кои што најдобро го познаваат тој писател би рекле дека е негова, и луѓето кои што најмалку се запознаени со тој човек би рекле дека не е; кому ќе му поверувате? Сега, луѓето коиштп најмногу го познаваат Бог ќе ви речат дека Библијата е Негова книга; а тие кои што најмалку го познаваат ќе ви речат дека не е Негова. Кому ќе му верувате?

   Потаму, како што луѓето стануваат подобри тие се склонни повеќе да ја прифаќаат Библијата, и како што стануваат полоши тие повеќе ја отфрлаат. Сите ние познаваме некои луѓе кои се биле грешни и што не веруваат, коишто преку оставањето на нивниот грев, го изгубиле неверието. Дали некој од нас познава човек којшто бил грешен и што верува, и оставајќи го гревот да ја изгуби и верата? Колку што поблизу човек живее до Бог толку поуверен станува дека Библијата е Божјиот Збор; колку подалеку се одалечува од Него толку поуверен станува дека не е.

   Каде е крепоста на Библијата? Во чистиот, несебичен, и среќен дом. Каде е крепоста на неверникот? Во коцкарската сала, во кафеаната и во јавните куќи. Ако некој човек влезе во кафеана и стави Библија на шанкот, и си порача да пие, ќе си помислиме дека има некое чудно противоречие во неговите акции, но ако стави некое атеистичко списание на шанкот, и си порача да пие, нема да си помислиме дека нешто чудно се случило.

Седмо, на основата на влијанието на оваа книга.

   Има повеќе сила во таа мала книга да ги спаси луѓето, да ги очисти и да ги разубави нивните животи, отколку секоја друга литература собрана заедно - повеќе сила да го подигне човекот кон Бог. Потокот никогаш не е на повисоко од неговиот извор, така и книгата која има сила да го подигне човекот кон Бог како што никоја друга неа, мора да доаѓа од Бог на начин како што никоја друга не дошла.

   Както што пишувам, имам во умот еден човек, како никој друг, кој штп беше тотална жртва на алкохолот; човек со големи интелектуални дарби, но кој што беше притиснат и демонизиран од моќта на гревот, и беше атеист. Но Божјата светлина засвети во мрачното срце на овој човек, и преку силата на ова книга тој беше транформиран во еден од најпонизните, пријатните и прекрасни луѓе што ги знам до денес.

   Која друга книга го има направено ова? Која друга книга ја има моќта да поправи не само поединци но цели општества и нации?

Осмо, на основата на неисцрпната длабочина на ова книга

   Две илјади години нема ништо додадено кон оваа книга, и покрај тоа што многу луѓе не можеле да ја исцрпат и покрај тоа што ја проучувале цел живот. Џорџ Милер ја прочитал повеќе од сто пати, и изјавил дека секогаш кога ја читал била посвежа и посвежа. Може ли тоа да биде вистина за некој друга книга?

   Но уште по величествено од ова - не само поедини луѓе, но цели генерации веќе две илјади години копале во неа и дале на светот илјадници томови посветени на нејзиното толкување, и сеуште не стигнале до дното. Книга што е од човек напишана, човек може и да ја исцрпи, но сите луѓе собрани не можеле да стигнат до дното на оваа книга. Какво објаснување ќе дадеш за ова? Само на овој начин - дека во ова книга се сокриени бескрајни и неисцрпни богатства на мудрост и познавање на Бог.

   Еден брилијантен унитириански писател, во обидот да го дискредитира вдахновението на Библијата, рекол: „Колку безбожно е да му препишеш на еден бескраен Бог дека Го напишал целиот Него Збор во една толку мала книга." Тој не гледа како овој аргумент може да се сврти против него. Какво сведоштво е за божественоста на ова книга дека таква бескрајна мудрост може да се собере во на толку мал простор.

Девето, на основата на фактот дека кога растеме во знањето и светоста, растеме и кон Библијата

   Секоја разумно мислечка личност кога почнува да ја проучува Библијата наоѓа многу работи со кои не се согласува, но како што продолжува со проучивање и растење во сличноста на Бог, колку повеќе се доближува до Бог, толку повеќе се доближува до Библијата. Колку поблизу и поблизу доаѓа до Божјата гледна точка, толку помалку има несогласување помеѓу нас и Библијата. Кој е неизбежниот математички заклучок? Кога доѓаме таму каде што Бог е, ќе има средба помеѓу нас и Библијата. Со други зборови, Библијата е напишана од Божја гледна точка.

   Замисли си дека патуваш низ шума под команда под водство на искусен и многу препорачан водач. И доаѓаш до место каде што патот се разделува на два. Водачот ти вели дека треба да се тргне по патот на левата страна, но твоето сопствено пресудување се издига над фактите пред да види јасен доказ дека патот по кој треба да се тргне е на десната страна. Се свртуваш и му велиш на водачот:

   „Знам дека си имал големо искуство низ шумите, и дојде да ме водиш затоа што беше високо препорачан, но моето сопствено пресудување ми вели јасно дека патото на десната страна е оној по кој треба да тргнеме, и морам да го следам моето пресудување. Знам дека моето расудување не е безгрешно, но тоа е најдобриот водач што го имам."

   Но откако си тргнал по патот, после некоја далечина си приморан да запреш, да се свртиш, да се вратиш и да тргнеш по патот кој водачот рекол дека е вистинскиот.

   После некое време доаѓап на друго место каде што патот се разделува. Сега водачато ти вели дека патот на десната страна е правилниот по кој треба да се тргне, но твоето пресудување јасно ти вели дека треба да се тргне по тој лево, и повторно го следиш твоето пресудување со истиот резултат како порано.

   Откато би го имал оваа искуство четириесет или педесет пати, и секој пат си бил на погрешниот пат, мислам дека би имал доволно чувство следниот пат да го следиш водачот.

   Тоа е токму моето искуство со Библијата. Во почетокот ја примив како авторитет над другите. Како скоро сите млади луѓе, мојата доверба беше растресена, и дојдов на крстосница на патот повеќе од четириесет пати, и го следев мојот сопствен разум, и како резултат себеси грешка, а Библијата секојпат во право, и верувам дека отсега натаму ќе имам доволно чувство да ги следам учењата на Библија што и да вели моето сопствено расудување.

Десетто, на основата на директното сведоштво на Светиот Дух

    Започнавме со Бог и ќе завршиме со Бог. Започнавме со сведоштвото на втората личност од Тројството, и ќе заклучиме со третата личност од Тројството.

    Светиот Дух го става својот печат во душата на секој верник за Божествениот авторитет на Библијата. Возможно е да се дојде до место каде што нема повеќе да ние потребен доказ дека Библијата е Божјиот Збор. Исус вели: „Моите овци го слушаат мојот глас," и Божјите деца го познаваат Неговиот глас, и јас знам дека гласот што ми зборува од страниците на таа Книга е гласот на мојот Татко. Понекогаш ќе сретнеш некоја верна бабичка, која ќе ти рече дека знае дека Библијата е Зборот Божји, и кога ќе ја праша, и кога ќе ја прашаш за причината зошто верува дека е Зборот Божји, таа не може да ти даде причина, едноставно ти вели:

    „Знам дека е Зборот Божји."

    Ти велиш: „Тоа е чисто суеверие."

    Не, не воопшто. Таа е една од Христовите овци, и го разпознава гласот на нејзиниот Пастир од другите гласови. Таа е една од Божјите деца, и знае дека гласот кој и зборува од Библијата е гласот Божји. Неа не и се потребни аргументи.

    Секој може да го има тоа сведоштво. Јован 7:17 ни вели како да го добиеме. „Ако некој сака да ја исполнува Неговата волја, ќе знае дали е наукава од Бога." Само предај ја твојата волја на Божјата, без разлика каде ќе те однесе, и ќе се ставиш во позиција кон Бог што кога ќе ја читаш ова книга ќе препознаеш дека гласот што ти зборува од неа, е гласот на Бог кому ти си ја предал твојата волја.

    Пред некое време, кога зборував на нашите студенти на темата како да се зборува со скептиците, меѓу слушателите имаше еден дипломиран студент на Британски Универзитет кој беше попаднал во длабок скептицизам. На крајот на лекцијата дојде кај мене и ми рече:

    „Не сакам да бидам неучтив Г-не, но моето искуство противречи на се што рековте."

    Го прашав дали го следел правецот на моите постапки и не нашол светлина во нив. Рече дека го следел. Влегувајќи во друга соба каде што имав напишано еден завет кој гласеше:

    „Верувам дека има апсолутна разлика помеѓу доброто и злото, и така застанувам на страната на доброто, да го следам што и да ме чини. Ветувам искрено дека ќе вложам голем труд да откријам која е вистината, и ако некогаш откријам дека Исус Христос е Синот Божји, ветувам дека ќе го прифатам како мој Спасител и ќе го исповедам тоа пред светот"

    Му го дадов тоа ливче на господинот и го прашав дали ќе го потпише. Тој одговори, „Се разбира," и го потпиша. Му реков:

    „Ти не знаеш дека нема Бог, и ти не знаеш дека Бог не одговора на молитвите. Јас знам дека Тој го прави, но моето знаење нема полза за тебе, но ова е возможно клопче кон знаењето. Сега вети дека ќе ја бараш искрено вистината, што значи дека ќе го следиш ова возможно клопче. Сакам да ти предложам една молитва како ова: „О, Боже, ако постоиш, и ако одговараш на молитва, покажи ми дали Исус Христос е твојот Син, и ако ми покажеш дека е, ќе го прифатам за мој Спасител и ќе го признаам пред светот."

    Со согласи дека ќе го направи тоа. Потоа му предложив да го земе евангелието од Јован и да го чита секој ден, да чита по само неколку стиха наеднаш, бавно, но со размислување, и секогаш кога ќе чита да го моли Бог да му даде светлина. Се согласи исто така и на ова велејќи, „Нема ништо во ова." Како и да е, на крајот, го сретнав повторно, и ми рече, „Има нешто во ова." Му реков, „Го знаев тоа." Тогаш тој продолжи велејќи, како да бил зафатен од некоја река и бил однесен, и дека после не многу долго би бил христијанин.

    Пред некое време го сретнав истиот човек повторно, и ми рече дека не можел да разбере како бил толку слеп, како воопшто бил послушен на расудувањето кое го имал; дека сега тоа му се гледа крајно безумно. Му реков дека Библијата ќе му го објасни тоа, дека „А душевниот човек не го прима она што е од Божјиот Дух," но сега се ставил себе си во правилно позиција кон Бог и Неговата вистина, и сe станало јасно. Тој човек, кој ме убедуваше дека е „многу особен човек," и дека методите кои имале влијание на другите нема да имаат и нему, но ставајќи се себеси во правилен однос кон Бог, дојде до место каде што прими директно сведоштво на Светиот Дух дека оваа Библија е Зборот Божји; и секој друг може да го направи истото.   ...назад

Крај