За Библијата

Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе

Артикли

Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе

Библиотека

Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе

















КАКО ДА ГО ДОБИЕШ МАКСИМУМОТ ОД ЧИТАЊЕТО НА ТВОЈАТА БИБЛИЈА
од Томас Ватсон, скратено и модернизирано од Матеј Воган

1. Отстрани ги пречките. (а) Отстрани ја љубовта кон секој грев (б) Отстрани ги одвлечувачките грижи на овој свет, особено алчноста (Матеј 13:22) (в) Не прави шеги со Библијата и на нејзина сметка.

2. Подготви го твоето срце (1 Самуил 7:3) Направи го ова преку: (а) собирање на твоите мисли (б) Отстранување на нечистите желби и намери (в) Не приоѓај да ја читаш Библијата безгрижно или во забрзаност.

3. Читај ја со длабока почит, знаејќи дека во секој напишан ред, Бог ти зборува директно тебе.

4. Читај ги книгите од Библијата по ред.

5. Здобиј се со вистинско разбирање на Писмото. (Псалм 119:73) Ова најдобро се постигнува со споредување на соодветни делови од Писмото еден со друг.

6. Читај со сериозност. (Второзаконие 32:47) Христијанскиот живот треба да се сфати сериозно затоа што бара напредување (Лука 13: 24), а не враќање назад. (Евреите 4:1)

7. Настојувај да го запаметиш она што го читаш (Пс. 119:52) Не дозволувај да ти биде украдено (Матеј 13: 4,19). Ако не остане во твојата меморија, тешко дека ќе ти донесе придобивки и ќе ти биде од помош.

8. Размислувај на она што го читаш (Пс. 119: 15) Еврејскиот збор за размислување значи да биде интензивиран твојот разум. Размислување без читање е скок во грешка; читањето без размислување е неплодно. Тоа значи да се раздвижи приврзаноста, да се подгрее од огнот на размислувањето. (Пс.39:3)

9. Читај со понизно срце. Спознај го фактот дека си недостоен и дека е потребно да ти се открие Бог (Јаков 4:6).

10. Верувај дека сето тоа што го читаш е Божјиот Свет Збор. (2 Тимотеј 3:16) Знаеме дека никој грешник не можел да го напише сето тоа, поради начинот на кој Библијата го опишува гревот. Ниеден светец неможе да го богохули Бог со тоа што ќе се претставува дека Божјиот Збор е негов. Ниту пак некој ангел би можел да го напише од истата причина (Евреите 4:2).

11. Вреднувај ја Библијата многу високо.(Пс.119:72) Таа ти е од животно значење; преку неа беше роден (Јаков 1:18) треба да растеш преку неа (1 Петар 2:2), (Јов 23:12).

12. Сакај ја Библијата ревносно (Пс.119:159).

13. Читај ја со искрено срце (Лука 8:15) (а) Посакувај да ја знаеш целосната Божја волја, (б) Читај ја со цел да бидеш променет и да бидеш подобрен преку неа (Јован 17:17).

14. Примени го на себе се она што го читаш, сфати го секој збор како кажан за тебе. Нејзините осуди на гревот како осуди на твојот грев; должностите и послушноста кои се барани како должности кои Бог ги бара од тебе (2 Цареви 22:11).

15. Обрни големо внимание на заповедите од Библијата колку што и на ветувањата. Размислувај за тоа колку ти е потребно водство колку што ти е потребна и утеха.

16. Внимавај да не бидеш завлечен од малите ситници, но биди сигурен да обрнеш доволно внимание на големите и важни нешта (Осија 8:12).

17. Споредувај се себе си со Словото. Каква е споредбата? Дали е твоето срце нејзино пресликување или не?

18. Обрни особено внимание на оние делови од Библијата кои зборуваат за твојата индивидуална, посебна и моментална ситуација, пример (а) Болка, неволја-- (Евреите 12:7, Исаија 27:9, Јован 16:20, 2 Коринтјаните 4:17, (б) Чувство на Христовото присуство и насмевка-- (Исаија 54:8, Исаија 57:16, Пс. 97: 11) (в) Грев-- (Галатјаните 5:24, Јаков 1:15, 1 Петар 2: 11, Поговорки 7:10 и 22-23, Погов.22:14) (г) Невера-- (Исаија 26:3,2; 2 Самуил 22:31, Јован 3:15, 1 Јован 5:10, Јован 3:36).

19. Обрни посебно внимание на примерите на луѓето во Библијата кои биле како живи лекции (а) Казни (Навуходоносор, Ирод, Броеви 25:3-4 и 9, 1 Цареви 14:9-10, Дела 5:5,10, 1 Кор. 10:11, Јуда 7) (б) милост и ослободувања (Даниел, Еремија, тројцата млади луѓе во вжарената печка)

20. Не престанувај да ја читаш Библијата се додека не се вжари твоето срце. (Пс. 119:93) Нека не само те информира, но нека те пламнува (Еремија 23:29, Лука 24:32).

21. Практикувај го она што го читаш (Пс. 119:66, Пс 119:105, Второзаконие 17:19).

22. Исус за нас е Пророк, Свештеник и Цар. Ползувај се од Неговата служба што ја има како Пророк (Откровение 5:5, Јован 8:12, Пс.119-102-103). Барај од Исус не само да ти ги открие Писмата, но да го отвори твојот ум и разбирање (Лука 24:45).

23. Биди сигурен да се ставиш себе си под вистинска служба на Словото, верно и темелно да го толкуваш Зборот (Погов.8:34) биди желен и сериозен во Неговото чекање.

24. Моли се да имаш придобивки од читањето (Исаија 48:17, Пс.119:18, Неемија 9:20).

Сеуште можеш да имаш придобивки и поминувајќи преку природните препреки:

1. Можеби не изгледа дека имаш добивка колку другите. Сети се на различните приноси (Матеј 13:8) и покрај тоа што приносот не е колку онаа на другите, сепак е вистински и плоден принос.

2. Можеби ќе се почувствуваш бавен во разбирањето (Лука 9:45, Евреите 5:11)

3. Твојата меморија е лоша (а) сети се дека и покрај ова можеш да имаш добро срце, (б) сеуште можеш да ги запаметиш најважните нешта ако не можеш да запаметиш се, биди охрабрен од Јован 14:26.    ...назад

Крај