ДАЛИ БИБЛИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ СЕ ВЕРОДОСТОЈНИ?
Новиот завет е основниот извор на податоци за Исус. Затоа многу критичари во деветнаесеттиот век ја нападнале веродостојноста на библиските документи. Се чини дека непрестајно мора да се брани од оптужувањата кои тврдат дека Библијата нема историска позадина или застарела со новите археолошки наоѓалишта.
Додека предавав на државниот универзитет во Аризона, ми пријде професорот по книжевност заедно со своите студенти, после мојот слободен говор» на отворено. Ми рече: "Господине МекДовл, Вие вашите тврдења за Христа ги темелите на документи од вториот век што се застарени. Денес на своите студенти им укажав дека Новиот завет е напишан многу години после Христа, па според тоа извештаите за него не можат да бидат точни."
My одговорив: "Вашето мислење и забелешките за Новиот завет се застарени веќе 26 години."
Мислењето на професорот за напишаните извештаи за Исус имаат свој извор во заклучоците на германскиот критичар Ф.Ц. Баур, кој претпоставувал дека поголем дел од Новиот завет е напишан при крајот на вториот век. Заклучил дека тие извештаи се напишани воглавно врз основа на легенди и митови што се развиле во периодот меѓу Исусовиот живот и извештаите кои после тоа се напишани.
Меѓутоа, во деветнаесеттиот век археолошките наоѓалишта ја потврдиле точноста на новозаветните списи. Откривањето на најраните ракописи, (Џон Риланд - ракопис од 130 година; Честер Бети - папирус од 155 година и Бодмер - папирус II од 200 година), го смалува времето меѓу Христовото време и постојните ракописи од подоцнежните датуми.
Милер Буроус од универзитетот Јеил вели:
"Уште еден резултат од споредувањето на новозаветниот грчки јазик и јазикот откриен на папирусите, ја зголемува довербата во точноста на пренесувањето на самиот текст на Новиот завет."
Таквите откритија ја зголемија довербата на научниците во вистинитоста на Библијата.
Вилијам Албригт, најпознатиот библиски археолог пишува: "Сега можеме да нагласиме дека веќе не постои солидна основа за датирање на Новито завет после 80 година, цели две генерации пред 130 или 150 година, што ги истакнуваат најострите современи критичари на Новиот завет." Овој свој став го повторува во статијата "Христијанството денес". "Според мое мислење, секоја книга од Новиот завет е напишана од покрстен Евреин, помеѓу четириесеттата и осумдесеттата година од првиот век (најверојатно негде меѓу 50 и 75 година)."
Сер Вилијам Рамси се смета за најголем археолог кој било кога живеел. Бил ученик на германското историско училиште, што ја поддржувало идејата дека Делата на апостолите се напишени во средината на вториот век, а не првиот, како што самата книга укажува за себе. Откако је прочитал современата критика на Делата на апостолите, се уверил дека тие списи не се уверлив извештај за фактите од тој период (50 година) и затоа не е вреден да се разгледува од страна на историјата И така во своето истражување во Мала Азија, Рамси не обрнувал големо внимание на Новиот Завет. Меѓутоа неговите истражувања го приморале повторно да ги разгледа Лукините извештаи. Забележал темелни историски поединости и полека неговиот став кон Делата на апостолите почнал да се менува. Приморан бил да заклучи дека: "Лука е историчар од прв ранг... писател што треба да се стави на иста висина со најголемите светски историчари." И заради точноста на најситните поединости, Рамси заклучил дека Делата на апостолите не би можеле да бидат напишани во вториот век, туку во средината на првиот век.
Многу либерални библиски научници биле присилени да ги прифатат пораните датуми на пишување на Новиот завет. Др. Џон A.T. Робинсон во својата нова книга "Redating the New Testament" (Повторно датирање на Новиот завет), донесува многу радикален заклучок. Неговите истражувања го довеле до уверувањето дека целио Нов Завет бил напишан дури и пред паѓањето на Ерусалим во 70 година.
Денешната критика на обликот вели дека материјалот бил пренесуван усмено се додека не бил запишан во облик на евангелие. Иако времетраењето било многу пократко отколку што порано се верувало, сепак заклучуваат дека извештаите во евангелијата добиле облик на народна книжевност, (легенди, приказни, митови и споредби).
Една од главните критики на критиката на обликот и замислата за развивање на усно предание е тоа што времетраењето на усменото предание (како што го дефинираат критичарите), не е доволно долго за да се случат промени во самото предание, што критичарите го навестуваат. Говорејќи за краткото времетраење на пишувањето на Новиот завет, Симон Кистермаркер, библиски професор на Дорт колеџот, пишува:
"Се разбира, собирањето на народното богатство меѓу народите со примитивна култура зафаќа неколку генерации; тоа е постепен процес што се протега низ неколку векови. Но во согласност со мислењето на критичарите на обликот, мораме да заклучиме дека евангелијата се произведени и собрани во време на една генерација или нешто подолго. И според зборовите на критичарите на обликот, обликувањето на поедини евангелија мора да се сфати како продолжен проект со забрзан тек на дејствија"
А.Х. МекНеил, некогашен професор по богословија на универзитетот во Даблин, го оспорува мислењето на критиката на обликот во врска со усменото предавање. Истакнува дека критиката на обликот не се занимава со пренесувањето на Исусовите зборови со внимателност која е потребна во овој случај. Внимателното разгледување на текстот од 1. Коринтјаните 7,10.12.25 покажува внимателно чување и опстанок на изворното предание на тие зборови. Во еврејската религија вообичаено било ученикот напамет да го научи рабиновото учење. Добриот ученик бил како "исправна цистерна што не може да пропушти ни капка вода", (Мишна, Абот, II, 8). Ако погледнеме на Исусовото поучување во облик на арамејската поезија, се гледа дека било лесно да се запамти нејзината содржина.
Пол Л. Маер, професор по античка историја на универзитетот Вестерн Мичиген, пишува:
"Тврдењето дека христијанството својот мит за воскресението го развило низ подолг временски период или дека изворните податоци се напишани многу години по случувањето на случките, едноставно не е можно да се прифати."
Анализирајќи ја критиката на обликот, Албригт напишал: "Само современите експерти за старите јазици, на кои им недостига и историскиот метод и перспектива, можат да сплеткаат таква мрежа како онаа која ја исткале критичарите на обликот." Албригтовиот личен заклучок е дека "времетраењето од дваесет до педесет години е премногу кратко за да се дозволи било каква забележителна грешка во основаната содржина дури и во пооделни Исусови изреки."
Често ми се случува, кога со некој разговарам за Библијата, да добијам саркастичен одговор, дека не можеме да се потпреме на Библијата Таков човек вели: "Па Библијата е напишана пред повеќе од 2000 години. Во неа има многу грешки и недоследности." My одговарам дека јас можам да се потпрам на Библијата Тогаш му го опишувам случајот што ми се случи на едно од предавањата на часовите по историја. Изјавив дека верувам дека постојат повеќе докази и факти за вистинитоста на Новиот завет отколку за било кои десет класични книжевни дела заедно. Професорот, што седеше во ќошето, се смешкаше, како со тоа да сакаше да каже: "Ма ајде, ве молам, немојте..." Реков: "Зошто се смеете?" Тој ми одоговри: "Вашата смелост на часот по историја, да дадете таква изјава за Новиот завет, може да се сфати само како смешка." Па, ценам кога некој ќе го каже своето мислење па дури и на таков начин, бидејќи тогаш скоро секогаш го поставувам следново прашање. (Никогаш не сум добил позитивен одговор). Реков: "Кажете ми, господине, како историчар, како го поверувате било кое книжевно дело од историјата за да одредите дали е точен извадок од изворните текстови и дали е веродостојно?" Интересно е дека тој никогаш ништо не поверувал. My одговорив: "Јас имам некои методи на поверување." Сметам дека историската веродостојност на Светото писмо можеме да ја провериме на ист начин како и сите останати историски документи. Воениот историчар Ц. Сандерс споменува и толкува три основни начела на историографијата. Тоа се: Библиографска проверка, внатрешна проверка на фактите и надворешна проверка на фактите.
Библиографска проверка
Библиографската проверка е испитување на пренесувањето на текстовите со чија помош старите записи стигнале до нас. Co други зборови, бидејќи не ги поседуваме изворните текстови, се прашуваме колку се веродостојни преписите (МСС) што ги имаме со оглед на нивниот број и времето кое поминало меѓу изворниот текст и денешниот препис.
Многу е вредно и големо богатството на веродостојноста на текстовите од Новиот завет кога би ги споредиле со текстовите на другите познати антички извори.
Историјата на Тукидида (460-400 пр. Хр.) достапна ни е само во осум МСС кои потекнуваат од 900 година после Христа, скори 1300 години откако делото е напишано.
Ракописите на Хердотовата историја се исто така од подоцнежен датум и се ретки, а сепак Ф.Ф. Брус заклучува: "Ни еден експерт за класични јазици не би ја довел во сомневање веродостојноста на Херодотовата или Тукидидовата историја, само заради тоа што најраните текстови на нивните дела кои се денеска во употреба се препишани 1300 години посе изворно напишаниот текст."
Аристотел својата поезија ја напишал околу 343 година пр. Хр., а најраните ракописи на преписи што ги имаме датираат од 1100 година после Христа, скоро 1400 години разлика, а во опток има само пет копии.
Цезар ја составил својата историја на Галските војни меќу 58 и 50 година пр. Хр., a веродостојноста на тие текстови лежи само на девет или десет примероци кои датираат од периодот 1000 години после неговата смрт.
Кога доаѓаме до проблемот на вистинитоста на ракописите на Новиот завет, засрамени сме од обилноста на метеријали. После откритијата на ракописите испишани на папирус, со кои се премости разликата меѓу Хривото време и вториот век, на светлото на денот излегоа уште многу други ракописи. Денеска постојат 20000 примероци на новозаветни текстови. Илијадата, на пример, има само 643 ракописи и е на второ место според веродостојноста после Новиот завет.
Сер Фредерик Кенион, кој бил директор и главен библиотекар на Британскиот музеј и единствен авторитет што можел да дава изјави во врска со ракописите, заклучува: "Временската разлика меѓу датумот на изворното пишување и најраните познати преписи станува толку мал што, всушност, би можел да се занемари, исто како и последното сомневање во тоа дека Новиот завет до нас стигнал во целост, онака како што бил изворно напишан. Веродостојноста и општата целосност на книгите на Новиот завет може да се сметаат за одредени."
Експертот за новозаветен грчки јазик, Ј. Харолд Гренли додава: "Експертите, делата на античките класици ги прифаќаат како општо веродостојни, иако најраните преписи се напишани многу подоцна од изворното пишување и бројот на постојните текстови во многу случаи е многу мал, сосема е јасно дека веродостојноста на Новот завет е сосема сигурна"
Примената на библиографската проверка на Новиот завет не уверува дека тој има поголема веродостојност како стар текст, отколку било кое книжевно дело од старата антика. Покрај тоа и стотина години на интензивна текстуална критика на Новиот завет ни дава право да заклучиме дека е составен автентичен новозаветен текст.
Внатрешна проверка на фактите
Библиографската проверка го одреди само тоа дека текстот кој денеска го имаме е оној што е изворно напишан. Сеуште треба да се одреди дали запишаните извештаи се веродостојни и до која мерка Co тоа се занимава внаштрената проверка, втора на листата на проверки за историчноста на некое дело кои Ц. Сандерс ги поставил.
Во оваа точка литературниот критичар сеуште ја следи Аристотеловата изрека: "Сомневањето треба да оди во корист на самиот документ, а не да биде искористено на страна на критичарот." Co други зборови, како што тоа Џон В. Монгомери го поедноставнил: "Мораме да ги слушнеме тврдењата на самиот документ што го анализираме, без да се претпостави дека има грешка или лага, освен ако самиот писател не се осрамотил со некои контраверзности или погрешно наброил познати факти."
Др. Луис Гошталк, поранешен професор по историја на универзитетот во Чикаго, во водачот што на многумина им служи при историските истражувања, го објавува својот историски метод. Гошталк истакнува дека способноста на писателот или сведокот да ја каже вистината, му е од голема помош на историчарот за да ја одреди веродостојноста, "дури и ако таквата вистина е напишана во некој документ, присилно или со лага, или во друг случај била за осуда, или пак се темели на случајно сознание, или пак доаѓа од сведок што тоа го зборува заради своја корист."
Таа способност на "кажување на вистината", тесно е поврзана со близината на сведокот со запишаниот случај и географски и хронолошки. Извештаите во Новиот завет за Исусовиот живот и неговото учење, запишани се или од луѓе кои биле очевидци или биле поврзани со очевидците на вистинските случки и со учењето на Исуса Христа
Во Лука 1,1-3 пишува: "Бидејќи мнозина почнаа да пишуваат за настаните, што се случија меѓу нас, како што ни ги предадоа оние, кои уште од почетокот беа очевидци и служители на словото, намислив и јас, откако испитав се од почеток, да ти опишам точно по ред, честити Теофиле".
И во 2 Послание на Петар (1,16) напишано е: "Зошто ние ви ја покажавме силата на доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос не преку измислени приказни, туку откако станавме очевидци на неговото величие."
Во 1 Послание на Јован (1,3) пишува: "Она што го видовме и чувме за тоа ве известуваме, та и вие да имате општење со нас; а нашето општење е со Отецот и со неговиот Син Исус Христос."
Јован во своето евангелие пишува (19.35): "И кој виде - посведочи, и сведоштвото му е вистинито; и знае дека кажува вистина, за да поверувате и вие."
Лука во своето евангелие дава детален опис (3,1): "Во петнаесеттата година од владеењето на ќесарот Тибериј, кога Понтиј Пилат беше управител во Јудеја, а Ирод - четворовласник над Галилеја и Филип брат му, четворовласник во Итуреја и Трахонитската област, и Лисиниј -четворовласник во Авилинија."
Близината со случките запишани во извештаите е необично делотворно средство за потврдување на точноста на она што го изјавиле сведоците. Историчарот меѓутоа, мора исто така да ги земе во обзир и очевидците кои свесно или несвесно зборувале лага, иако биле во близина на случката и во состојба да зборуваат вистина
Новозаветните извештаи за Христа кружеле наоколу, низ подрачјата на оние сеуште живи Исусови современици. Тие луѓе сигурно можеле да ја потврдат или да ја побијат точноста на тие извештаи. Застапувајќи го својот дел од ширењето на евангелието, апостолите се повикувале (дури и пред најжестоките непријатели) на општопознатите факти во врска со Исус. Тие не велеа само: "Гледајте, па ние сме го виделе тоа.." или "Слушнавме дека.." туку во очи можеле да им кажат на своите прогонители: "И вие знаевте за тоа... и вие го видовте тоа; и сами знаете дека беше така.." Човек мора да биде многу внимателен кога пред своите противници вели: "И вие го знаете тоа". Бидејќи ако изнесените податоци не се точни до последна поединост, тогаш ќе мора тие зборови да се потруди да ги голтне назад.
"Луѓе Израелци, ислушајте ги овие зборови: Исус Назареецот, човек посведочен пред вас од Бога со сила, чудеса и знаци, што ги направи Бог преку него, како што и сами знаете." (Дела 2,22).
"А кога го зборуваше ова во одбрана, Фест извика со висок глас: "Си полудел ли Павле! Многубројните книги те довеле до лудило." A тој одговори: "He ,сум луд, уважени Фест, туку кажувам зборови на вистина со здрав разум. Тоа го знае и царот, пред кого и слободно зборувам; јас не верувам дека од сето ова нешто да му е непознато, зошто тоа не е вршено во некој агол." (Дела 26,24-26)
Во врска со квалитетот на примарниот извор на новозаветните извештаи, Ф.Ф. Брус, професор по библијска критика и егзегеза на универзитетот во Манчестер, вели: "Првите проповедници на евангелието не сметале само на пријателски расположените сведоци; имало и други кои не биле баш пријателски, кои исто така биле добро запознати со главните факти за делувањата и смртта на Исуса Христа. Учениците не смееле да си дозволат некоја неточност (да не зборуваме пак за било какво манипулирање со фактите), бидејќи веднаш би биле соочени со оние кои би се радувале кога учениците би направиле такво нешто. Напротив, една од најјаките точки на изворното проповедање на апостолите било повикувањето на вистинити работи кои на слушателите веќе им биле познати; и не само што можеле да кажат:
"Ние сме сведоци на она што ви го зборуваме", туку можеле да кажат: "И вие сами знаете за тоа" (Дела 2,22). Кога би имале и најмала намера да ги завртат фактите во било кој друг правец, можните присутни сведоци кои биле нерпијателски расположени би ги исправиле нивните тврдења."
Лауренс Џ. Мекгинли од колеџот Св. Петар, ја коментира вредноста на непријателски расположените сведоци во однос на запишаните извештаи: "Пред се, очевидците на наведените случки сеуште биле живи кога преданието било потполно обликувано; а меѓу тие очевидци имало и лути непријатели на новото верско движење. А сепак преданието било пренесувано низ добро познати дела и јавно поучувана наука во време кога лажната изјава би можела да биде нападната."
Експертот за Новиот завет Роберт Грант од универзитетот во Чикаго заклучува: "Во времето кога тие (синоптичките евангелија) биле напишани или се претпоставува дека биле напишани, имало очевидци чие што сведоштво не било можно да се занемари... Тоа значи дека на евангелијата мора воглавно да се гледа како на веродостојно сведоштво за животот, смртта и воскреснувањето на Исуса Христа."
Вил Дурант, историски истражувач, целиот свој живот го поминал анализирајќи извештаи од античкото време. Тој пишува: "И покрај предрасудите и однапред поставените теолошки заклучоци од страна на евангелистите, тие објавуваат извештаи за многу случки кои, кога би биле измислени, сигурно не би ги спомнале - натпреварувањето на апостолите кој ќе биде прв во Божјото кралство, нивното бегство после Исусовото апсење, Петровото одречување од Исус, Исусовата немоќ да направи чудо во Галилеја, спомнување на некои слушатели кои тврделе дека тој е луд, неговата несигурност во раните денови на неговата служба, неговото признание дека не знае што ќе биде во иднината, неговиот очајнички повик на крстот; се разбира секој кој ги чита овие редови нема да се посомнева во вистинитоста на ликот кој стои зад него. Кога неколку едноставни луѓе во една генерација можеле да измислат така моќна и привлечна личност, така возвишеиа и морална и таква вдаховена визија за човечко братство, би било чудо само по себе, многу по неверојатно отколку било кое чудо запишано во евангелијата. После два века Висок критицизам, описи на животот, карактерот и учењето на Исуса Христа остануваат јасни и сочинуваат најистакнат лик во историјата на Западната цивилизација."
Надворешна проверка на фактите
Третата проверка на историчноста е онаа која се однесува на надворешните факти. Предметот на овие расправи се состои од тоа дали други историски материјали го потврдуваат или побиваат внатрешното сведоштво на самите документи. Co други зборови, уште какви извори постојат, освен оние кои ги испитуваме, со кои би ја поддржале точноста, вистинитоста и веродостојноста на текстот што го проучуваме?
Готшалк тврди дека "ускладеноста или совпаѓањето со други познати историски или научни факти често се решавачки за проверување на фактите, било преку еден или повеќе сведоци."
Двајца пријатели на апостол Јован ги потврдуваат внатрешните факти кои Јован ги објавува. Историчарот Еузебие го зачувал пишувањето на Папие, бискуп на Хијерапол (130 година): "Старешината (апостол Јован) знаеше вака да каже: "Бидејќи Марко бил Петров преведувач, напишал се што тој (Петар) спомнал. Беа тоа зборовите и делата на Исуса Христа, но не по некој редослед, Бидејќи тој не бил Исусов слушател, ниту пак негов другар; но подоцна како што реков, тој му се првдружи на Петар којшто го прилагодил неговото учење онака како што наложуваа потребите, но не како тој да ги собирал сите изјави на нашиот Господ. Марко без било каква грешка, на тој начин ги напишал случките кои му биле спомнати; бидејќи најголемо внимание обракал само на едно, да не го испушти сето она што го слушнал, ниту пак да додаде некоја лажна изјава."
Иринеј, Лионски бискуп (180 година. Иринеј бил ученик на Поликарп, бискупот на Смирна, кој бил христијанин цели 86 години, a бил ученик на апостол Јован) напишал: "Матеј своето евангелие го објави за Евреите, на нивен јазик, додека Петар и Павле го проповедаа евангелието во Рим каде што и основаа цркви. После нивното заминување (т.е. смртта, за кoe постои предание веројатно дека се случило во времето на Нероновото прогонство 64 година), Марко, ученик и преведувач на апостол Петар, ни ја пренесол на нас во писмен облик сржта на Петровата проповед. Лука, следбеник на апостол Павле, ги собрал проповедите на неговиот учител во книгата Евангелие. Јован, Господовиот ученик, кој се потпирал на неговите гради (тоа се однесува на Јован 13,25 и 21,20), и сам напишал евангелие додека живеел во Ефес во Азија."
Археологијата често ни дава јаки надворешни докази. Таа допринесува кон библискиот критицизам, но не во подрачјето на вдаховеноста на Библијата и објавата, туку ни дава докази за точноста на случките кои се забележани. Археологот Џозеф Фри пишува: "Археологијата потврди неброени страници што беа отфрлени од критичарите како неисториски или како спротивни на познатите факти."
Веќе видовме колку направи археологијата во случајот на Сер Вилиам Рамси за промена на неговото првобитно уверување за историчноста на Лукините извештаи и заклучил дека Делата на апостлите се сосема точни во описот на географските поими, антиквитет и друштвото во Мала Азија.
Ф.Ф. Брус бележи дека "таму каде што се сомневало дека Лука не бил точен во своите описи, точноста се потврдила со некои надворешни факти, па според тоа оправдано е да се каже дека археологијата ја потврдила точноста на извештаите на Новиот завет."
А.Н. Шервин - Ваит, историчар на класиката, пишува дека "што се однесува на Делата на апостолите, потврдата за нивната историчност е надмоќна." Продолжува и вели дека "било кој обид за отфрлање на историската основа, дури и во поединостите, сега ни се чини апсурдна. Римските историчари одамна ги прифатиле тие факти како вистинити."
Откако лично сакав да ја поткопам историчноста и вистинитоста на Библијата, дојдов до заклучок дека таа е историски доверлива книга. Ако некој ја отфрли Билбијата како недоверлива во тој смисол, тогаш мора да ја отфрли скоро целата античка класична литература Непрестајно се соочувам со еден проблем, а тоа е желбата на многу луѓе на Библијата да применат еден вид на проверка, а на световната литература друг вид. Мораме да примениме еднакви проверки, да истражуваме, без разлика дали литературата која ја испитуваме е световна или религиозна. И кога ќе го направиме тоа, сметам дека сме во состојба да кажеме: "Библијата е доверлива книга и историски точна во своето сведочење за Исуса Христа."
Др. Кларк X. Пинок, професор по систематска теологија на Регент колеџот изјавува: "He постои ни еден документ од античкиот свет што поседува толку убави текстуални и историски сведоштва, нудејќи така одличен низ историски податоци врз чија основа можат да се донесат разумни решенија Поштена личност не може да отфрли таков извор на податоци. Според историските податоци во врска со христијанството тоа се темели на неразумни (т.е. надприродни) склоности." ...назад

