ДАЛИ ВО БИБЛИЈАТА ПОСТОЈАТ ПРОТИВРЕЧНОСТИ?
Луѓето не ја отфрлаат Библијата бидејќи си противречи самата себеси, туку бидејќи им противречи ним.
Многу површни читатели наоѓаат во Библијата стихови кои не им се потполно јасни, па мислат дека си противречат едни со други. Веднаш ја ставаат на страна и повеќе не ја читаат. Зарем тоа не е сатанска мамка за да ја разниша нашата вера во Бог? He плаши се, во Библијата нема ниту една противречност. Потребно е само да се посвети малку повеќе време и внимание. Некои стихови можат да се разберат само така, кога барем делумно се познава јазикот на кој Библијата е оригинално пишувана.
Многу луѓе, или малку или воопшто не ја познаваат Библијата, а сепак остро ја критикуваат. Овде сакам да наведам еден таков пример, кој се случил во 1927. година во Германија. Некој свештеник редовно се состанувал со една група луѓе и со нив дискутирал за Библијата. Еден ден, кон групата се приклучил и еден „нов", кој до тогаш не присуствувал на разговорите. Сите срдечно го поздравиле, но тој сепак се чувствувал непријатно во групата. На состанокот бил прочитан текст од Библијата врз кој се разговарало потоа. Придојдениот прашал дали би можел и тој нешто да каже. Останатите се согласиле, а тој им рекол: „Значи вие овде ја читате Библијата? Јас тоа го сметам за систематско заблудување".
Присутните се погледнале меѓу себе, а човекот продолжил: „Тоа и ќе ви го докажам! Во Библијата пишува дека првите луѓе, Адам и Ева имале два сина, Каин и Авел. Каин го убил братот свој, а понатаму пишува дека заминал во една земја и таму се оженил. Од каде нашол жена? На земјата се уште немало луѓе освен семејството на Адам! И сами можете да согледате дека целата Библија е само една обична пародија!"
Останатите во групата почнале да се смеат. Нивната смеа се раширила низ просторијата и ова многу го збунило придојдениот. Тој се надевал дека со оваа своја констатација ќе ги разубеди останатите, а всушност се случило спротивното.
Тогаш му објасниле дека секој од нив на почетокот дошол кај свештеникот со истата приказна, и дека свештеникот ги поставил работите на свое место.
Тогаш свештеникот го запрашал: „Дали знаеш каде во Библијата стои дека Каин заминал во некоја далечна земја и таму се оженил?" Човекот не знаел што да каже. „Зарем тоа не го знаеш?" И продолжил: „Добро! Тоа и јас не го знам, бидејќи тоа го нема во Библијата. Во 1. Мојсеева книга 5:4 пишува дека Адам и Ева имале уште многу синови и ќерки. И пред да замине, Каин се оженил со една од сестрите. Кога луѓето се намножиле, Бог забранил вакви бракови помеѓу браќа и сестри. Дали сега ти е јасно?"
Новодојдениот климнал со главата, затоа што не очекувал ваков исход на разговорот. Дали и ти можеш да согледаш дека Библијата никако не ги заблудува луѓето, туку напротив, кнезот на овој свет е тој кој ги заблудува сите оние кои ја отфрлаат Библијата.
Можеби и ти си се обидел да најдеш некоја грешка во Библијата. Но дозволи и, и таа да ги пронајде грешките во твојот живот. Таа не е напишана за да ровариме по неа, туку за да го открие сето она што е лошо во нас. Дали ќе и допуштиш?
...назад

