За Библијата

Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе

Артикли

Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе

Библиотека

Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе

















НАПАДИ ВРЗ БИБЛИЈАТА

     За жал, речиси во сите училишта, од основните па се до високите, професорите им пренесуваат на децата, на младината и на студентите застарени науки. Се случува, некои млади момчиња или девојки кои заминале на училиште. со вера во Бог, да се вратат дома со празни и скршени срца. Некој насила им ја истргнал нивната вера и потполно ги осиромашил и упропастил. Како последица од сето тоа е порастот на неморалот, непочитување на постарите итн.
    За ова, голема вина имаат и многу теолози кои наместо да ја градат верата во Бог, тие ја поткопуваат. Меѓутоа, Библијата јасно и гласно вели дека Бог не дозволува да биде надитрен и дека човекот ќе си пожнее тоа што си посеал! Ако сеел лошо семе, Бог ќе го казни, макар бил и врвен теолог!
    Светото Писмо е вистинито од почеток до крај. Познатиот „принц на проповедниците" Ч.Х. Сперџен, застанал на страната на апсолутната веродостојност на целата Библија. Тој рекол: „Се бориме за секој збор од Библијата и веруваме во буквалната инспирација од Светиот Дух, т.е. веруваме дека не постои поинаква инспирација од оваа. Ако некој ни го одземе Зборот, тогаш смислата сама по себе ќе се изгуби".
    Библијата е најмеродавното откровение на Божјата волја за човекот. Во Стариот Завет повеќе од 2.000 пати се спомнува изразот: „ Така вели Господ (Бог)!". Но, не се само овие стихови Божји Зборови, туку целата Библија е Божји Збор.
    „Бидејќи Бог не греши, не може ни Библијата да греши!" - рекол некој. Непогрешливоста на Библијата се темели врз непогрешливоста на Бог. Некои теолози тврдат дека Библијата не е Божји Збор, туку дека само го содржи Божјиот Збор! Co тоа сакаат да кажат дека Светото Писмо се состои и од човекова мудрост и од Божјите зборови. He! Библијата е буквално Божји Збор! Од првата книга, па до последната, се што е напишано е Божји Збор.
    „Сине човечки, те поставив за стражар над Израел, затоа слушај го Мојот Збор u предупредувај ги луѓето!" (Езек. 3:17).
    Библијата е пишувана по Божји налог, и во Негово име зборувале пророците и апостолите. Сам Исус Христос ја потврдува веродостојноста на Стариот Завет велејќи: „Ако му верувавте на Мојсеј, ќе ми верувате и Мене, заилто тој пшиува за Мене. Но, бидејќи нему не му верувате, како ќе ми верувате Мене што ви зборувам? " (Job. 5:46-47).
    Апостол Павле својата вера ја потврдил пред судијата Феликс со зборовите: „Ноти признавам, дека според учењето кое тие го нарекуваат ерес, My служам на Бог и на татковците наши, и дека верувам во се што е напишано во Законот и во Пророците, и дека се надевам на Бог, бидејќи ќе има воскресение на мртвите, на праведните и на неправедните, кое и тие сами го очекуваат. А за тоа и сам се грижам секогаш да имам чиста совест пред Бог и пред луѓето " (Дела 24:14-16).
    Самиот Господ Исус и апостолите им служеле како пример на првите христијани. Кога Тој и Неговите ученици веруваа во веродостојноста на Светото Писмо, кој е човекот за да ја расипува таа вера? Кому треба повеќе да веруваме: на Бог или на луѓето?
    Библијата е најпознатата книга во светот, a ceпак најмногу е критикувана од оние кои ја читале површно или воопшто не ја читале. Многу луѓе кои живеат во грев тврдат дека Библијата е несовремена и неверодостојна. Бог е спремен да докаже дека таа е Негов Збор, но прашањето е дали луѓето се спремни да Го послушаат и да се оттргнат од своите гревови.
    Пред се, Библијата е напишана за да ни го покаже патот кон Бог. Ако не се поклопува со денешните науки, тоа не и пречи, бидејќи којзнае уште колку науки и учења ќе се сменат додека на крај не се утврди дека Библијата и науката која е од Бог одобрена, потполно се сложуваат.
    Во науката, една теорија заменува друга, па така, онаа наука која до вчера важела како вистина, денес се прогласува за лага, бидејќи и помеѓу самите научници постои конкуренција.
    Веродостојноста на книгата на пророкот Даниел честопати е сметана за дискутабилна. Се тврди дека Даниел не е авторот на оваа книга, туку дека е напишана многу подоцна, а само е наречена според него. Намената и била да служи како охрабрување на израелскиот народ. Во 4. глава од оваа книга има запис за царот Навуходоносор како привремено го загубил разумот. Многумина ова го сметаат за бајка. Но, што се случило?
    Пред извесно време пронајдени се два доказа кои го потврдуваат записот на Даниел. Тие се напишани на вавилонски јазик со клинесто писмо, a за тоа пишува и познавачот на историјата на Вавилон и Асирија, Маркус фон Рибур. Овие, како и други докази не се занемарливи, иако Библијата е вистинита и без докази.
    Најкритикуваните книги од Стариот Завет се петте Мојсееви книги. Меѓутоа, самиот Исус Христос сведочи дека Мојсеј ги напишал. Во Евангелието според Јован вели: „ Зарем не ви даде Мојсеј Закон? Ама никој од вас не го исполнува тој Закон!" (7:19). Под поимот Закон се подразбираат сите 5 книги на Мојсеј, или Тора, како што ги нарекуваат Евреите.
    Модерните теолози би морале да го променат својот став што се однесува до авторството на овие книги, ако сакаат да куртулат од Божјиот суд. Јован Крстител еднаш им рече на теолозите од тоа време, односно на фарисеите и садукеите: „Змијски рожби, кој ви кажа да бегаше од гневот што иде? Донесете плод достоен за покајание!"
    Повеќето луѓе кои не сакаат да признаат дека целата Библија е веродостојна, се плашат да не ги наречат старомодни и не сакаат да бидат исмејани. Сепак, Исус Христос однапред кажа дека вистинските христијани ќе бидат исмејувани заради својата вера.
    Многу модерни теолози се обидуваат да создадат ново Евангелие. Еве што вели апостолот Павле за тоа во Гал. 1:8: „Но дури и ние, или ангел од небото да ви проповеда евангелие поинакво од она, како што ние ви го проповедавме, нека биде проклет!".
    Евангелието е Божјо дело. Тоа е Радосна вест за спасение на грешниците не по нивна заслуга, туку според Божјата милост и преку скапоцената крв на Божјиот Син што ја пролеа на Голготскиот крст. Секој грешник кој верува дека Исус Христос умрел заради неговите гревови, ќе биде спасен. Таквиот верник го отфрла стариот начин на живеење, па од благодарност кон големата жртва на Божјиот Син, почнува да живее свет живот.
    Евангелието зборува за Исус Христос како единороден Божји Син, зачнат од Светиот Дух, роден од девица, кој умре на крст и беше погребан и на третиот ден воскресна од мртвите со силата на Бог. Тој докажа дека Неговиот Збор е вистинит.
    Многу свештеници и проповедници не ја прифаќаат оваа наука и проповедаат човечка мудрост. Нека сам Бог ги поттикне нивните срца, за да се вратат од погрешниот пат, за да не ги стаса проклетството од писмото до Ефешаните. Основната причина заради која многу луѓе го отфрлаат Божјиот Збор, е таа што не веруваат во чуда. За нив порано се зборувало злонамерно, но во последно време и тие гласови замолкнаа. Имено, во природата постојат многу нешта кои не можеме да ги протолкуваме поинаку, освен да ги прифатиме како чуда.
    Ако Бог не е во состојба да прави чуда, тогаш Тој не е Бог. Познатиот математичар Паскал рекол: „Последниот чекор на мудроста е да го признае постоењето на многу нешта кои го надминуваат разумот. Ако не дојде до тој заклучок, тогаш таа е многу плитка".
    Кој не верува дека Бог го создал светот, тој не верува ни во чуда. Кој пак, не верува во чуда, не може да верува ни во Бог, затоа што Бог е натприроден. Впрочем, зошто ми е верата во Бог, ако не е во состојба да ми помогне? Верата во таков Бог би била одвишна. Библијата, на своите страници честопати ги спомнува чудата, па еве едно од нив. Сара, жената на Аврам, не можеше долго време да роди. Еднаш Аврама го посетија тројца туѓинци. Нему уште порано му беше ветено дека ќе има син со Сара, но тоа ветување никако да се исполни. Еден од туѓинците му вети: „Догодина во ова време, враќајќи се, јас пак ќе дојдам кај тебе, и Сара жената твоја ќе има снн"(1Мој. 18:10). Сара го слушна ова и се насмеа, затоа што беше многу стара, како што беше и Аврам, нејзиниот маж. „Тогаш му рече Господ на Аврам: зошто се насмеа Сара во себе велејќи, вистина ли е дека ќе родам кога ќе остарам? Има ли нешто неможно за Господ? Догодина во ова време Јас пак ќе дојдам кај тебе, и Сара ќе има син!" (1Мој.18:13-14). И навистина, по една година на Аврам му се роди син според Божјото ветување и му даде име Исак. Аврам имаше сто години кога му се роди Исак, a Сара на сето ова, вака коментираше: „Господ ми нанесе смеа; кој ќе чуе за мене, ќе ми се смее. И рече: кој би рекол дека Сара ќе му роди на Аврам деца? Но, сепак му родив син во староста негова " (21:6-7).
    Целата Библија е преполна со Божјата слава. Што се однесува до верата во Божјите дела, мнозина се скептични, а што се однесува пак до теоријата на еволуцијата, тогаш веруваат во нешта за кои воопшто нема докази. Едно од тие нешта е дека човекот потекнал од едноставна клетка, и во текот на милионите години се развил во денешниот облик. Секако, повеќето луѓе се спремни да веруваат на лагите на ѓаволот, кој е наречен „татко на лагата", отколку на Бог и на Неговиот Збор.
    Теоријата на еволуцијата е всушност еден вид религија, бидејќи мнозина веруваат во неа. Колку се бедни оние христијани кои не ги прифаќаат Божјите чуда! Ако од Библијата ги откинете сите страници на кои се опишани Божјите чуда, не ве-рувам дека ќе остане барем една страница!
    Бог сака преку чудата опишани во Библијата да ја разбуди верата во нас и да ни помогне во нашите неволји. Бог е во состојба и денес да прави чуда.
    Пред некое време ме посети еден претставник на една секта, кој се обидуваше да ме увери во неговата наука. Помеѓу другото, ми рече дека Библијата е вистината само ако верувам во неа. My одговорив дека Библијата останува вистинита без разлика дали јас верувам во неа или не. Вистината е апсолутна и не е зависна од мојата (не)вера. Преку верата, јас само станувам учесник во она што е напишано во неа. Каква трагедија би била кога вистината на Библијата би зависела од (не)верата на луѓето.
    Некои луѓе на пример, ни денес не веруваат дека космонаутите биле на Месечината. Дали навистина биле таму? Секако дека биле! Дали јас можам со своето неверување да придонесам тоа да не е вистина? Вистината си е вистина, верувале ние во неа или не. Исто така, Библијата е Божји Збор, без разлика што мислам јас за неа. Така е и со Исус Христос; Тој е Божји Син, верувал јас во тоа или не.
    Од каде потекнуваат лажните науки и модерната теологија? Имаат само еден извор: недоволното познавање на Светото Писмо. Исус Христос им рече на садукеите кои не веруваа во воскресението: „ Зар не се лажете, бидејќи не ги познавате ни Писмата, ни силата Божја? " (Мк. 12:24).
    Ѓаволот се плаши од Бог и од Неговиот Збор. Лутер рекол: „Само едно зборче може да го сруши ѓаволот". Кога Исус беше во пустината, Тој цитираше стихови од Писмото и го избрка ѓаволот. Секој кој сериозно се користи со Библијата, ќе извојува многу победи. А оној пак, кој се сомнева - ќе пропадне. Затоа, не сомневај се, туку верувај и постапи онака како што постапи Исус: „Бегај од мене сатано, зашто е напишано: На Господ твојот Бог да му се поклонуваш и само Нему да му служши!" (Мт. 4:10).
    Секој што ги отфрла овие сведочанства и продолжува да го урива авторитетот на Библијата, нема да остане неказнет, затоа што Бог не дозволува да биде надитрен. Апостол Петар вели: „ Освен тоа ние имаме нешто уште поверно, а тоа е пророчкото слово; и добро правите што на него обрнувате внимание, како на светило што свети на темно место, додека денот не осамне и Деницата не засвети во вашите срца " (2 Пет. 1:19).
    Многу начитани луѓе сметаат некого за неписмен ако не ги познава делата на Гете или Шекспир. А колку неписмени можат да се сметаат оние кои до сега не ја прочитале Библијата, бидејќи таа е најпознатата книга во светот? Дали ти си ја прочитал Библијата? Еве што вели за Библијата и самиот Гете: „Преку Библијата се подмладува секоја генерација... Самиот јас ја сметам за многу драгоцена, и само неа и ја должам сета моја благодарност за мојата наобразба. Затоа и не ми се допаѓаат злите, горделиви и погрешни напади врз неа. Јас сум уверен дека колку повеќе човекот навлегува во неа, толку повеќе му станува попривлечна".
    Сум прочитал многу дебели книги чии писатели употребиле огромен фонд на зборови, и колку повеќе пишувале, толку помалку кажале. Секако дека има и исклучоци. За разлика од нив Библијата е во состојба да каже во неколку редови доволно, за што на луѓето би им требале цели томови. Чујте го само мелодраматичниот извештај во 22. глава од првата книга на Мојсеј, за Аврам и неговиот син Исак. Обрнете внимание на зборовите на Исак, кои се многу чувствителни. „ По тие настани Бог, искушувајќи го Аврама, рече: Авраме! А тој одговори: еве ме! Бог продолжи: земи го сега саканиот син твој Исака, па оди во земјата Морија и принеси го таму како жртва сепаленица на една гора што ќе тија покажам! И утредента рано, откако стана, Аврам го оседла магарето свое, зеде со себе двајца од слугите и Исака синот свој, па откако исцепи дрва за жртвата се крена, појде и дојде на местото за кое му рече Бог.На третиот ден, кревајќи ги очите свои, Аврам го здогледа местото оддалеку. И им рече на слугите свои: останете вие овде со магарето, ајас и детето ќе одиме онаму, па откако ќе се помолиме, ќе се вратиме кајвас. Изеде Аврам дрва за жртвата, му ги натовари на Исак, а самиот тој зеде во свои раце огнило и нож; па отидоа обајцата заедно. Тогаш му рече Исак на Аврама, таткото свој: Татко! А тојодговори: што е, синко? Ирече Исак: ете огнило и дрва, а каде е јагнето за жртва? А Аврам одговори: Бог ќе обезбеди синко. јагне за жртва. И обајцата го продолжија патот. И стигнаа до местото, за кое му беше рекол Бог. Тука Аврам направи жртвеник и кладе дрва на него, а откако го врза Исака, синот свој, го стави на жртвеникот врз дрвата. Тогаш. ја пружи Аврам раката своја и го зеде ножот да го заколе синот свој. Но ангел Господов викна од небото и рече: Авраме! Авраме! А тој одговори: еве ме! И ангелот продолжи: не кревај рака своја врз детето и не прави му ништо! Еве, сега знам дека се плашиш од Бога штом не го пожали саканиот син свој заради Мене. И Аврам ги крена очите свои и погледна, а тоа - зад него овен, кој се беше сплеткал со роговите во гасталакот. И Аврам отиде, го зеде овнот и го принесе како жртва сепаленица место синот свој, И го нарече Аврам ова место: Господ ќе обезбеди! Затоа и денес се вели: на гората Господ се јави! А ангелот Господов повторно го викиа Аврама ирече: Се колнам во Себе - вели Господ - кога така направи и не го пажали саканиот свој син заради Мене. Навистина, Јас ќе те благословам и преблагословам, и потомството твое ќе го намножам и пренамножам како ѕвездите на небото и како песокта на морскиот брег! A потомците твои ќе ги завладеат градовите на непријателите свои. И ќе бидат благословени преку потомството твое сите народи на земјата, зашто го послуша гласот Мој. Тогаш Аврам се врати при слугите свои и се кренаа, па се вратија заедно во Вирсавија. И таму се насели Аврам " (22:1-19).
    Најубавото во Библијата е тоа што е објективна. Таа не ги опишува само позитивните работи, туку и слабостите на своите јунаци. Така на пример, Библијата говори за Аврам дека неколкупати во својот живот излажал. Исто така, говори и за апостолот Павле кога еднаш го искарал Петра и тоа сосема оправдано заради неговото лицемерие. Некои луѓе го сметаат Исуса само како син на Јосиф и Марија од Назарет. Дека бил добар благороден човек, но не и Божји Син. Таков како што го сметаат не е во состојба некому да помогне ако е на смртна постела. Библијата и овде ги поставува работите на вистинското место. Исус е истовремено и Бог и човек. Во состојба е да направи чуда и во овој дваесетти век. Оној којшто не верува во безгрешното зачнување на Исус Христос, се уште си останува во своите гревови.
    Ако црквата Христова верува во семоќноста на Господ Исус, ќе опстане во сите борби, но ако ја отфрли оваа вистина, тогаш тешко на неа! „Никој не може да постави друга основа, освен поставената, која е Исус Христос!" (1Кор. 3:11).
    Видовме дека Библијата се разликува по многу нешта од другите книги. Она што највеќе ја воздигнува е фактот што има Божествено потекло. Мојата молитва е, Бог да ги разбуди заспаните христијани кои ќе бидат спремни да ја признаат Библијата како врховен авторитет и непогрешлив документ за Божјата љубов кон паднатиот човек. Божјиот свет Збор е во состојба да ја обнови црквата одвнатре. Библијата треба да ја прифатиме со вера, затоа што Бог изобилно ги наградува сите оние кои My веруваат.   ...назад

Крај