ПОСТАНОК И ПРЕВЕДУВАЊЕ НА СТАРИОТ И НОВИОТ ЗАВЕТ
Библијата е најстарата книга која е во употреба се до денес. Првите страници почнал да ги пишува Мојсеј пред повеќе од три илјади години, a последните апостолот Јован кон крајот на првиот век после Христос. Потребни биле околу 1500 години за да биде Библијата составена во облик каков што го познаваме. Била пишувана од 40 писатели, од кои некои биле рибари, некои цареви, некои овчари... Сите тие биле водени и инспирирани од Светиот Дух. Стариот Завет речиси целиот е напишан на еврејски јазик, додека Новиот е напишан на грчки „коине" јазик. Некој ги споредил Стариот и Новиот Завет со „ран и доцен дожд". Едниот без другиот не е доволен, туку треба да се надополнуваат еден со друг, ако сакаме да имаме богата жетва.
Иако биле потребни 15 векови за да се напише Библијата, низ неа провејува ист дух, бидејќи нејзиниот писател е еден и ист, иако употребувал разни личности. Нејзиниот автор е Светиот Дух.
Повеќето книги бргу застаруваат и постануваат неактуелни, но Библијата секогаш останува свежа и возвишена. Името „Библија" потекнува од грчкиот збор кој значи „книги", но бидејќи таа зборува за Бог, наречена е „Книга над книгите"!
Стариот Завет се состои од 39 книги, а Новиот од 27, а вкупно се 66.
Еве неколку имиња кои најчесто ги среќаваме за Библијата: Свето Писмо, Божји Збор, Писмата, Словото Божјо, Книга над книгите...
а) ПОСТАНОКОТ НА СТАРИОТ ЗАВЕТ
Стариот Завет се дели на три основни делови: Историски книги (од 1. Мојсеева книга до книгата за Естера), Поучни книги (од книгата за Јов до Песната над песните) и Пророчки книги (од Исаија до Малахија).
Најстарите книги во Библијата се Петте Мојсееви книги. Бог не само што заповедал да се напише Библијата, туку и ги извршил подготовките за нејзиното пишување. Мојсеј бил дете на еврејски родители и преку многу чудни околности стасал до царскиот дворец. Се стекнал со голема мудрост во најдобрите школи во Египет и така бил оспособен подоцна да го води еврејскиот народ и да ги пишува светите книги. Тој не пишувал раководејќи се според својата мудрост и волја, туку Бог го инспирирал со Својот Дух, за да може пишувањето да биде без грешка.
Модерните теолози денес тврдат дека Мојсеј не ги напишал овие пет книги кои се нарекуваат според неговото име, туку дека некој друг ги напишал и ги нарекол така, затоа што Мојсеј бил главната личност во нив. Самата Библија го негира ваквото толкување, бидејќи во 2. Мојсеева книга, 24:4 стои запишано: „И ги напиша Мојсеј сите зборови Господови..."
Секако дека тој не ги напишал овие пет книги одеднаш, но нема сомнение дека тој е автор. Од време на време Бог му откривал што треба да пишува.
Пророкот Езекиел објаснува што е тоа „вдахновеност од Божјиот Дух". Во 11. глава, 5. стих пишува: '„ И слезе врз мене Духот Господов u ми рече: кажи така вели Господ она што го зборувате вие, доме Израилев, и она што ви иде на ум, Јас го знам ".
Духот Божји слегувал врз луѓето кои пишувале или говореле во Негово име. Вистина, Мојсеј го пишувал и она што му било пренесено и по усмен пат, но сигурно е дека „татковците на Божјиот народ" добро внимавале што пренесувале на помладите генерации, зашто тоа биле свети зборови. Но не само тие, туку и сам Бог бдеел над писателите на соодветни книги. Патем речено, Евреите до ден денес важат за најдобри познавачи на Стариот Завет, кои знаат и цели книги напамет без да погрешат еден збор!
После Мојсеј, пишувал Исус Навин и уште неколку Божји слуги. Подоцна, пророкот Самуил основал пророчка школа, и веројатно тие пророци ги препишувале библиските книги. Мора да се признае дека Бог ја доверил оваа задача на вистинскиот народ. Евреите биле извонредно педантни во препишувањето на светите книги. Дури воделе сметка колку букви има во одредени книги; не смеело да се одземе, ниту да се додаде ниту една! При препишувањето на Божјото Име, препишувачот морал најнапред да си ги измие рацете, затоа што Божјото име било нешто најсвето.
Царот Давид, Асаф и уште некои, ги напишале Псалмите, а Давидовиот син Соломон ги напишал Книгите на мудроста.
Езра, во 5. век пред Христос, со помошта на Неемија ги составил сите старозаветни книги во една целина, наречена „канон" (мерило). Канонските книги биле одбрани под водството на Светиот Дух, и само тие книги смееле да се читаат во еврејските синагоги. Помеѓу книгите на Стариот Завет не влегле „апокрифите", бидејќи биле сметани за книги кои не биле инспирирани од Светиот Дух.
Езра бил основач на школата за книжевност, и изградил многу синагоги низ целата земја.
Бидејќи израелскиот народ долго време бил во ропство, постепено се одучувал од својот јазик, па се покажала потребата за преведување на Стариот Завет на сродниот арамејски јазик. Овој превод се вршел под контрола на книжниците. Арамејскиот јазик бил светски јазик цел милениум.
Околу 250. година пред Христос, грчкиот јазик постанал многу познат, бидејќи Грција во тоа време била светска сила. Многу Евреи биле расеани
по целото грчко царство, па и тие имале силна желба да читаат од Светото Писмо за големиот и силен Бог. Оттаму и нивната желба да се преведе Библијата и на грчки јазик. На тој превод работеле 70 луѓе, па затоа и преводот бил наречен „Септаугинта" (LXX). Овој превод уживал голем углед како помеѓу евреите, така и помеѓу првите христијани.
б) ПОСТАНОКОТ НА НОВИОТ ЗАВЕТ
Првиот дел од Новиот Завет го сочинуваат Евангелијата. Од нив може да се види дека биле пишувани од луѓеочевидци на животот на Исус Христос, и биле сведоци за се она што виделе и чуле. Уште во првите дни од христијанството се јавила опасност од лажни учења, па Бог не сакал да ја остави црквата на милост и немилост на тие науки. Затоа избрал луѓе кои што ќе го пишуваат Новиот Завет.
Првото Евангелие е според Матеја. Тој лично со своите очи и уши гледал и слушал за она што го пишувал. Може ли некој да биде подобар сведок од оној кој што се сам доживеал? Во неговите спомени останале незаборавните доживувања со Исус Христос, кои ги пренел на хартија. Господ Исус лично го повикал да го следи (Мат.9:9). Матеј по професија бил даночник и откако почнал да го следи Исуса, со Hero поминал многу време, па можел да пишува од искуство, секако воден и инспириран од Светиот Дух. Евангелието според Матеја е напишано помеѓу 80. и 85. година, a местото на пишување веројатно било Палестина.
Второто Евангелие е според Марко. Тој своите информации ги добил од апостолот Петар. Тоа е воедно најкраткото и наједноставното Евангелие. Марко многу внимателно ги опишал случките, но не по хронолошки ред. Целта на ова Евангелие е да го претстави Исус Христос како Божји Син, да ги опише Неговите дела, Неговата неограничена моќ и Неговите чуда. Се смета дека ова Евангелие е напишано околу 65. година.
Третото Евангелие е според Лука. На почетокот тој пишува дека сите информации од оние кои биле сведоци на Исус Христос, добро ги испитал и после внимателното и опсежно истражување почнал да го пишува Евангелието. Ова Евангелие подоцна му го упатил на некој си честит Теофил. Лука долго време му бил сопатник на апостолот Павле. Бил со него и кога бил одведен како затвореник во Рим. По професија, Лука бил лекар и во она време многу учен човек, што се гледа и по неговиот начин на изразување. Евангелието спо ред Лука е пишувано помеѓу 80. и 85. година.
Четвртото и последно Евангелие е според Јован, кое го напишал во својата длабока старост. Ова ги надополнува првите три, и го прикажува Исуса како Божји Помазаник. Пишувано е помеѓу 90. и 95. година.
Можеби некој ќе рече дека текстовите на Евангелијата се разликуваат меѓу себе. Јас тоа би го споредил со новинските репортери. Замисли четири репортери од различни дневни весници треба да опишат една иста случка. Дали извештаите ќе бидат потполно исти? Секако дека нема. Секој новинар ќе го напише она што му се чинело најважно, а сите четири извештаи би претставувале една целина. Така и Евангелијата означуваат една извонредна целина и ниедно не е одвишно.
Посланијата кои се наоѓаат во Новиот Завет биле пишувани одвреме навреме, по потреба. Апостолите преку тие посланија поучувале, предупредувале, советувале или укорувале. Посланијата настанале во текот на првиот век, а на младата, штотуку основана христијанска црква и требале многу практични совети.
Во Новиот Завет има само една книга која е исклучиво од пророчка природа и се вика Откровение. Апостолот Јован бил прогонет на островот Патмос, каде што ја напишал оваа последна книга во Библијата. Новиот Завет се состои од 4 Евангелија, 1 книга за Делата на апостолите, 21 Писмо или Послание и 1 книга на Откровението, вкупно 27.
Бискупот Атанасие од Александрија (295-373) прв ја нарекол оваа збирка од 27 книги канонска (меродавна збирка на книги). Така, околу 400. година, редоследот на книгите во Библијата бил одреден и конечен.
Библијата е единствената книга која е во состојба да даде одговори на прашањата кои луѓето ги поставуваат истражувајќи ја вистината: „Што треба да направам за да се спасам? ".
Библијата е напишана и за богатите и за сиромашните, и за учените и за простите, и за веселите и за тажните, и за добрите и за злите, и за старите и за младите. Нејзиниот извор е непресушен.
ЗА ПРЕВЕДУВАЊЕТО НА БИБЛИЈАТА
Како што веќе наведовме, околу 250. година пред Христос, преведен е Стариот Завет на грчки јазик. Новиот Завет апостолите го пишувале на грчки јазик, иако сите по потекло биле Евреи. Тоа исто така било Божји план, за да можат многу безбожни народи да го читаат, бидејќи грчкиот јазик бил светски јазик. Сепак, се покажала потреба Библијата да се преведува и на други јазици.
Интересно е како германските племиња дошле до својата Библија. За таа задача Бог го избрал извесниот Вулфила, кој бил испратен од својот народ во Константинопол (Цариград), каде што научил грчки јазик и му станал верен на Исус Христос. На 30 годишна возраст постанал бискуп во својот народ, којшто го водел, како некогаш Мојсеј Божјиот народ. Успеал да го преобрати кон христијанството и за да го утврди во верата, ја превел Библијата. Сам ги измислил буквите на јазикот на кој ја превел. Само Книгите за царевите не ги превел, бидејќи во нив многу се пишувало за војните, па не сакал неговиот ратоборен народ да ги чита тие делови. Вулфила умрел во 381. година, а неговиот народ уште неколку векови добро ја чувал таа скапоцена Библија. Од 1648. година, нејзини делови се наоѓаат во универзитетската библиотека во Упсала, Шведска.
Во третиот век, Библијата е преведена и на сириски јазик, под наслов „Пешита", што во превод значи: „Едноставна".
Иако на латински јазик веќе постоел еден превод под наслов „Итала", се пројавила потреба за подобар превод. Оваа задача му била доверена на црковниот отец Јероним. Тој преводот го завршил за 20 години (385405), во еден манастир во Ерусалим. Неговиот превод го добил името Вулгата.
Кусо време по смртта на Вулфила, германските племиња паднале во духовна темнина, која траела околу 1000 години. Црквата немала интерес да направи нов превод, иако постоечкиот бил загубен. Подоцна, Библијата сепак доживеала неколку преводи на германски јазик, но биле многу слаби, а цената превисока. Така, еден примерок чинел околу 600 гулдени. За таа цена во она време можеле да се купат три добро згоени волови. Од каде можел еден обичен човек да собере толку пари? Основната причина што германскиот народ немал солиден превод на Библијата бил во тоа што не постоел некој кој добро би ги познавал јазиците на кои Библијата е пишувана. Таквиот преведувач би требало да биде побожен, познавач на јазикот, учен, бестрашен и подготвен да се нафати за овааа тешка задача. Сам Бог се погрижил за таков човек. Тој човек бил Мартин Лутер. Во Декември 1521. година, со Божја помош се нафатил за оваа работа. Само за неколку месеци го превел Новиот Завет. Филип Меланктон во тоа време бил најдобриот познавач на грчкиот јазик во Германија и бил наречен „учител на Германија". My помогнал на Лутер околу преводот кој потоа бил предаден на печатење. Првото издание веднаш било распродадено и после три месеци морало да се печати второ издание. Цената била многу попристапна, и еден примерок чинел 1 гулден!
Додека за превод на Новиот Завет му биле потребни само неколку месеци, Стариот Завет го преведувал 12 години. Сам Лутер рекол дека ја прифатил оваа задача од благодарност кон Христовата љубов на Голгота. Сакал неговиот труд да биде за Божја слава.
Вистина е, пишува еден негов биографичар, дека пред Лутер имало неколку преводи на германски јазик, но сите тие биле нејасни и тешки за читање. Меѓутоа, Лутер, преку својот јасен и чувствителен превод ни подарил не само Библија, туку и повеќе од тоа. Преку неа е создаден снажен црковен јазик кој останал како основа се до денес. Најголемите поети,"како Гете и други, восхитено гледале на него како на мајсторско и книжевно дотерано ремекдело, и како такво го величале.
Сите овие податоци докажуваат дека Библијата може да се прилагоди на секој народ и јазик. Ниедна друга книга не е во состојба да ја достигне Библијата по бројот на преводи. Другите книги губат доста од квалитетот и содржината при преведувањето, но Библијата го има истиот авторитет иистата моќ на било кој јазик да е преведена. Честопати, Библијата постанува основа на некој национален јазик. Во Германија не постоел литературен јазик, се додека Лутер не ја превел Библијата. Пред него постоеле само дијалекти во германскиот јазик, но тој со помошта на неколку свои пријатели ги поставил темелите на современиот германски книжевен јазик.
He само што Библијата била темел на германскиот книжевен јазик, туку таа била и првата печатена книга воопшто.
Во 1933. година од печат излегла и Библијата на бурски јазик (јазик кој се употребува во Јужна Африка). За една година биле продадени 250.000 примероци! Деновите кога Библијата пристигнала во Африка, биле денови на радост. Такво нешто до сега не доживеала ниту една книга, и со право Библијата го носи името „Книга над книгите". Иако многумина се обиделе да ја уништат, таа и понатаму си останува тоа што е: Божји Збор.
Пророштвата запишани во Библијата буквално се исполниле и се уште се исполнуваат. Така на пример пророкот Исаија, кој живеел околу 700 години пред Христос, го опишал раѓањето на Божјиот Син. Пишувал дека ќе биде отфрлен и презрен од сопствениот народ. Дека ќе ги понесе на Себе нашите гревови и дека сите ќе се исцелиме преку Неговите рани. Исаија го споредил Божјиот Син со јагне кое го водат на клање и дека нема да ја отвори устата Своја. Понатаму, пророкот пишувал дека ќе Го стават помеѓу двајца разбојници. И навистина, на ритчето Голгота имаше три крста: на средниот беше распнат Исус Христос, а одлево и оддесно двајца разбојници. Така, ова пророштво потполно се исполнило. Божјиот Збор е свет, и не е мудро нешто да се одземе од него или да му се додаде. Секој кој го прави тоа, Бог ќе го казни. ...назад

