ЗОШТО Е НАПИШАНА БИБЛИЈАТА?
Библијата е огледало на луѓето. За да го илустрираме ова подобро, ќе се обидам да ви раскажам една случка што се случила во Африка.
Некој мисионер кога дошол во Африка, со себе понел многу подароци. Сакал да го израдува поглаварот, па го поканил да си избере нешто. Од сите работи избрал едно огледало. Целиот среќен се скрил зад едно дрво и прв пат се видел себеси во огледалото. Кога си го видел своето лице, се разбеснил и го скршил огледалото.
Зошто постапил така? Се исплашил од себеси, кога за прв пат се видел во огледалото, затоа што бил неуреден и грд. Дали откако го скршил огледалото станал поуреден и поубав? He.
Еве зошто е напишана Библијата. Таа е огледало на душата. Човекот може да се види во огледало и да се дотера, па дури може и да му се налути! Преку Библијата, Бог сака ние да се дотераме и уредиме. Нашиот внатрешен човек ќе остане грд, ако не ги читаме и не ги пазиме зборовите од таа Книга.
Како е со тебе? Дали сакаш да се видиш себеси во тоа огледало и да се корегираш, или пак го игнорираш? Многу Библии се покриени со прав.
Ако и твојата е таква, веднаш извади ја од по
лицата и огледај се во неа.
„Сите ние во своите раце земаме разни книги за да дознаеме што размислувале со своите срца нивните писатели. Меѓутоа, оваа книга, Библијата, ја земаме за да дознаеме што се случува во нашите срца"(П. Мауро).
Луѓето ја критикуваат Библијата, но таа е напишана за да не критикува нас. Еве и доказ за тоа: „ Зашто Зборот Божји е жив и дејствува и е поостар од секаков меч со две острици; и навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и мозокот, и ги проценува мислите и намерите на срцето. И нема создание сокриено за Него туку се е голо и откриено за очите на Оној, пред Кого ние ќе одговараме" (Евр.12-13).
Некој рекол: „Тој Збор не е како што е зборот на човекот, туку како живо суштество, бидејќи сам Бог делува низ него".
Иако овој Збор е спореден со меч со две острици, сепак намерата не му е да уништи, туку да поправи. Меѓутоа, Бог не дозволува да биде надитрен. Секој кој не го прима Неговиот Збор како лек кој лечи рани, истиот тој Збор ќе го суди. Исус Христос вели: „Ако некој ги чуе зборовите Мои и не поверува, Јас нема да го судам, оти не дојдов да му судам на светов, туку светот да го спасам. Којшто се откажува од Менв и не ги прима зборовите Мои, има кој даго суди: Зборот што го кажав, тој ќе го осуди во последниот ден. Зашто Јас сам од себе не зборувам, туку. Таткото, којме прати, Тојми даде заповед што да кажам и што да зборувам " (Јов. 12:47-49).
На неколку места во Библијата се спомнува дека Зборот Божји е жив. Дотука видовме дека тој Збор се споредува со меч и со живо суштество. Еве сега уште една споредба која говори за Неговата моќ: „Зарем не е Мојот збор како оган, вели Господ, и не е ли како чекан што крши карпа? "(Ерем. 23:29).
Божјиот Збор е моќен, а тоа го забележале и многу луѓе кои го извртувале и го употребувале за сопствени цели. Меѓутоа, воопшто не е мудро овој Збор да се злоупотребува, бидејќи оној којшто ќе го изврти, со истиот тој Збор ќе биде казнет.
Големиот реформатор Мартин Лутер напишал: „Библијата е писмо кое Бог го напишал за мене, според кое треба да се управувам и според кое Бог ќе ми суди".
Библијата е напишана и затоа, за да не дојдеме пред Божјиот суд неподготвени. Бог сака да ги спаси сите луѓе од вечната смрт и од пеколот, бидејќи ги љуби. Зарем не сведочи за ова и самата Христова смрт на крстот? Тој те љуби и тебе токму додека ги читаш овие редови и сака да се помириш со Hero преку посредништвото на Исус Христос. „Зашто Бог толку го возљуби светот, што го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, туку да има вечен живот " (Job. 3:16).
Дали ја прифаќаш оваа љубов на небескиот Татко? За оние пак, кои што ќе ја отфрлат таа Божја љубов, нема да има милост за нив на Судот, макар и да живеат како најголеми светци.
БИБЛИЈАТА Е НАПИШАНА ЗА ДА HE СОЧУВА
Библијата е напишана исто така, и од причина за да ги запази луѓето од служење на лажни богови. Секаде, кајшто луѓето ја отфрлаат Библијата како основа за животот, потпаѓаат под силата на темнината.
Пред владењето на царот Јосија (639-609 пред Христос), свештениците во храмот престанале да читаат од Писмата, па затоа народот паднал во голем грев. Тие ги обожувале сонцето, месечината, ѕвездите... Во втората книга за царевите, 22. глава, забележано е дека и самите свештеници го заборавиле Писмото. Еден ден, била пронајдена книгата на Законот, па му ја прочитале на царот. Кога Јосија ги слушнал зборовите на оваа Книга, ја искинал својата облека. Увидел дека неговиот народ се наоѓа во ужасна темнина, па затоа заповедал да се очисти и храмот и народот.
„Тогаш царот му заповеда на првосвештеникот Хвлкији на другите свештеници и на вратарите,да ги изнесат од храмот Господов сите работи направени за Ваал и за Астарта и за сета небеска војска, и ги изгори надвор од Ерусалим, во долината Кидрон и заповеда да ја пренесат пепелта нивна во Ветил. И ги отстрани многубожечките жреци, што ги беа поставиле јудејските цареви да вршат кадења по идолските светилишта во јудејските градови и во околината на Ерусалим, и оние што му кадеа на Ваал, на сонцето, на месечината, на планетите и на сета небеска војска " (2 Цар. 23:4-5).
Секогаш кога луѓето ќе почнат да им се клањаат на разни божества, како феном?н се појавува и неморалот. Така, во многу храмови постоеле таканаречени „храмски проститутки", а сразмерно на тоа цутело и гатањето.
Можеби сега подобро ќе разбереш зошто Бог во Стариот Завет заповедал да се уништат некои народи кои им се клањале на лажни богови. За жал, и Божјиот народ ги презел лошите навики и обичаи од безбожните народи.
Царот Јосија наредил да се истребат сите гатачи и оние кои комуницираат со духовите на умрените. Исто така, ги отстранил и предметите на обожување кои биле подигнати во Ерусалим и во околината. Ниеден цар не бил толку решителен како Јосија. Се што правел, се раководел според упатствата дадени во Мојсеевите книги.
Дали ситуацијата денес се разликува многу од тогаш? Зарем нема и денес многу свештеници кои не се доволно запознаети со Божјиот Закон? О, кога и денес би се појавиле некои како Јосија, кои би го обновиле христијанството и би се бореле за напредокот на Евангелието и за уништување на духовната темнина со помош на Божјата сила! И денес ги има оние кои што се клањаат на сонцето, на месечината и на ѕвездите. Луѓето не можат да живеат без хороскоп, и од недела до недела купуваат весници во кои има хороскопи, за да дознаат што ќе им донесе иднината. Таквите луѓе Бог ќе ги истреби, ако не се покајат и ако не ја напуштат таа практика. Кој ја отфрла Библијата, тој постанува плен на темнината, која го апсорбира.
Дали веќе си ја прифатил Библијата како патоказ во твојот живот? Бог не ги создал ѕвездите за да им се клањаме. Наместо Hero да го прашаме што ќе ни донесе иднината, ние ги прашуваме ѕвездите и гатачите.
Цицерон, кој умрел во 43. година пред Христос, прашал: „Дали е можно додека гледаме во небото и ги набљудуваме небесните тела, да не дојдеме до заклучок дека Бог постои? Зарем не сме принудени да признаеме дека постои некое совршено мудро суштество, совршена личност која владее со се, дека постои Бог кој што е насекаде присутен и кој управува со својата сила? Кој се сомнева во овие работи, тој го порекнува и постоењето на сонцето кое не грее. Времето ќе ги уништи сите лажни теории, а истовремено ќе ја потврди онаа во која е втемелена природата".
Професорот А. Толук пред еден век и половина напишал: „Ако сите проповедници во светот замолкнат, и ако ниеден нема да зборува за Бог, таму горе ќе се проповеда и ќе се говори без прекин за Неговата слава и чест".
Пораката на ѕвездите од отвореното небо нема крај и се повторува од ден на ден се додека не настапи Судниот ден. Навистина, ѕвездите говорат безгласно, но оној кој сака, ќе ја разбере нивната порака. Видливата хармонија на нивните орбити многумина ги уверила во моќта на великиот Бог, кој е неограничен во својата мудрост.
Псалмистот Давид вели во еден Псалм: „ Кога ги набљудувам небесата Твои, делата на Твоите прсти, месечината и ѕвездите што си ги поставил: што е човекот, та внимание да му обрнуваш, и за родот човечки да се грижиш? " (Пс. 8:3-4).
Природно е човекот да го слави својот Творец, но за жал, во повеќето случаи не е така. Веќе рековме дека луѓето повеќе сакаат да ја слават творбата, отколку Творецот. Дури и апостолот Јован еднаш падна ничкум пред еден ангел и му се поклони, иако ангелот е создаден од Бог да им служи на верните. Ангелот му покажа на Јован многу нешта кои што ги очекуваат верните. Пораката била толку прекрасна и возбудлива што Јован падна на колена пред него. „И јас, Јован, го видов и го чув ова; и кога го чув и видов, паднав за да се поклонам пред нозете на ангелот, кој што ми го покажа ова. Но тој ми рече: стој, немој, бидејќи и јас сум слуга како и ти и браќата твои - пророци, и оние што ги држат зборовите на оваа книга. Поклони му се наБог!"(Откр. 22:8-9).
Да не ги потценуваме ангелите, но сепак сета слава не им припаѓа ним, ниту на созданијата, туку на самиот Творец.
Кога бев дете. ме поучуваа да му се молам на ангелот-чувар. Дури многу години подоцна сфатив дека тоа не е в ред. На Бог треба да му се обратиме кога ни е потребна заштита и, ако за тоа Тој искористи ангел, тогаш тоа е Негова работа. He треба да ги молиме ангелите да не чуваат, туку Бог, кој ќе ни испрати ангел-чувар. Тие се службени духови кои Бог ги праќа да им служат на оние кои се спасени и кои му служат Нему.
Ѓаволот, како противник на Бог, со сета своја сила се труди да им ги заслепи очите на луѓето, за да не ја видат светлината на Евангелието. Затоа, читај ја Библијата со молитва, за да не те измами ѓаволот. Бог сака сите луѓе да ја познаат вистината, и оној, којшто ја чита Библијата со желба да биде спасен, нему Бог ќе му го покаже патот на спасението. Така, Библијата е напишана за да не сочува од служење на лажни богови и да не води по вистинскиот пат.
...назад

